Мене баш и не ми се допаѓа да ми пристапуваат непознати машки со намера да ме смуваат. Обично давам шанса, се обидувам да не испаднам „дигната“, но одбрамбениот систем е веќе вклучен..
Но, ако ги чекам машките кои ми се допаѓаат да ми пристапат, ќе дочекам длабока старост, пошто претежно срамежливци свиѓам. Моите можни ситуации ги расчленувам на три:
1. Другари сме, мислам дека взаемно си се допаѓаме - му пристапувам без проблем со отворени карти (и успешно-засега :wink
2. На домашна забава со 50тина луѓе има тип што на прв поглед страшно ми се допаѓа - е тука обавезно ќе најдам начин да му направам муабет директно, т.е. да го опипам дали е од оние луѓе кои се убави додека не отворат уста да кажат нешто. Ме бива за поставување на интересни лични, а сепак ненападни прашања кои луѓето ќе ги натера да се замислат пред да ми одговорат, секако ако има со што да се замислат. Ако има и алкохол во равенката, може да продолжам со елиминационите прашања (другпат пошироко за нив). Но, во принцип толку за првпат (понатаму, ако станеме другари, види точка 1.). Секако, оставам отворени опци дека во иднина ќе се најде некој кој ќе ме маѓепса од прва:je:
3. Во диско - е тука оди потешко, но после некој месец взаемно шмекање и смешкање, ако случајно налетаме сами еден на друг, ќе му кажам Здраво. Во секој случај, ако оди на истите журки ко јас, веројатно е дека кога-тогаш ќе се сретнеме и на домашна забава или афтер, а за таму види точка 2.
Во секој случај, Трпение-Спасение е моето мото
