Зошто постоиме? Која е нашата цел на живеење?

~NoMercy~

of4arot od del4evo
Член од
14 февруари 2009
Мислења
136
Поени од реакции
29
Nie neame cel, imaat odredeni luge, koi zimaat pari od kofcezi, veneci itn..:toe:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Nie neame cel, imaat odredeni luge, koi zimaat pari od kofcezi, veneci itn..:toe:
Повели дообразложи се.

И да (ова се однесува на сите):
Немојте да се чудите каде ви отишол постот, ако истиот е една реченица од типот: Нема смисол/Никој не знае/Не ми е гајле и останати варијации на тема.
Поинаку, такви постови кои се подфорум Играчница style, ќе бидат бришени.
 
?

..........

Гостин
Целта е многу едноставна - комплетирање на кругот. За живот на оваа планета се потребни неколку основни работи, една од нив е храната. Откога ќе бидеш зачнат, како ембрион, потребна ти е храна. Кога ќе се родиш, потребна ти е истата. Во текот на целиот живот, ти треба храна за да преживееш. Но, за ти да се храниш, некој мора да умре. Дали е тоа растение или животно, не е важно. Факт е дека твојата храна е создадена од мртво ткиво. Затоа, кога ти умираш, твоето тело станува храна за други организми. Така се комплетира еден круг - што земаш, тоа даваш.

Е сега тоа опфаќа една ситуација каде што смисолот на живот е многу неважен, па затоа, бидејќи ние сме единствените свесни суштества, имаме потешкотии да го прифатиме тоа. Едноставно, нашето его не допушта да прифатиме дека сме само храна за црви. И така се родил господ и религијата, рајот и пеколот.. За животот да има повеќе смисол, и да не се испотепаме меѓу себе во афект на депресија, знаејќи дека живееш, учиш и се мачиш за кога да умреш, се да пропадне.
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Причина зошто сте овде? Зошто важите ви дале живот. Е зошто тие се живи? Зошто по природен пат настанал живот, кој има тенденција да се пропагира, па оттука дојде и до ситуацијата каде вашите ве створија.
Цел на живеење....
Е тоа е веќе нешто. As far as nature is concerned, прави што сакаш. Имаш во себе вградени нагони, па после ти сакаш противи им се, сакаш покори им се, твој избор. Вистинските прашања не се поврзани со природата, нејзе не и гајле за тебе. Прашањата како: што да правите додека сте живи? Како да живеете? Како да проживеете „добро“ (она прашање што го разглабале античките филозофи: Што е тоа добар живот?). Тоа се прашањата чии одговори на животот му даваат „смисла“. Инаку реално човечкиот живот нема смисла. Животот, воопшто на планетава, па оттука и нашиот поединечно има онолку смисла колку што има смисла едно виножито. Да, необично е, тотално несфатливо за луѓе кои не ја разбираат природата, но е сосема природно. И сеа? Која е смислата на виножитото?
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
"The meaningless absurdity of life is the only incontestable knowledge accessible to man".-Lav Tolstoj
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Целта е многу едноставна - комплетирање на кругот. За живот на оваа планета се потребни неколку основни работи, една од нив е храната. Откога ќе бидеш зачнат, како ембрион, потребна ти е храна. Кога ќе се родиш, потребна ти е истата. Во текот на целиот живот, ти треба храна за да преживееш. Но, за ти да се храниш, некој мора да умре. Дали е тоа растение или животно, не е важно. Факт е дека твојата храна е создадена од мртво ткиво. Затоа, кога ти умираш, твоето тело станува храна за други организми. Така се комплетира еден круг - што земаш, тоа даваш.

Е сега тоа опфаќа една ситуација каде што смисолот на живот е многу неважен, па затоа, бидејќи ние сме единствените свесни суштества, имаме потешкотии да го прифатиме тоа. Едноставно, нашето его не допушта да прифатиме дека сме само храна за црви. И така се родил господ и религијата, рајот и пеколот.. За животот да има повеќе смисол, и да не се испотепаме меѓу себе во афект на депресија, знаејќи дека живееш, учиш и се мачиш за кога да умреш, се да пропадне.
Мислам дека ти го опиша начинот на кој преживуваме, но не и смислата на нашето живеење.
 
?

..........

Гостин
Мислам дека ти го опиша начинот на кој преживуваме, но не и смислата на нашето живеење.
Смислата, произлегува од самите нас. За некој смислата е да шмрка, кока....за некој да стане фудбалер, за трет да створи семејсво...итн..
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Смислата, произлегува од самите нас. За некој смислата е да шмрка, кока....за некој да стане фудбалер, за трет да створи семејсво...итн..
Yup, секој си има свои гледишта и цели.
 

Milovoe

деЧак со оЗЛОгласен СмешаК
Член од
13 декември 2009
Мислења
90
Поени од реакции
24
Многу релативно прашање па мора да има повеќе варијанти ... за почеток , животот стварно ќе ти нема смисла ако го поминеш прашувајќи се која е смислата на животот. Можеби и умираш во моментот кога ја воочуваш смислата на животот..

Универзално , според некоја моја теорија , човекот живее за да одржува некаква енергија - неможам да дефинирам - која по неговата смрт се апсорбира или се пренесува на друг (нов) човек ... верувам дека Наталитетот и Морталитетот имаат некој баланс на земјава така да има некоја логика во ова... можеби и земјата ја предава оваа енергија и затоа е единствената во системов на која има живот. (според моментални информации)

Персонално , зборувам за човек како човек , сами си ја правиме смислата на животот , излегува дека луѓето кои успеале во нешто на светски рамки и се ден денес познати и ќе бидат , или оставиле некаков белег , само тие оствариле единствено смисла во животот. Останатите , само ја бараат смислата бесполезно , го следат системот и на крај смрт.
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
69
Поени од реакции
8
А може ли некој да објасни што значи зборот "смисла" како дефиниција или да даде свое мислење зошто човекот формирал ваков апстрактен поим.
 

Milovoe

деЧак со оЗЛОгласен СмешаК
Член од
13 декември 2009
Мислења
90
Поени од реакции
24
А може ли некој да објасни што значи зборот "смисла" како дефиниција или да даде свое мислење зошто човекот формирал ваков апстрактен поим.
Ова мислам по филозофија се учи ... Смисла ти е ... Идеја , Цел.
Многу веројатно филозофите (или едноставно човекот) го вовеле терминот за полесно да го објаснат , и да му дадат важност , на правецот по кој одиме во животот ... да му дадат значење.

Тоа ти е во поглед на филозофијата или животот ... друго значење е , пример ако копаш за бесплатно (тапа пример), ќе си речеш : ова Нема смисла - нема цел. :smir:
 

Neporazen

Time Lord
Член од
25 јануари 2009
Мислења
545
Поени од реакции
22
Хеххехехе Која е целта а????? Па вака..да го споредиме животот со една трка со било што,, еве автомобили,велосипеди,,,или било што... За да ја видиш целта треба да ја поминеж целата патека....ДОдека си на патеката не мисли= каква ќе биде целта и која е целта.. Мислиш на неа но мислиш што подобро да ја поминеш патеката.....па кога ќе ја поминеш...ќе стасаш до целта.. и ќе видиш дека ништо не е залудно.:smir:
 

Amacord

high and might богаташ
Член од
24 август 2009
Мислења
474
Поени од реакции
15
Затоа што овој "аргумент" често го среќавам, еве тебе ќе те прашам...

Ако смртта е целта, зошто воопшто се раѓаме?
Или зошто штом првпат станеме свесни дека егзистираме на овој свет, не се убиеме?

Конечно, зошто ти, која еве си добила сознание за целта на твоето постоење, не ја исполниш истата веднаш, т.е зошто уште живееш?
Јапонците велат дека -The way of life and the mastering of life is how you surpass the bad things and how you manage to survive - според мене ова се кажува , немаме ние некоја одредена цел , самите ние си го правиме патот и таа цел а смрта е end of the line.
 

CountCristo

Mystic
Член од
14 декември 2009
Мислења
11
Поени од реакции
2
Моето мислење околу смислата на нашето постоење е едноставно јасно и исто за сите а ги претставува разликите наши.(донекаде се повторуваат во однос на професиите и кој со што се бави) Зошто? Е па вака: Не е целта на нашето постоење една иста туку различна за секој а тоа е така затоа што целта на нашето постоење е да си поставуваме наши цели додека живееме и да ги постигнуваме истите и секоја повисока од претходната, така што секој кој ќе успее во тоа ќе остави впечаток за себе во генерациите кога живеел со што ќе заработи вечен живот, а вечен живот се смета спомнувањето на личноста и се она што постигнал додека бил жив како и колку силен впечаток оставил па да биде почитуван од секоја наредна генерација. Секако нашите цели треба да се морални, етички и се што е позитивно, само несмеат да значат повредување на други личности чувства и воопшто индивидуи како и самата природа. Е тоа е целта на нашето постоење, затоа и учиме затоа и се мачиме и се трудиме а тие што не се трудат тие се бесцелни суштества кои чекаат да им стави некој нешто во устата, умираат тие и со нив умираат и сеќавањата за нив. Инаку во врска со умирањето, ЖИВОТОТ Е ЗАОБИКОЛЕН ПАТ ДО СМРТТА. Не ја сваќајте смртта толку трагично, тоа е ослободување на духот односно на нас кои ги користиме овие тела привремено а нашиот свет е светот на духовите, од таму и сме пристигнале. :wink:
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
зашто мора да има некоја цел на нашто постоење? едноставно тоа е природа. се раѓаме, живееме, умираме. го напишав тоа на темата: Кои сме ние? целта на твојот живот ја определуваш ти. имаш шанса да живееш и да правиш што сакаш, на мојот живот ја одредувам јас, на некој друг, тој си одлучува за себе. а некоја посебна цел, да сме предодредени за нешто, не верувам дека има. ако е целта на оваа тема да дадеме мислење за тоа зашто се родиле луѓето и која е целта на нивното постоење, дали не би било исто и да дадеме одговор и за растенијата? исти права имаме. и со другите животни, исто така.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom