Зошто сакате да им помагате на луѓето?

Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Ме прави среќен,оној поглед што кажува "фала"...ради тоа.

најчесто,како постапуваш со другите-така и тие со тебе...во поголемиот дел...мал дел и поради тоа.
 
Член од
30 април 2012
Мислења
30
Поени од реакции
15
На луѓе кои не ги познавам немам некој порив и да им помогнам. Така што, ќе се апстрахирам од тој дел од темата. Освен во изолирани ситуации каде што станува збор за фактичка помош, стар дедо во преполн автобус, рандом личност што прашува колку е часот, некој се спрепнал па да му помогнам да стане и ред други ситници кои што не ги вбројувам во помош во вистинската смисла на зборот, туку само во базична човечност и бон-тон, немам што да коментирам.

За сметка на тоа, оние кои што ги познавам, ако релацијата ми е позитивна, можам да бидам helpful. Да му дадам семинарска или белешки на колега, да најдам материјали за некој, да напишам по некој состав, да поткажам на испит, да позајмам 200 денари и такви слични ствари, кои и не се баш од некоја голема реална помош, ама во моментот вршат работа.
Оние кои што ги сакам, well, тука можам да се дадам сама себе ако потребно, моите емоции, пари и време. Да ризикувам да ме фати полиција или да ме избркаат од дома, да лажам, да манипулирам и се што може да се замисли само затоа што тој некој го сакам. Не гледам граници и не барам ништо да ми се врати.

Така што, она кое што го добивам е нивната среќа. Не е дека сум алтруист, не сум, кога они се среќни, вообичаено сум среќна и јас. Но секој момент на жртвување тогаш вреди, затоа што они го креираат мојот живот. Што би била јас без тие прекрасни, мои луѓе? :гик:
Токму она што си го спомнала во првиот пасус (стар дедо во автобус, колку е часот.....), тоакму тоа јас го сметам за помош. Секако и подолу спомнатото ти емокеј. Но каква помош би можеле да му пружиме на непознат освен онаа спонтана помош која е впрочем бон-тон.
--- надополнето: 30 април 2012 во 14:18 ---
Им помагам на сите... Но искрено никогаш не би им помогнала на личности кои премногу ме повредиле, луѓе кои ми се крвно поврзани, а ме повредиле неискажливо многу! Ама којзнае јас и ним би им помогнала да се најдат во безизлезна ситуација сами.
Им помагам на постарите и изнемоштени комшии носејќи им ги торбите со пазарлак ако се враќам по улицата со нив, помагам што ќе позајмам пенкало (иако најчесто не ми го враќаат :mad:), помагам преку волонтирање (им помагам на лица со посебни потреби (ментален хендикеп)), има помагам на оние дома со кои сум премногу поврзана за да не помогнам! СО намера помагам на луѓе на кои знам дека им треба помош, а без намера, спонтано помагам чисто од навика, во секој случај позитивна ми е таа навика. ;)
А што се однесува на случаите кога сакам да помогнам, а немам средства, немам начин, не можам никако да помогнам.. Е тоа е грозно чувство... Ќе се воздржам да го коментирам.. Само ќе се помолам за тие луѓе да ја добијат потребната помош, со надеж дека така ќе придонесам барем малку! :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Затоа што не ми е тешко, кога не губам многу, да дадам некому.
Без оглед дали е време, пари, совет.
Секако, постои селекција меѓу кандидатите за помош.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Мислам дека денеска помагањето како термин не постои бидејќи капиталистички е терминот услуга.

И сигурен сум дека секој што помага има ќар не е тоа без ич.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Мислам дека денеска помагањето како термин не постои бидејќи капиталистички е терминот услуга.

И сигурен сум дека секој што помага има ќар не е тоа без ич.
Секогаш и секако има ќар.
Макар личната сатисфакција ради ,,среќните лица на тие што им помагам,,.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Секогаш и секако има ќар.
Макар личната сатисфакција ради ,,среќните лица на тие што им помагам,,.
Ќар!?
Ако е помош не постои ќар тука....предефинирај си го зборот помош, затоа што очигледно е дека у твојов случај нешто не штима.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.982
Поени од реакции
12.614
Ќар!?
Ако е помош не постои ќар тука....предефинирај си го зборот помош, затоа што очигледно е дека у твојов случај нешто не штима.
СЕКОГАШ помагаме за себични причини, поради корист некаква било материјална или духовно/емоционална.
 
M

Mamba.

Гостин
Ако не им помогнеме не сме луѓе...човечки е да се помогне.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Ќар!?
Ако е помош не постои ќар тука....предефинирај си го зборот помош, затоа што очигледно е дека у твојов случај нешто не штима.
Дали кога ќе помогнеш некому си среќен што тој некој се чувствува подобро?
Да, тоа е ќар. Си ќарил задоволство, среќа, што си помогнал некому.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Има разлика помеѓу бон-тон и помагање .............. на пр. бон-тон е да станеш во автобус на постар, или да му дадеш цигара на некој/а, или да позајмиш запалка, ако некој падне на улица/се сопне да помогнеш/подигнеш да стане, ако некој старец неможе да пројде преку мразот да го поддржиш, ако некоја баба неможе да се качи на автобус да ја поддржиш за рака, колку за стабилност или пак на скали, ако на некој не му пали колата, а јас во тој момент проаѓам покрај него малку да ја поттурнам, или пак одиш во град си купил нешто за јадење, ама не ти се јаде баш, подобро не го фрлај јадењето во канта туку дај му го на некој од питачите ........ ќе биде благодарен со тоа и ред ред други работи со кои се покажува основна култура т.е. бон-тон, тоа не е помагање !
Помагање се некои други малку поголеми работи на пр. некој да ми бара пари(тоа најмногу мрзам) или пак некој да ме замоли да го префрлам со колата до негде или пак да му завршам некаква друга работа, да му позајмам алат(ама враќање тешко), или пак да речеме ви доаѓа некој роднина(непознат) од некој друг град или пак иселеник во странство и ви тропа на врата и нормално се надева дека кај вас гага ќе престојува(и тоа го мрзам ептен) и.т.н. ................. зависи постојат поситни услуги, но и покрупни услуги ................. за ситни услуги ОК но да позајмувам пари на некого или пак некој непознат роднина да примам дома да ми јаде, пие и спие и тоа гага или пак на некој да му давам кола, колку да си заврши некаква работа или на некој гостин на пр. макар и најдобар пријател или најблизок роднина да му дозволувам да ми чепка и ровари по мои приватни ствари во моја куќа... или да ми седне и укључи мој компјутер и сл. е таквите работи ме вадат од такт !
Значи се си има свои граници, сепак бон-тон и помагање се сосема различни работи според мене !
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Дали кога ќе помогнеш некому си среќен што тој некој се чувствува подобро?
Да, тоа е ќар. Си ќарил задоволство, среќа, што си помогнал некому.
Не е така едноставно. Не е тоа среќа туку bliss(блаженство), а тоа нема врска со среќа или несреќа. Треба да се осети па да се зборува....
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Јас нејќам да им помагам на луѓето туку сакам сите сами да си помогнеме на себе си и да нема потреба од помош, а со тоа и ке се намали и понижувањето и потребата да се биде супериорен, ако е стварно потребан некаква помош тогаш да и да биде без никакви понижувања туку од чиста потреба ништо повеќе, а кога ке прочитам дека кога ке се помогнело некого убаво се чувствуваш и такви слични ниски чувства е стварно е жално, колку би било убаво кога не би имало потреба од помош, секој би бил индивидуалец, свој човек плус се би било меѓузависно, взаемноповрзано( и не мислам на помош онаа да станеш на трудан жена во автобус или слично)
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
СЕКОГАШ помагаме за себични причини, поради корист некаква било материјална или духовно/емоционална.
Не би рекол, ама секој со своето....како и да е, самата расправа околу ова ја намалува магијата која ја носи чинот на помагање.
Помагање е некако неадекватен збор, ама ај нека оди.

Ова некако поврзано со темава.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Не сум помогнал толку колку што сакам да помогнам,немам доволно сретства за да отидам во едно село заборавено и од господ и од сите можни власти на нашава ни мала земја па да им однесам намирници на луѓето за да можат бар колку толку да се израдуваат.. Сакам да им помогнам на тој начин бидејќи таквите стари(бабички,дедовци) се секојдневно лажени и одбивани од секого па би сакал јас да бидам малце по друг од останатите и да им се најдам со таква ситна помош.. Се надевам дека еднаш бар во животот ќе направам такво нешто.. луѓе сме, ако има за мене зашто да нема и за тој до мене.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
See the world as your self.
Have faith in the way things are.
Love the world as your self,
then you can care for all things.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom