„Проклетство" според неговиот светоназор, бидејќи него нели Аллах ќе го награди со телесни задоволства кои не можел да си ги дозволи за време на својот живот? Така на оној кој не можел да си купи жена, ќе му ја исполни желбата за безграничен секс со хуриите, на оној кој гладувал, ќе му даде храна во изобилство и вино од кое не боли глава, на оној кој цел живот одел во партали, ќе го облече во најдебела свила, на оној кој слугувал и аргатувал, ќе го награди со млади момчиња кои постојано ќе го служат.
Така, жител на Џенет според муслиманскиот светоглед неограничено, непречено и вечно ужива во анималните задоволства (секс, јадење, пиење и спиење) и треба ние да поверуваме дека на Аллах ќе му се исполни „срцето“ со безгранична радост гледајќи ги своите робови кои конечно успеале да си ги задоволат своите нагони, за кои целиот свој живот биле ускратени? И ќе биде вон себе од среќа што човекот кој го создал според Својот Образ и Подобие, наместо духовно да се воздигне и да Му биде што е можно посличен Нему, тој напротив, ќе настојува да биде што посличен на неразумните и несловесни животни кои се раководат според своите инстинкти?
Тоа ли сакаш да ни го кажеш?
Нагони кои се дадени на човекот, бидејќи без нив не би можел да опстои во своето ФИЗИЧКО тело на Земјата и се познати како витални нагони:
- нагон за храна и вода
- нагон за живот
- сексуален нагон
- родителски нагон
Покрај овие витални нагони, кај човекот постојат и социјални нагони како што се:
- афилијативни
- алтруистички
- нагон за игра и разонода
- нагон за автоафирмација
- нагон за самоактуализација
И сега еден ваков муслиман според тебе, е компетентен да тврди дека христијанинот бил излечен од шејтанот и си навлекол проклетство врз себе?
Почни да ги читаш житијата на христијанските светци и кажи ми дали кај муслиманите воопшто си сретнал БАРЕМ еден човек кој би бил рамо до рамо со многубројните наши светители кои поседувале чудотворен дар за исцелување, кои воскреснувале мртви, кои биле вознесувани на Небесата, кои имале дарба на созерцување, чии мошти лечат по нивната смрт и кои и по својата смрт им се јавуваат и помагаат на христијаните во неволји.
Почни:
http://www.svetosavlje.org/biblioteka/AvaJustin/ZitijaSvetih/ZitijaSvetih.htm