Јас не се плашам од брак. Само не сакам да го имам во близок период.
Сакам еден ден да имам брак, и да имам деца. Ама сеуште не сум запознала личност достојна да ми биде партнер во таа работа. Единствената таква личност која ја запознав, веројатно нема да склучи брак со мене, но тоа е друга приказна.
Поентата е, во македонски услови, модерната жена има зошто да се плаши од брак.
Кај нас сеуште трае стариот принцип, што е добра жена, а што е добар маж. Ако жената не е домаќинка, не е добра жена. Мажите бараат домаќинки. Жените сакаат професионално остварување. Жените уживаат во слободата, и целта на нивното постоење не им е што побрзо да родат. Просто и едноставно.
Мајка ми ме роди мене кога беше 4 година на факултет. Тогаш имаше 23 години. Мојата сестра ја роди кога имаше 35.
Нема врска биолошки часовник. Посебно тој истиот не функционира во 20тите. После 35 почнува да отчукува, а после 40та е веќе расчукан. Не може да ми каже некоја дека на 25 и чукал часовникот. Може и чукаат тетките и стринките или родителите, ама не и часовникот.
Познавам мои другарки од средно кои се омажија на 18-19-20. Имам братучедки кои имаат по скоро 30 па немаат такви желби за во многу блиска иднина.
Бракот е добра работа, ако се склучи кога е време да се склучи, односно кога жената ќе го сака тоа навистина, и мажот ќе го сака тоа навистина. Ако е склучен оти времето летало, та ќе престареме, погрешно е. Ако е склучен оти млекото претекло, и тоа е глупост.
Јас навистина сакам брак, за едно 10 години од сега. Таман, да завршам факс, да магистрирам, да си најдам убава работичка, да си работам, да се изнашетам изнажуркам изнапијам изнаглупирам, да најдам ист таков некој како мене... е после, абе со мерак и деца да чувам