ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
17 август 2011
Мислења
9.747
Поени од реакции
17.453
Ми звучи ко синдром на македонска фирма. Кога тие девелопери би работеле директно за клиентите, не би можеле да го прават тоа што сега го прават. Мислам познато ми е се ова. Во една од фирмите од Македонија за која што работев имаа и таква работна позиција како event manager/planner или така нешто. И девојката имаше за задача да ги "анимира" вработените у смисол секоја недела се собираме у кафана, глеаме театарска претстава, глеаме некој филм на кино, праиме rooftop beer party или идеме неколку дена некаде (без разлика дали земјава или странство). И странците кои отвараат фирми тука, доста вложуваат во такви активности, се додека вработените прифаќаат да работат за плати за какви што работат. И заради тоа и не ме чуди што грото од вработените во такви фирми се на возраст од 22 до 25 - 26.
Ova ne ke da e simptom na makedonska firma, zaso koa bevme ostaeni sami na sebe, vakvi raboti bea naucna fantastika vo firmite. Ova e vlijanie od nadvor so bi se reklo.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.144
Поени од реакции
25.569
Не се сите ти и не се сите менаџери. Која е причината да фирма од УК отвори фирма во Македонија и да им дозволи на девелоперите да се куропецаат?

1. Паднале на лепота
2. Во Македонија живеат неоткриени генијалци
3. Евтино им е

Ја во поголем дел од кариерата работам inhouse и тоа претежно за странци директно. Поголемиот дел од денот го поминувам во работа и состаноци. Не дека неаме chitchat и зезања секој ден, ама сигурно не го поминувам денот претежно у забава со колегите. Веројатно да не бев remote ќе имаше и многу повеќе од тоа. Али саат или помалку од саат дневно поминати продуктивно е забушавање и разликата е повеќе од компанија до компанија отколку да се дава некаква слика дека во it сектор ништо не работат, а земаат натпросечни плати.
Јас сум менаџер на девелопери. Кои се “куропецаат“. И знам дека се. Причини зошто отвораат овде:

1. Во УК нема луѓе.
2. Тука има поеднакво квалитетни луѓе како во УК.
3. Конкуренцијата на пазар е помала, со помалку фирми се натпреваруваат за најдобрите.

Како е возможно да работиш за странци директно? Или имаат отворено фирма тука, или си имал некој авторски договор. Нашиот закон не дозволува странска компанија да вработи некого регуларно тука.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.596
Поени од реакции
18.018

1. Во УК нема толку евтини луѓе ко во Македонија, иначе не би постоеле компании кои нудат позиции за девелопери кои живеат исклучиво во УК.
2. Се слагам
3. Ако го гледаш пазарот само ко Македонија, веројатно да.

Да, имам договор со фирмата и не сум регуларно вработен тука.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.144
Поени од реакции
25.569
Да, имам договор со фирмата и не сум регуларно вработен тука.
Тогаш се надевам дека ги дереш 10+к месечно бруто. Доколку не ги, најди некоја компанија што ќе те регистрира, брои во пул на вработени, става на презентации на девелопмент тим, праќа директно кај клиенти (луѓе што ја користат апликацијата), ти дава буџет и време за тренинзи.

Контрактор е далеку од благодарна работа, ама со цела почит, контракторите не се дел од македонскиот ИТ сектор.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.596
Поени од реакции
18.018
Тогаш се надевам дека ги дереш 10+к месечно бруто. Доколку не ги, најди некоја компанија што ќе те регистрира, брои во пул на вработени, става на презентации на девелопмент тим, праќа директно кај клиенти (луѓе што ја користат апликацијата), ти дава буџет и време за тренинзи.

Контрактор е далеку од благодарна работа, ама со цела почит, контракторите не се дел од македонскиот ИТ сектор.
Гола вода, го имам во фирмава за која работам. Во Македонија не е возможно да ме регистрираат, ама можам да сменам земја на живеење кога сакам.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.144
Поени од реакции
25.569
Гола вода, го имам во фирмава за која работам. Во Македонија не е возможно да ме регистрираат, ама можам да сменам земја на живеење кога сакам.
Сакаш да кажеш дека работиш во фирма што ти дава да речеме 5-10% од спринт за учење, ама немаш слободно време за најобичен неформален муабет со колеги?
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.596
Поени од реакции
18.018
Сакаш да кажеш дека работиш во фирма што ти дава да речеме 5-10% од спринт за учење, ама немаш слободно време за најобичен неформален муабет со колеги?
А кој рече дека неам време за неформален муабет со колеги? Од 8 саата, 4 на состаноци ми одат. Сигурно не дискутираме само за код на тие состаноци. Не праиме спринтови, имаме неделни релиси (ако има што да се релисне нормално). Ијам 1500 евра буџет годишно за едукација да ги потрошам на што сакам јас да учам, плус некои задолжителни едукации од фирмата. Нормално дека имаш време за учење. Само за тоа што си го научил треба ид а креираш некаков POC. Воведовме и innovation days каде секој учи нешто ново секој месец или на неколку месеца и го претвора наученото во POC тикет.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Имаше и една страна прилично нова каде што пробаа сите можни ИТ огласи да бидат на едно место. Ако му текнува на некој како се викаше може да ја постира.
 
Член од
15 јануари 2020
Мислења
471
Поени од реакции
1.488
Имаше и една страна прилично нова каде што пробаа сите можни ИТ огласи да бидат на едно место. Ако му текнува на некој како се викаше може да ја постира.
Jobi.mk
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.044
Поени од реакции
57.263
На linkedin и од бугарска ме имаа контактирано.

Без врска ми е. Секој има некој познаник во друга ИТ фирма ако му треба инфо :D
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Добро бе, не ли има некој нормален во фирмите да се спротивставува на увозот на западната култура?

Во ред е, сакаш да се забавуваш, но мора ли на тој начин? Конкретно мислам на глумење вештерки.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom