На луѓе кои не ги познавам немам некој порив и да им помогнам. Така што, ќе се апстрахирам од тој дел од темата. Освен во изолирани ситуации каде што станува збор за фактичка помош, стар дедо во преполн автобус, рандом личност што прашува колку е часот, некој се спрепнал па да му помогнам да стане и ред други ситници кои што не ги вбројувам во помош во вистинската смисла на зборот, туку само во базична човечност и бон-тон, немам што да коментирам.
За сметка на тоа, оние кои што ги познавам, ако релацијата ми е позитивна, можам да бидам helpful. Да му дадам семинарска или белешки на колега, да најдам материјали за некој, да напишам по некој состав, да поткажам на испит, да позајмам 200 денари и такви слични ствари, кои и не се баш од некоја голема реална помош, ама во моментот вршат работа.
Оние кои што ги сакам, well, тука можам да се дадам сама себе ако потребно, моите емоции, пари и време. Да ризикувам да ме фати полиција или да ме избркаат од дома, да лажам, да манипулирам и се што може да се замисли само затоа што тој некој го сакам. Не гледам граници и не барам ништо да ми се врати.
Така што, она кое што го добивам е нивната среќа. Не е дека сум алтруист, не сум, кога они се среќни, вообичаено сум среќна и јас. Но секој момент на жртвување тогаш вреди, затоа што они го креираат мојот живот. Што би била јас без тие прекрасни, мои луѓе?