Зошто постоењето на Господ не е очигледно?

Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461
Една цела религија, филозофија, наука, историја......со едно име Атон-изам, ако мислеше на трите моно религии.
http://en.wikipedia.org/wiki/Atenism
Јас топло би ти го препорачал Michael Tsarion и едно негово интервју посебно https://www.youtube.com/watch?v=x0n5A790LDg

Инаку во однос на мојата дефиниција......ќе направиме аналогија што можеби никад не ти паднала на памет а таа е со сон.
Замисли светов(универзумов) е сонoт на Бог....он спие моментално.
Tи како лик во сонот си креација или креаторот?
Ајде да не замислувам? Баш тука ми е прашањето, како вашиот систем на духовност го објаснува фактот дека сите елементи од овие религии и духовни правци се замислени, измислени, напишани, создадени од луѓето? Зошто нечии фантазии и фантастики би ги земале како одговор за она што е beyond, над нашиот свет? А тие немаат никаква тежина, или не се никако позначајни од нечии други фантастики, не нудат ни доказ ни одговор.
Верните во Црквата веруваат токму заради убедливоста и проверливоста од црковното учење, кое ни е Бога дадено а не од смртници напишано, Разликата помеѓу тие две учења и нивното потекло е „ствар„ на личен увид и расудување а не „ствар„ на нечие туѓо убедување и наметнување.
БАШ религииве и нивната „прифатеност“ се чист резултат на наметнување. Секој обид за критика, кај барем малку разумни и слободоумни резултира со разнишување.
Зошто црковното учење е слабо и недоволно, зошто „проверливоста“ мора да започне со слепо прифаќање дека Црквата морала да има духовна интервенција од Светиот Дух, во спротивно паѓа цела суштина?
Поради погрешниот пристап. Па за целото човештво пред Исак Њутн постојаното паѓање на плодови од дрвја на очиглед на сите, не било доволен, веродостоен и убедлив доказ за постоењето на гравитацијата, иако истите тие луѓе и самите паѓале од дрвја и при јавање.
Погрешен пристап? Каков е правилниот пристап? Слепа верба, без дополнителни прашања, во црковните пишанки без никакви докази?
Еве и вечерва потикнат од твојот коментар на интернет трагам по одговрои но наоѓам само прашања кои ми се логички.

Za one koji ne vjeruju (tj. ne zele da vjeruju) u reinkarnaciju: Zasto se neka djeca radaju mrtva, zasto se radaju sa fizickim, mentalnim, psihickim manama? Zasto mnogi umru u ranom djetinjstvu? Gdje je pravda Oca Nebeskog za njih? Na osnovu cega ce im se suditi? Kad i kako su oni mogli da prihvate Hrista? Kako su oni koji su zivjeli prije nekoliko hiljada godina mogli da prihvate Hrista ako je Hrist jedini put spasenja? Kako su oni koji su zivjeli prije hiljadu godina mogli da prihvate Hrista ako su zivjeli u Africi, na polovima ili i u drugim dijelovima svijeta jer tada Sveto Pismo nije imalo ni priblizan tiraz kao danas?
Ова ако не е тролање и зафрканција не знам што е?

Значи ти ги земаш нејаснотиите, недоразбирањата, недореченостите и контрадикторностите на Библијата и религијата во реалниот свет и реалните случувања, и одговор бараш поставувајќи УШТЕ ПОНЕВЕРОЈАТНИ претпоставки?
Ова е лудо, зошто се раѓале деца со мани, тоа е контрадикторно со учењето на Библијата, наместо да речеш дека тоа е ДОКАЗ дека Библијата не е точна, ти велиш, хм, мора да има нешто, а да, се работи за реинкарнација и децата се раѓаат со мани заради грешки од претходните животи. :tapp::pos:
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646

Библијата е свето писмо напишано со светиот дух. Во Библијата има доволно мудрост и учење за спас на човечка душа ако ги следи тие заповеди.Јасно стои на крајот од светото писмо дека секој оној кој што ќе додаде или одземе нешто од тоа свето писмо ќе биде казнет.

19. Ако некој одземе од пророчките зборови на оваа книга, Бог ќе му одземе дел од книгата на животот, и од светиот град, и од она, што е напишано во оваа книга.

Без разлика што сум свесен за реинкарнацијата дека е виситна не можам да ја разберам божјата мудрост зашто таа ја нема како учење кај христијаните православни и дали е намерно извадена од светото писмо. За тоа треба цврсти докази кои ги немаме и затоа не ја негирам билијата.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
БАШ религииве и нивната „прифатеност“ се чист резултат на наметнување. Секој обид за критика, кај барем малку разумни и слободоумни резултира со разнишување.
Од твоите атеистички ставови, појќе е од јасно дека тебе лично, никој не ти наметнува никаква религија, оти веќе имаш своја: тоа е религијата на „јас„.

Се сомневам дека си способен да ја разнишаш рисјанската вера, оти на многумина тоа не им успе(в)ало.[DOUBLEPOST=1429564848][/DOUBLEPOST]
Зошто црковното учење е слабо и недоволно, зошто „проверливоста“ мора да започне со слепо прифаќање дека Црквата морала да има духовна интервенција од Светиот Дух, во спротивно паѓа цела суштина?
Црковно учење има своја полнота, која е повеќе од доволна за спасение на душата и за постигнување живот вечен.
Појќе е од јасно (пак...) дека си т‘нок со познавање на верата која ја критикуваш.

Верувањето не почнува со слепост, оти слепоста е својствена за неверните, кои ем гледаат, ем слушаат, ем имаат ум и пак и пак не прифаќаат поикава вистина.

Верата почнува со потрага по вистината и со ум отворен за поинакви вистини од овосветовните.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.190
Поени од реакции
20.822
Не ми требаат мене филмови и докази, јас сум свесен за тоа дека животот не е еден. И затоа со сигурност го пишувам дека е тоа сто проценти вистина. Ете Господ Бог ме допрел со неговата милост и ми ја покажал таа вистина. Еден ден кога духовноста или свесноста на луѓето ќе се зголеми и вие ќе се уверите дека сум ја говорел виситната.
Жими таквово што те допрел Господ, си седел на промаја. Тоа зомбито што го глорификуваш и го сметаш за Господ, е уствари персонификација за сонцето и мит кој потекнува илјадници години пред новата ера.

Не можеш да бидеш 100% сигурен дека тоа што го тврдиш е вистина. Во најмала рака може да бидеш само скептик, ништо друго. Ти бараш утеха и втора шанса, бидејќи си фејлнал во овој живот, признај. :icon_lol:

Ти ZOTE немаш аргументи. Твоите аргументи држат вода колку што држи вода приказната за Хари Потер. До вчера, главни аргументи и докази ти беа измислени приказни и извадоци од книги на тема heaven tourism. :facepalm:
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461
Црковно учење има своја полнота, која е повеќе од доволна за спасение на душата и за постигнување живот вечен.
Појќе е од јасно (пак...) дека си т‘нок со познавање на верата која ја критикуваш.

Верувањето не почнува со слепост, оти слепоста е својствена за неверните, кои ем гледаат, ем слушаат, ем имаат ум и пак и пак не прифаќаат поикава вистина.

Верата почнува со потрага по вистината и со ум отворен за поинакви вистини од овосветовните.
Верглаш, верглаш и пак ништо не кажа.
Имала полнота, јас велам има една голема празнина и недостаток на аргументи и докази, само празна демагогија.

И ти си се уверил дека заисто верните во македонската православна црква постигнале вечен живот, па што ми го даваш тоа како аргумент? Како можеш како аргумент да даваш празно тврдење без ниту ронка доказ?

Зошто „проверливоста“ мора да започне со слепо прифаќање дека Црквата морала да има духовна интервенција од Светиот Дух, во спротивно паѓа цела суштина?
Библијата е свето писмо напишано со светиот дух. Во Библијата има доволно мудрост и учење за спас на човечка душа ако ги следи тие заповеди.Јасно стои на крајот од светото писмо дека секој оној кој што ќе додаде или одземе нешто од тоа свето писмо ќе биде казнет.

19. Ако некој одземе од пророчките зборови на оваа книга, Бог ќе му одземе дел од книгата на животот, и од светиот град, и од она, што е напишано во оваа книга.

Без разлика што сум свесен за реинкарнацијата дека е виситна не можам да ја разберам божјата мудрост зашто таа ја нема како учење кај христијаните православни и дали е намерно извадена од светото писмо. За тоа треба цврсти докази кои ги немаме и затоа не ја негирам билијата.
Дали си свесен дека како доказ за веродостојноста на Библијата ми даваш што внатре пишувало. Нема никакво значение.

Зошто оваа божја мудрост не е силна и очигледна, туку се темели на книги и пишанија што личат дека ги пишувале обични луѓе од овој свет и само си измислиле дека се водени од бог?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Верглаш, верглаш и пак ништо не кажа.
Имала полнота, јас велам има една голема празнина и недостаток на аргументи и докази, само празна демагогија.
Не видов нути еден твој доказ за погрешноста од мојата вероисповест, освен бесконечно самопреповторување во негирањето.[DOUBLEPOST=1429567327][/DOUBLEPOST]
И ти си се уверил дека заисто верните во македонската православна црква постигнале вечен живот, па што ми го даваш тоа како аргумент? Како можеш како аргумент да даваш празно тврдење без ниту ронка доказ?
Како треба да изгледа тој „доказ„?[DOUBLEPOST=1429567454][/DOUBLEPOST]
Зошто „проверливоста“ мора да започне со слепо прифаќање дека Црквата морала да има духовна интервенција од Светиот Дух, во спротивно паѓа цела суштина?
Веќе посочив чие е слепилото, не се преповторувај.

Црквата е Божја, заедница помеѓу Бог и човекот, во која Светиот Дух ја дели благодатната енергија. Во спротивно, Црквата би била само чисто човечко здружение од овосветовен тип. На пример, здружение на собирачи на салфетки.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461
Црквата е Божја, заедница помеѓу Бог и човекот, во која Светиот Дух ја дели благодатната енергија. Во спротивно, Црквата би била само чисто човечко здружение од овосветовен тип. На пример, здружение на собирачи на салфетки.
Па тоа и е. Чисто човечко здружение. НЕМА НИШТО што укажува на спротивното, само пишанки и толку. Што укажува дека некој си свет дух делел благодатна енергија? Што те убеди да мислиш дека тоа е вистина?

Јас не давам ни барам докази. „Бог дал“ докази и сега прашувам како се објаснува фактот што тие докази се неубедливи и неочигледни.
Зошто како почетни докази ми пишуваш тврдења кои не се поддржани и се обични тврдења кои секој еден би можел да ги измисли?
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Дали си свесен дека како доказ за веродостојноста на Библијата ми даваш што внатре пишувало. Нема никакво значение.

Зошто оваа божја мудрост не е силна и очигледна, туку се темели на книги и пишанија што личат дека ги пишувале обични луѓе од овој свет и само си измислиле дека се водени од бог?

Како може да нема никакво знаечение кога се чита од светото писмо се осеќа светоста на тие зборови. Кога има света литургија се чита токму од таа книга и се осеча света енергија. Значи тоа е живо слово пишувано со светиот дух. Ако тоа не можеш ,да го осетиш кога читаш или кога присуствуваш на света литургија тогаш не знам што е проблемот кај тебе.[DOUBLEPOST=1429600203][/DOUBLEPOST]
Жими таквово што те допрел Господ, си седел на промаја. Тоа зомбито што го глорификуваш и го сметаш за Господ, е уствари персонификација за сонцето и мит кој потекнува илјадници години пред новата ера.

Не можеш да бидеш 100% сигурен дека тоа што го тврдиш е вистина. Во најмала рака може да бидеш само скептик, ништо друго. Ти бараш утеха и втора шанса, бидејќи си фејлнал во овој живот, признај. :icon_lol:

Ти ZOTE немаш аргументи. Твоите аргументи држат вода колку што држи вода приказната за Хари Потер. До вчера, главни аргументи и докази ти беа измислени приказни и извадоци од книги на тема heaven tourism. :facepalm:
Јас знам што сум почуствувал и што сум видел. Како можеш ти за мене да тврдиш нешто што сум искусил лично. Истото важи и за многу појаки докази кои искусиле пророците и одредени личности кои го прославиле Бога или Бог ги прославил. Не знам како можеш нив да ги негираш дека они се скептици и барале утеха и слично. Значи вака ќе говорите се додека не дојде Христос по втор пат. Имате време до тогаш да се исмејувате и да хулите на Бога. Ама после тоа ќе офкате и ќе лелекате.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.190
Поени од реакции
20.822
Јас знам што сум почуствувал и што сум видел. Како можеш ти за мене да тврдиш нешто што сум искусил лично. Истото важи и за многу појаки докази кои искусиле пророците и одредени личности кои го прославиле Бога или Бог ги прославил. Не знам како можеш нив да ги негираш дека они се скептици и барале утеха и слично. Значи вака ќе говорите се додека не дојде Христос по втор пат. Имате време до тогаш да се исмејувате и да хулите на Бога. Ама после тоа ќе офкате и ќе лелекате.
Ти ZOTE, се декларираш како христијанин, а веруваш во некои источни хиндуистички доктрини и реинкарнација, и притоа тврдиш дека тоа е 100% вистина. Со тоа свесно го негираш и одиш против зборот божји. Ти како човек, се раѓаш, умираш и на следното доаѓање на Исус - воскреснуваш, но за да ти биде судено. Вечен живот или вечна смрт.

Така да, едно котле и за тебе е резервирано. Сатаната и тебе ќе те прави супа, не се секирај. И тоа вечно ќе си крчкаш на тројка. :icon_lol:

Јов 1.21

21 и рече: „Излегов гол од мајчината утроба, и ќе се вратам гол таму. Господ даде, Господ зеде! Благословено да биде Господовото име!”
Од земја си направен, во земја ќе се вратиш, ZOTE. :icon_lol:
Јас ли да ве учам за верата ваша бе, срамота е.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Ти ZOTE, се декларираш како христијанин, а веруваш во некои источни хиндуистички доктрини и реинкарнација, и притоа тврдиш дека тоа е 100% вистина. Со тоа свесно го негираш и одиш против зборот божји. Ти како човек, се раѓаш, умираш и на следното доаѓање на Исус - воскреснуваш, но за да ти биде судено. Вечен живот или вечна смрт.

Така да, едно котле и за тебе е резервирано. Сатаната и тебе ќе те прави супа, не се секирај. И тоа вечно ќе си крчкаш на тројка. :icon_lol:

Од земја си направен, во земја ќе се вратиш, ZOTE. :icon_lol:
Јас ли да ве учам за верата ваша бе, срамота е.
Ти не ја разбираш разликата помеѓу вистината и лагата. Ти не можеш да сфатиш декњ Вистината = Господ, а лагата = сатаната. Значи реанкарнацијата е Вистина. Ти треба да го упатиш прашањето до тие кои ги лажат верниците или погрешно ги учат дека животот е еден.
 
SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791

Ti Zote em od satanata ke bides grean na eftina em buda ke te reinkrenira vo ringla = kiko ringla!

Како може да нема никакво знаечение кога се чита од светото писмо се осеќа светоста на тие зборови. Кога има света литургија се чита токму од таа книга и се осеча света енергија. Значи тоа е живо слово пишувано со светиот дух. Ако тоа не можеш ,да го осетиш кога читаш или кога присуствуваш на света литургија тогаш не знам што е проблемот кај тебе.

Значи вака ќе говорите се додека не дојде Христос по втор пат. Имате време до тогаш да се исмејувате и да хулите на Бога. Ама после тоа ќе офкате и ќе лелекате.
Aj eve objasni kako ti ja oseCash svetata energija... Te gree toplina,gledas neobjasniva svetlina,slusash glasovi li...kako?
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.190
Поени од реакции
20.822
Ти не ја разбираш разликата помеѓу вистината и лагата. Ти не можеш да сфатиш декњ Вистината = Господ, а лагата = сатаната. Значи реанкарнацијата е Вистина.
Вистината = Господ. Библијата = зборот божји т.е Господ. Библијата вели дека не постои реинкарнација.

(ZOTE + реинкарнација) - христијанство = супа.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Па тоа и е. Чисто човечко здружение. НЕМА НИШТО што укажува на спротивното, само пишанки и толку.
Самиот покажуваш и докажуваш дека за луѓето кои се безмерно привразни за Светов и кои се „ваљаат„ со својот егоизам, страсти и похоти, нема ништо што е натсветовно.[DOUBLEPOST=1429634629][/DOUBLEPOST]
Што те убеди да мислиш дека тоа е вистина?
Кој ја бара вистината, Го наоѓа и Го среќава Бога.[DOUBLEPOST=1429634705][/DOUBLEPOST]
Јас не давам ни барам докази. „Бог дал“ докази и сега прашувам како се објаснува фактот што тие докази се неубедливи и неочигледни.
Кои „докази„ се неубедливи и неочигледни?
Дали редот и убавината во Вселената се неочигледни и неубедливи?[DOUBLEPOST=1429634850][/DOUBLEPOST]
Зошто како почетни докази ми пишуваш тврдења кои не се поддржани и се обични тврдења кои секој еден би можел да ги измисли?
Записите ое Писмото и од Оците се мудрост која е недостижна и за најјакиот човечки невернички ум.
Ако Црквата и Писмото се само обично човечко здружение и чисто човечко мудрување, никој здрав во умот не би им се придружил ниту би (по)верувал, туку би си го терал животот „онака„, по својот мерак...[DOUBLEPOST=1429634972][/DOUBLEPOST]
Ти не ја разбираш разликата помеѓу вистината и лагата.
Ова е клучниот израз...(y)
 
Последно уредено:
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Вистината = Господ. Библијата = зборот божји т.е Господ. Библијата вели дека не постои реинкарнација.

(ZOTE + реинкарнација) - христијанство = супа.
Никаде не вели дека не постои реинкарнација. Кажи ми цитат каде тоа се кажува. А јас ќе ти дадам цитати каде се потврдува дека животот не е еден.[DOUBLEPOST=1429638256][/DOUBLEPOST]
Ti Zote em od satanata ke bides grean na eftina em buda ke te reinkrenira vo ringla = kiko ringla!

Aj eve objasni kako ti ja oseCash svetata energija... Te gree toplina,gledas neobjasniva svetlina,slusash glasovi li...kako?
Абе не се секирајте за мене, гледајте за вас. Чим вие сте на правиот пат што се плашите.

Се осеќа дејство на сила кога се чита светото писмо или пее некој од свештениците за време на литургија. Кога се зима света причест се осеќа како енергија присуство на духот на Господ Исус Христос, и затоа таа причест е наречена света тајна и затоа преку нејзе се чистат гревовите бидејќи Господ е чист и свет.

Очите се огледало на душата, кога ќе влезе божјиот дух ил ибожјата благодат врз тебе тогаш очите ти светлат. А кога живееш обратно од божјте заповеди очите ти стануваат потемни, значи друга енергија те обвива, а тоа е гревот.[DOUBLEPOST=1429638347][/DOUBLEPOST]
Ова е клучниот израз...(y)
Ако немаш вистина во себе не можеш да ја препознаеш лагата. Ова се однесува како одговор

1907292_10203528709395327_4291301552799140684_n.jpg
 
Последно уредено:

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
Се осеќа дејство на сила кога се чита светото писмо или пее некој од свештениците за време на литургија. Кога се зима света причест се осеќа како енергија присуство на духот на Господ Исус Христос, и затоа таа причест е наречена света тајна и затоа преку нејзе се чистат гревовите бидејќи Господ е чист и свет.
Aha znaci koa peat popovite ti oseCash desjtvo na sila kako energija prisustvo na gospot. Emi taka kazi be! Ti go osecas micko si prai muabet so nego a nikoj go nema videno. I sea na kogo da mu veruvame? Kako da ne ubedite nas ereticite deka postoi.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom