- Член од
- 4 јуни 2009
- Мислења
- 11.569
- Поени од реакции
- 29.173
Еве уште еден пример зошто треба да бегате од македонски фирми. Замисли идеш на работа и овој ти е колега… 

Во живо сигурно е срцка и глас не пуштаЕве уште еден пример зошто треба да бегате од македонски фирми. Замисли идеш на работа и овој ти е колега…![]()
Јас.Не знам кој би вработил ваков како него, ако е ист ко на форумов.
И мене ми е тапа тој hustle мајндсет кој посебно после короната стана сеприсутен.Споредбите со тоа кој колку работи, а колку е платен по различни индустрии се бесполезни во темава. Се работи за најпроста понуда и побарувачка на пазарот. Дали некој од нас ќе се посвети на работата 8 часа дневно или 18 часа, не го менува фактот дека има недостаток од кадар и дека додека ова не се промени, основната плата во ИТ ќе биде повисока од другите сектори.
Ама апсолутно фактот што индустријата е динамична нема врска со платите, има и подинамични индустрии кои не се платени ни приближно колку ИТ. Побарувачката си го прави своето. Според некои мислења на темава, треба да осеќам грижа на совест пошо зеам повисока плата и да работам прекувремено за да се искупам. ПоШо жИвеАм вО БабЛ и СуМ снеГулКа. Ниту сум снегулка ниту живеам изолирано. Но исто така многу сум свесна колку вреди времето на еден девелопер и колку од вештините кои ги стекнуваме надвор од работно време "бидејќи професијата е динамична" им заштедуваат на фирмите. Ако мислите дека платата ви е голема, размислете колку со продуктот на кој работите му заштедувате/генерирате приход на клиентот/фирмата. Кога ќе ја удрите математиката, верувајте дека нема воопшто да се чувстувате виновно.
Западните фирми отвараат фирма во МК за да заштедат некој денар, фирмата во МК вработува џуниори и ги претставува како интермедијат или сениор, исто за да заштеди, и сеа тој џуниор треба да си ја чука главата, а три нивоа над него се крадат за пари? Па ако е будала ( ко мене ) да си крати од здравјето заради "успех во кариерата".
На крај на денот секој со своите размислувања и убедувања нели, јас само сакав да потенцирам колку е нездрав овој мајндсет и како ги зголемува очекувањата до нереално ниво на секој вклучен во индустријава. Не викам дека не треба посветеност и некоја жртва, но се да биде умерено.
Краток совет, премногу анализираш и навлегуваш во детали околу тоа што треба да правиш. Ги правиш работите затоа што сакаш да ги правиш, не се присилуваш зошто мислиш дека така треба или мораш, од проста причина што нема да траеш долго на тој начин. Замисли си го учењето ко читање книга, гледање серија или играње игра. Ако ти е добра книгата/серијата ќе ја прочиташ/изгледаш во рекордно време, нешто слично ти е и ова. Со други зборови треба да имаш пасија за учење нови нешта поврзани со технологија и да си љубопитен човек, друго ништо не ти треба веруј ми. Не постои зацртан план или упатство како се станува девелопер со самодоверба, некои луѓе капираат побрзо, некои побавно, најбитно е да си сунѓер и да имаш желба да впиваш постојано.И мене ми е тапа тој hustle мајндсет кој посебно после короната стана сеприсутен.
Социјалните мрежи имаат многу импакт врз овој феномен. Такви GaryVee и останата фела, workaholics и еден тон success stories или from zero to hero муабети.
Јбг, никој не сака да слуша или гледа кратки видеа за бурнаут или импостер синдром... И со тек на време вакви ствари влегуваат во потсвест.
Како што кажа некој погоре, работиш за да научиш ствари повеќе. Simple as that.
Ипак треба да се прави разлика по ова прашање во поглед на сениоритет.
Јас сум јуниор со 1.5+ години во оваа струка. Пред да се пренасочам, јас бев тотално свесен и знаев дека ќе има hustle првите 4 години барем и ќе треба константно да се учи вон работно време за да стигнам некое објективно и субјективно ниво на компетенции кои ќе ме направат да бидам комотен.
Да се останува после работно време за некоја фирма и да се работат таскови за истата за да се покажеш или не знам што, за мене е да, нонсенс, освен ако нема нешто што може навистина да се научи. Ми е гајле да си го тупам мозокот после работа за некој си минорен bug fix. Не стигнав денес? Кој ве ебе, не ви се замарам до 18-30 попладне.
Ама после работно време да седнеш и да совладаш некои концепти/алгоритми, туторијали, технологии или што и да е, кои ќе ти помогнат општо во твојата кариера, не само во тековната фирма, за мене е скроз разбирливо.
Многу е полесно е да кажеш "fuck it" после 4+ години искуство. Имаш знаење, си поминала ствари, си искусила технологии, разни форми на притисок и тн.
Но, првите, ете 4 години реално мора да се биде малце повеќе фокусиран и детерминиран. Сеа, тоа не значи да тепаш 16 саати на еден проект.
Не гледам што е толку tryhard-ерско, стресно или токсично пример 45-60 минути пред спиење навечер да читнеш некоја техничка или полу-техничка книга на пример.
Тоа е некоја природна прогресија во струката и едноставно еден програмер мора да биде прилично посветен првите Х години.
Tебе тоа замарање те довело до ова што си денес, веројатно да имаш добар work-life balance. Да си била уште од старт со "fuck it" мајндсет, тогаш не би била веројатно таму каде што си сега во твојата кариера. Можеби баш денес ќе си била со hustle mindset. Како да ти кажам, за да осознаеш и реализираш некои ствари, ти треба да качиш одреден level. Се друго е претпоставка.
Друга работа, јас како јуниор имам огромна конкуренција за едно место и мора да се издвоиш пред другите во секој облик и форма. Додека сениори се бараат под камен и дрво и истите имаат еден тон избор со релативно малце конкуренција. Ти поради твоето искуство позади себе, нови ствари/технологии/концепти ги совладуваш за многу пократко време од мене. Сакала да признаеш или не, ти денес си во таква позиција поради фактот што си ја поминала таа фаза кога си грајндала.
Тебе ако утре ти кажат чао, ти може од следната недела веќе ќе имаш нова работа, јас со моето искуство ќе гризам нокти некој месец.
Како да ти кажам, некои фази се природни и неминовни да се поминат. Како тинејџерство во реалниот живот. Сите знаеме и знаевме и тогаш дека журкање и пијанчење не се добри за тебе, ама тоа мора да го поминеш за да подоцна го знаеш, како да ти кажам. Мораш да се изгориш неколку пати да знаеш дека колото е жешко. Таков е животот, за жал.
Понатаму, јас како и секој јуниор, финансиски и во поглед на компетенции пример не сум на тоа ниво како што би сакал да бидам. До тогаш, треба да еволуирам во компетентен и одговорен програмер.
Поголемиот проблем што го имам јас во поглед на ова прашање е упикувањето и губењето на свое јас во однос на компанијата. А тоа се случува во секоја фирма. Луѓе се спремни да бидат сонда за колоноскопија во однос на фирмата.
Ако фирмата те користи и експлоатира тебе и те шитка за помали пари или што и да е, можеш и ти да ја молзеш и да го прибереш сето знаење од неа за да утре се продадеш подобро и да можеш да "избоксаш" одличен work-life balance, или пак да креираш своја фирма или не знам што. Меѓутоа, едноставно мора да качиш левел на почетокот. Темпото може на моменти е нездраво, но има милион постресни работи на светов од тоа да посветуваш 10 саати пред компјутер 5 дена во неделата.
Многу јасно ми е тоа што го збориш. Затоа и влегов во играва.Краток совет, премногу анализираш и навлегуваш во детали околу тоа што треба да правиш. Ги правиш работите затоа што сакаш да ги правиш, не се присилуваш зошто мислиш дека така треба или мораш, од проста причина што нема да траеш долго на тој начин. Замисли си го учењето ко читање книга, гледање серија или играње игра. Ако ти е добра книгата/серијата ќе ја прочиташ/изгледаш во рекордно време, нешто слично ти е и ова. Со други зборови треба да имаш пасија за учење нови нешта поврзани со технологија и да си љубопитен човек, друго ништо не ти треба веруј ми. Не постои зацртан план или упатство како се станува девелопер со самодоверба, некои луѓе капираат побрзо, некои побавно, најбитно е да си сунѓер и да имаш желба да впиваш постојано.
Понекогаш предизвикот е најголемата мотивација.Многу јасно ми е тоа што го збориш. Затоа и влегов во играва.
Сепак, лошо си ме сватил.
Не секој ден “сакаш”, после работа, изморен, ненаспан, делумно истресиран.
И да, добриот план и држењето до него се можда најбитни аспекти. Без него, љубопитноста се претвара во бесцелно талкање.
Не секад ќе има ствари кои со цело срце и душа ќе сакаш да ги учиш.
Има многу ствари кои мораш на “мускули” и со pure willpower да ги истераш.
Според мене, желба за учење/љубопитност + план + дисциплина = правиот рецепт. Јас на тоа алудирав, ти изгледа ме сфаќаш дека се камшикувам и извршувам мазохизам.
Ашколсун!Краток совет, премногу анализираш и навлегуваш во детали околу тоа што треба да правиш. Ги правиш работите затоа што сакаш да ги правиш, не се присилуваш зошто мислиш дека така треба или мораш, од проста причина што нема да траеш долго на тој начин. Замисли си го учењето ко читање книга, гледање серија или играње игра. Ако ти е добра книгата/серијата ќе ја прочиташ/изгледаш во рекордно време, нешто слично ти е и ова. Со други зборови треба да имаш пасија за учење нови нешта поврзани со технологија и да си љубопитен човек, друго ништо не ти треба веруј ми. Не постои зацртан план или упатство како се станува девелопер со самодоверба, некои луѓе капираат побрзо, некои побавно, најбитно е да си сунѓер и да имаш желба да впиваш постојано.
Со тек на години ќе пројдеш толку многу работи што тоа што денес го сакаш утре нема да ти се гледа толку интересно, а сакал неќел се ќе пројдеш. Многу често се учи и за време на работа, кога си под притисок, па и кога заглавуваш на тикет, а некој те прашува до кај си, тоа учење е најефикасно, пошто си најфокусиран. Затоа кога ќе дојде заебан тикет кој сите го избегаваат, ти сам назначи си го. Плус, не ти е ова теретана или атлетика па да си праш програми, пошто го ијам праено тоа, не дека нема да имаш резултати, ама ќе ти ја убие желбата со тек на време и неефективно ќе ги потрошиш саатите.Многу јасно ми е тоа што го збориш. Затоа и влегов во играва.
Сепак, лошо си ме сватил.
Не секој ден “сакаш”, после работа, изморен, ненаспан, делумно истресиран.
И да, добриот план и држењето до него се можда најбитни аспекти. Без него, љубопитноста се претвара во бесцелно талкање.
Не секад ќе има ствари кои со цело срце и душа ќе сакаш да ги учиш.
Има многу ствари кои мораш на “мускули” и со pure willpower да ги истераш.
Според мене, желба за учење/љубопитност + план + дисциплина = правиот рецепт. Јас на тоа алудирав, ти изгледа ме сфаќаш дека се камшикувам и извршувам мазохизам.
Епа многу блокери, не се стига да се искуца нешто од проблеми.
Пауза за топли оброк 90 минути, 2 кафе паузи по 30 минути, 4 х 15 минути на цигара, пинг понг 2 саати, одмор после пинг понг уште пола саат, саат - саат и пол за состаноци. Во тоа време што ќе остане може да се искуцаат 2-3 реда код, ако даде Господ. А може и порано да се излезе за дома.Епа многу блокери, не се стига да се искуца нешто од проблеми.![]()