Се согласувам дека не постои предодредена причина или цел поради која сме се родиле, но дали не постои судбина?
Ако не тогаш како го би го објасниле тоа што еден човек се раѓа во богата фамилија, живее во најдобри услови има се што ќе посака, а друг се раѓа во најголема беда и мизерија (пр. гладните во африка) кој цел живот мизерува за јадење, а не ли па да ужива во благодетите на животот. Значи сепак кога се раѓаме не сме сите исти туку сите сме тотално различни и животниот пат далумно ни зависи од околината во која се живееме. Пример некој се раќа со талент, дарба за цртање, музика или било што, но што ако околината и условите во кои живее тој човек се такви да тој никогаш не видел четка за цртање или гитара или било што.
Ако некој се роди во сиромашна земја многу нормално дека ќе води сиромашен живот тоа не е судбина.
Не е запишано дека така треба да биде.
Не е предодредено од некоја виша сила.
Едноставно се случило затоа што неговите родители во тоа време живееле таму.
Но не значи дека ако детето е родено во сиромашна земја потоа не може да води успешен живот.
Во талент не верувам.
Предиспозицијата која сите ја нарекуваат талент не се враѓа туку се вметнува на детето од мали нозе.
Обично музичари од мали нозе стануваат деца на музичари,доктори стануваат деца на доктори и така натаму.
Тоа е затоа што тоа е она што го гледаат како мали и им е интересно(на децата се им е интересно) и се интересираат и родителите ги форсираат во таа област мислејки дека Бог ги облагодетил.
Пример:
За да некој биде добар музичар треба да знае да свири инструмент,да има истрениран слух(perfect pitch) и да биде креативен(за да може да компонира).
Свирење инструмент е механичка работа,секој може да научи.
Слухот се тренира потешко но не е невозможно постојат софтверски
програми за тренирање(perfect pitch e една од нив).
Е сега креативност некои велат дека е вродена но мое мислење е дека не е така.
Верувам дека се стекнува,според мене,најмногу со играње компјутерски игри,слушање музика,читање книги и понатаму.
Зборот ми е секое дете може да научи што било ако е од мало изфорсирано да го прави тоа.
Не верувам ни во талент ни во судбина.