ИТ фирми и пракси во Скопје

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.516
Дајте да направиме некој трач муабет. Ќе ја преживеат ли HTEC и Symphony.is годинава? Има вистина во муабетиве дека се во криза?
HTEC општо како компанија, или Македонската канцеларија?

Инаку јас слушнав за други фирми дека ги поднамалиле тимовите, ама изгледа од форумов нема настрадано никој :)

И друга работа што не се дискутира е бројот на огласи, некако средно жалосно ми изгледа ситуацијава, се прашувам колку од овие академиците од бреинстер и слични се вработиле во последнава година?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.925
Поени од реакции
37.011

Глобално. И двете компании завршија на некоја ранг листа флагирани како ризични компании. Само не можам да ја најдам листата. И двете изгубија големи клиенти периодов (зависни од амерички пазар). Тоа е проблемот на software development as a service компании кои се зависни од еден до три големи клиенти. When it rains it pours. Ама кога нема, ондак е пустина.

Се уште се бараат квалитетни програмери и ИТ професионалци и под дрво и под камен, за почетниците загусти работата.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.516
Глобално. И двете компании завршија на некоја ранг листа флагирани како ризични компании. Само не можам да ја најдам листата. И двете изгубија големи клиенти периодов (зависни од амерички пазар). Тоа е проблемот на software development as a service компании кои се зависни од еден до три големи клиенти. When it rains it pours. Ама кога нема, ондак е пустина.

Се уште се бараат квалитетни програмери и ИТ професионалци и под дрво и под камен, за почетниците загусти работата.
HTEC гледам зеле 55милки кредит:
А и потпишале нешо партнерство:

Инаку секогаш се бараа добри и со искуство, овие другите се подзаебаа малку со академиите.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.365
Поени од реакции
26.413

Кој живее од кредит, умира на рати. Иако не знам каква им е ситуацијата во детали, може и да се добри. Ама генерално пазарот отиде од фаза на експанзија, во фаза на стабилизација. Не дека не се бараат нови луѓе, ама мора да донесат вредност веднаш. Не се бараат веќе луѓе за да има бројка.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.365
Поени од реакции
26.413
Платите се израмнија со европските, и многу инвеститори заминаа во Индија.
Не баш. Само се смени дефиницијата за што е бизнис приоритет. Последните 5 години беше да имаш многу вработени. Во последните 6 месеци почна да се збори за квалитет и оптимизирање перформанс.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.427
Поени од реакции
18.595
HTEC гледам зеле 55милки кредит:
А и потпишале нешо партнерство:

Инаку секогаш се бараа добри и со искуство, овие другите се подзаебаа малку со академиите.
Они го земаа кредитот за да идат во експанзија. Неа беа во криза тогаш, нудеа луди пари за нови вработени од други фирми. Како што почна во Америка да летаат од работа, вајда и они изгубија многу клиенти и не им успеа планот. Се збореше дека имаат многу луѓе без проект, сега не знам како е.

Инаку овие до сега не верувам да се заебале, а наредните вајда ќе им биде потешко. Работата е што и при ваква криза, пак е 5 пати полесно да најдеш entry работа тука него во мој струка. А тек други позиции.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.516
Они го земаа кредитот за да идат во експанзија. Неа беа во криза тогаш, нудеа луди пари за нови вработени од други фирми. Како што почна во Америка да летаат од работа, вајда и они изгубија многу клиенти и не им успеа планот. Се збореше дека имаат многу луѓе без проект, сега не знам како е.

Инаку овие до сега не верувам да се заебале, а наредните вајда ќе им биде потешко. Работата е што и при ваква криза, пак е 5 пати полесно да најдеш entry работа тука него во мој струка. А тек други позиции.
На темава пишував уште цела година пред да почнат отпуштањава во САД, уште тогаш УК почнаа со намалување на инвестиции и еден куп проекти беа или откажани, или ревидирани да се работи само тоа што е неопходно, ама тогаш си теравте сеир.

Европа тек сега почнуваат отпуштања како САД, ќе оди побавно, но ќе се најде начин, имав ставено линк дека се борат со регулативите, а голем дел од нашите фирми работат за европски пазар и ќе бидат засегнати.
Не се изненадување ако почнат големите корпорации да ги селат фирмите по Азија, затоа што унии/синдикати и социјалистичка филозофија, и нивните бизнис модели не одат заедно.
Ако сака ќе вработи 50 000 нови, и утре ќе ги избрка како во САД без око да му трепне, а не да се брка со синдикати небаре е добротворна организација.

Ако не се случи чудо, допрва иди веселба во оваа струка, ќе се наоѓа работа само за луѓе кои се добри, а платите (барем новите понуди) тешко да ги видат досегашните цифри.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.925
Поени од реакции
37.011
Не верувам дека нешто посебно ќе биде погоден ИТ секторот, туку повеќе како Бастерд што спомна ќе се бараат луѓе што ќе донесат вредност веднаш. Со други зборови ќе се бараат и вработуваат луѓе што ќе си ја оправдаат платата и ќе придонесат за фирмата. Тука би додал дека најверојатно фирмиве ќе станат по пребирливи за вработување на почетници.

Инаку за фирми што работат од проект на проект секогаш постоел тој ризик. И пред сегашнава ситуација имало фирми што влегле all in со плати и вработувања па што отпуштале или пропаднале (H4) ради изгубени проекти.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.243
Поени од реакции
1.299
Кога веќе станува збор за квалитетен кадар, каква е состојбата со квалитетни луѓе во МК фирмиве?
По тоа што слушам од колегиве, станува се потешко и потешко да се најде сениор дев тука. Еден куп од големите фирми имаат огласи отворени со месеци.
Јас имам впечаток дека голем дел од луѓето со 5+ години искуство се префрлија да работат ремоте (директно за странски фирми) што заедно со оние што се исселуваат значително го намали бројот на квалитетни луѓе во МК фирмите.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин

Ако е саглам фирма, со саглам клиенти, ќе понудат и тука западноевропска плата и ќе немаат проблем да најдат сениори верувај.
 
Не верувам дека нешто многу се сменило, отсекогаш било потешко да се најде добар сениор дев. Плус тие луѓе си бараат и стабилност и други работи. И не скокаат одма на нешто поголемо купче пари. Каква е фирмата, на што ќе се работи, каков е менаџментот, колку се сериозни за идните планови, итн…
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Е да, ако клиентите ти се Редит, Твитер, Фејсбук и Гугл нема да прашаш два пати околу менаџментот и други детали
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.243
Поени од реакции
1.299
Ако е саглам фирма, со саглам клиенти, ќе понудат и тука западноевропска плата и ќе немаат проблем да најдат сениори верувај.
Не верувам дека нешто многу се сменило, отсекогаш било потешко да се најде добар сениор дев. Плус тие луѓе си бараат и стабилност и други работи. И не скокаат одма на нешто поголемо купче пари. Каква е фирмата, на што ќе се работи, каков е менаџментот, колку се сериозни за идните планови, итн…
Се согласувам со се погоре напишано, но муабетот ми е дека луѓе воопшто не им доаѓаат на интервјуа, што не беше случај до пред година-две.
Од друга страна, ако никој не дојде на интервјуто, нема да ја знае ни платата/условите што се нудат. Може ова ќе ги натера МК фирмиве да почнат да објавуваат работи како salary range, можности за бонуси, equity итн.
Не сум повеќе директно инволвиран во индустријата во МК, па повеќе од информациите ми се пренесени, па може и да грешам.
 
Тоа си 100% во право
 
Kajgana Shop

На врв Bottom