Безрезервно и безусловно помагам колку и на кого што можам. Не дека општо од луѓето и јас го добивам истото, па чувствувам потреба да возвратам, туку затоа што едноставно таква сум. Сум поминала во животов секакви ситуации и знам што значи да си најсреќен, но и најтажен и со потреба за помош. Не ми треба друго за да одговорам позитивно на сечие барање. Сум помагала и на блиски, но и на подалечни луѓе кои не ми значат ништо, па дури и биле лоши со мене. На непознати... па освен парично, не сум имала други прилики.
Помагањето како чин, како и да го завртиш испаѓа себичен чин, не можам да негирам. Со самото тоа што си правиме да се чувствуваме подобро дека сме помогнале, испаѓа дека го истото го правиме за нас. Но добро, и да е така, би сакала сите луѓе на светов да се себични на ваков начин. Ем за нив убаво, ем за сите околу нив.
А во врска со тоа дали делото што мислиме дека помага, може и да одмогне... па, мое е јас да дадам се` од себе, што сметам дека е правилно. Другите ако протолкуваат погрешно, со тек на време ќе сфатат дека згрешиле.
Барем до сега така било, затоа што никогаш не сум помагала непромислено и со задни намери или за да испадне нештото лошо на крај.