1.Зошто постоиш?
Затоа што татко ти се попалил како млад мајмун, ја грабнал мајка ти, ја затресол неколку пати, и не сакал да го извади пред време, пошто убаво му било.
2. Која е нашата цел на живеење?
- Изненадувањеееее.... нема цел. Целта е, да се родиш, да живееш како што ке живееш, да оставиш потомци, и да умреш. Поедноставно здравје.
Целта на живеење е измислена за оние кои веруваат дека има невидлив дедо на небото кои гледа се, и казнува, да бидат лесно контролирани и прогрмирани за да живеат како послушни работници,бидејки целта е да се биде послушен за да се иде во рај. Ете сите вие кои верувате,ете ви одговорот на прашањето. Вашата цел на жиевење е да бидете послушни работници (верници), за да идете во рајот, сите останати, ке си прават она што тие сметаат дека е правилно, ке си бидат слободни, креативни,среќни, ке направат промени, со мислата надвор од кутијата,и ке го направат светот подобро место за живеење, пошто ке ги користат очите за она што им е намената, да гледаат, за разлика од верниците, кои при очи, се слепи.
--- надополнето: 20 септември 2012 во 19:09 ---
Се согласувам дека не постои предодредена причина или цел поради која сме се родиле, но дали не постои судбина?
Ако не тогаш како го би го објасниле тоа што еден човек се раѓа во богата фамилија, живее во најдобри услови има се што ќе посака, а друг се раѓа во најголема беда и мизерија (пр. гладните во африка) кој цел живот мизерува за јадење, а не ли па да ужива во благодетите на животот. Значи сепак кога се раѓаме не сме сите исти туку сите сме тотално различни и животниот пат далумно ни зависи од околината во која се живееме. Пример некој се раќа со талент, дарба за цртање, музика или било што, но што ако околината и условите во кои живее тој човек се такви да тој никогаш не видел четка за цртање или гитара или било што.
Тоа не е судбина, така ни е формрано општеството, кој ке стекне материјално богатство, нормално и неговите потомци ке израснат во благодетите на тоа богатство, кој нема да стекне и покрај тоа што има талент, нема да може да го искаже својот талент бидејки талентот се искажува со помош на материјални предмети т.е алатки. На пример сликарот ако нема бои четки платно и тн. не може да го истакне својот талент или пак да го усоврши, затоа што талентот е 10% од целото завршено дело, 90% е трудот. Некои се снашле низ животот но многу кои имале талент, нивниот тален останал на едно ниско ниво и не се усовршил. Ама тоа не може да биде некаква судбина која ние сметаме дека претходно ни го напишала нашиот живот некаде, па сега као све се одвива според пишаното. Ние си ги донесуваме нашиот одлуки во животот, не некој друг или нешто друго. Ние си го креираме патот по кој ке идеме. Некој ке го почне патувањето по пат кој му е послан со рози, некој по пат послан со трња, но секој поединец си оди по својот уникатен и единствен пат. Нема дупликат од тие животни патишта, секој си е посебна приказна за себе, некој ке биде среќен некој не, некој ке има пари некој не, некој ке има здравје некој не, и така до бесконечност, ама никогаш не може да се најде некое мерило според кое ке се донесат некакви стандарди за добар живот или лош. Пример според парите не може да се оцени кој има добар а кој лош живот. Може и оној кој има помалку пари да биде посреќен од оној кој има многу. Може оној кој има повеќе пари да биде поздрав од оној кој има помалку, и обратно. Се е релативно кога станува збор за животот, а судбина според мене не постои, постои само сегашноста, ние кои живееме во неа, и нашите одлуки за кои сме заслужни само ние самите, никој друг. Не постои бог, препуштени сме сами на себе, и ако не се освестиме ниеден бог нема да не спасува кога ке си ги фрлиме атомските бомби и ке го уништиме животот на планетава, како што полека но континуирано и сигурно го уништуваме до денес, а многу веројатно и дека во блиска иднина нема да престанеме. Така да според мене, би сакал планетата Земја да се излечи од вирусот наречен човек.