Лично за себе да си кажам во врска со другото прашање. Ми се случило да свртам глава на психолошки малтретирања, но само поради страв и нелагодност од туѓата реакција. Дали секој би прифатил помош во такви ситуации и дали нема мене да ми се истурат затоа што се мешам неповикана. Пример, често слушам тешки расправии и малтретирања кај моите соседи. Секогаш се мислам како е правилно да постапам. Ако не реагирам се осеќам лошо, но и да реагирам не можам. Не ги знам луѓето, па од кај да знам дали им треба помош? Дали на жената, дали на децата? А и ако се потрудам некако... дали нема да ми ја затворат вратата пред фаца или ако им викнам полиција да ми дојдат на врата и да ме обвинат мене за било што? Не се сите непознати ситуации погодни за помагање, посебно затоа што не сме запознаени со нив, за да знаеме кого и зошто треба да одбраниме или да му помогнеме. Затоа практикувам да се најдам за добро и за лошо, само доколку бидам повикана. Не верувам дека е лошо и тоа според горенаведеново, нели. Сепак, фала му на Господ што не сум начекала успат полоши ситуации... не верувам дека би седела на страна, со што и самата би си ја загрозила мојата безбедност.
А помагаме затоа што сакаме и кога можеме. Никој од што мора не може да помогне. Т.е. може, но не би помогнал како што треба. Моментот веројатно се учи, но веројатно дел од него е и вроден... гени ова она...
.