Зошто постоиме? Која е нашата цел на живеење?

S

StereoLove

Гостин
И јас не знам зошто постојам.Веројатно Господ има некој план за мене:)
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Гледано од нашата вистинска духовна природа, овде сме ко на гости, да си ја одиграме улогата, да си ја запознаеме животинската природа. На крајот ќе видиме кој поминал најдобро, (а) кој најмногу се уфилмувал. :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Нашата е цел е да дојдеме до крајот.Кој побрзо,кој побавно,кој поисполнето,кој монотоно,кој со свои очи,кој со туѓи проблеми...Зависи што го исполнува човекот.
А зошто постиме,веројатно за да научиме дека се има почеток и крај,бидејќи низ целиот живот овие два поима ги забораваме или игнорираме.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Целта на нашето живеење е да створиме нешто а не да уништиме ама изгледа на денешно време поспособни сме да уништиме или да се самоуништиме...
 

Keи

метаморфоза по потреба
Член од
8 декември 2009
Мислења
29
Поени од реакции
3
Најдете си го вашето место на планетава.
Ако треба, и измислете причина зошто постоите.
Верувам дека сме овде за да направиме нешто посебно, пред се, за самите нас а потоа за нашето опкружување со кое секојдневно сме во интеракција.
На крај краишта, смислата на животот постои самата по себе и не мора да знаеме да ја дефинираме како би биле свесни дека истата ја има.
 
?

..........

Гостин
Зошто постоеме?...... кој к факттор е нашето мизерно постоење ние речиси и не постоеме....универзумот е стар милијарди милијарди години и ке постои уште милијарди милијарди години , а јас еве оптимистички гледано..абе и 120 години да живеам.......:tapp: џабе е .....сме постоеле, па и фактор сме биле.....утре ке тресне метеор или ке не шмркне некоја непозната творевина и ауфидерзен а сме биле а преку....:toe:

битно е да се кулира, јас по природа сум личност која не се замара многу за иднината, го живеам моментот иако краток животот треба да биде возбудлив така е најубав......
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Ако нас не создал Господ Бог...
Ако него го создала некоја света сила
Ако Бог ја создал земјата
Кој ја создал таа света сила
Како настанал Универзиумот
Има ли универзиумот крај
Ако има крај што има зад него
Зошто баш сме се родиле сите ние..


Фактички не се исплака да одиш на школо незнаејќи кога ке престанеш да живееш па да си го упропастуваш времето за уживање...али јебига реформи на грујо
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.416
Поени од реакции
5.089
Одговорот е едноставен: постоиме за да го продолжиме видот, човештвото.
 
M

MIL

Гостин
Кратко и јасно би искоментирал: Постоиме зашто господ не створил со некаква цел ! Секој човек е созаден за да створи нешто корисно и секој го бидува за нешто
 

Smile=)

културно-вулгарна
Член од
13 октомври 2008
Мислења
510
Поени од реакции
27
За да умраме..:toe: .. се се сведува на тоа..на смртта..
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Па ние не си го знаеме точно потеклото...може сме како експериментални глувци...можеби планетите се како електрони во атомите... а универзиумот е молекул од нешто големо како шо е .... јбг... уживај ае
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Постоиме за да може некој да ги користи нашите органи за нелегален шверц.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
474
Поени од реакции
152
Shto sme nie lugeto zoshto bash nie shto sme nie koj ne sozdal nas stvarno li sme nastanale od majmuni postoi li gospod???
Ovie prashanja se nametnuvaat so zborot COVEK,LUGE...
Imam 13 godini od Makedonia sum...se pochesto mi se vrti prashanjava niz glava razmisluvam na svoj nachin eve neshto shto mislam za nash lugeto za toa shto nie pravime na ovaa planeta :) paa...da pochnam...
Jas mislam deka lugeto na ovaa planeta se nekoj vid na experiment od nekoj sosema treti ... znachi imalo povege vidovi na luge da pochneme od ovie nandratalec...(po biologija gi uchev pred nekoj den ali ne gi zapomtiv :D) znachi tie bile prvite experimenti se sozdavale podobri i podobri verzii na luge..nia sme neshto od najposlednite verzii neli site misleme deka do 3000 godina ke ima sovrsheni luge shto ke mozat da komuniciraat so mislite, ke bidat bezsmrtni...epa toa znachi deka nie ke izumreme deka homosapiensot(sovrsheniot choverk) ke izumre kako shto izumrele i postarite vidovi (nandratalecot...ne gi znam gi zaboraviv :) e sega koi se tie shto gi vrshat ovie experimenti shto go nadograduvaat chovekot ??? Dali e toa navistina Gospod? Dali postoi Gospod? Ne znam nemam nekoe gledishe za Gospod ...

Shto sme nie...zashto pa bash nie...shto barame nie na ovaa planeta...shto e celta...?


Znam deka poveketo bi se smeele na ova ali ipak ova e otvoren forum i sekoj si ima svoe mislenje :) ... pa kazete go i via vasheto mislenje za CHOVEKOT ! :)
1.Ние сме луѓе
2.Зошто ние сме дошле овде? Епа имам пишано во слична ваква тема за мојата теорија за настанокот на човекот, всушност дојдени сме на оваа планета за време на некое истражување на тие "третите"(исто како ние што истражуваме на Марс....
3.Цел нема, како што споменав според мене овде сме дојдени по случаен пат.
:helou:
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Ако некој ви го каже точниот одговор. Што ќе правите со него?
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
За да умраме..:toe: .. се се сведува на тоа..на смртта..
Затоа што овој "аргумент" често го среќавам, еве тебе ќе те прашам...

Ако смртта е целта, зошто воопшто се раѓаме?
Или зошто штом првпат станеме свесни дека егзистираме на овој свет, не се убиеме?

Конечно, зошто ти, која еве си добила сознание за целта на твоето постоење, не ја исполниш истата веднаш, т.е зошто уште живееш?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom