Зошто интелигентните луѓе се понесреќни?

Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Среќата кај интелигентни луѓе е најретко нешто што го познавам.
-Ernest Hemingvej, автор и новинар Нобеловец

Хемингвеј, кој си го одзел сопствениот живот во 1961, сигурно имал импресивен увид и во интелигентни луѓе и во несреќа. Преживеал две светски војни, Големата Депресија, четири сопруги и безброј пропаднати романтични врски кои не му помогнале да стане среќен, доколку воопшто знаел како.
Западното општество не е создадено да ги третира интелигентните деца и возрасни онолку добро колку што ги третира на пример спортистите. Наспроти светски познати фаци од калибарот на Алберт Ајнштајн, постојат и огромен број на екстремно интелигентни луѓе што се занимаваат со професии кои се сметаат за ниско ниво. Ова може да се потврди со ревизија на листите на членови на Менса (друштво на најинтелигентните два проценти од светската популација).

Образовните системи во земји чиј основен интерес е акумулација на богатство, стимулираат херои во филмови, војна и спорт, но не и интелектуален развој. Супер-интелигентните луѓе можат да се искачат до некаде, но многу ретко можат да се најдат на самиот врв на деловната или социјалната скала.

Децата се развиваат долж четири текови: интелектуален, физички, емоционален (психолошки) и социјален. Во училниците, најпаметните деца најчесто се изоставени од колективните активности од страна на останатите деца. Ги сметаат за „чудни“, за гикови и тие се социјални аутсајдери. Со други зборови, тие не се развиваат социјално како што се развиваат интелектуално.

Нивниот емотивен развој, карактеризиран од нивната способност да се справат со ризични и стресни ситуации, особено во подолг временски период, исто така каска позади просекот.

Возрасните обично веруваат дека интелигентните деца можат да се справат со се’, затоа што се интелектуално супериорни. Ова неизбежно вклучува и ситуации за кои интелигентните деца немаат нити знаење нити вештина во поддршка на сопственото искуство. Тие мораат сами да пребродат тешки периоди. На возрасните не им е јасно дека на интелигентните деца им е потребна помош, а другите деца не сакаат да се асоцираат со децата за кои што социјалните лидери велат дека се аутсајдери.

Како резултат на тоа, голем број на високо интелигентни луѓе заостануваат во социјалниот развој во однос на мнозинството и имаат проблем при справување со стресовите кои животот му ги приредува секому. Не би требало да е изненадување фактот дека огромното мнозинство на затворската популација се социјално и емоционално недоразвиени или погрешно развиени луѓе, додека просечната интелигенција им е поголема од нормалата.

Ситуацијата можеби се подобрува во овој век, затоа што гиковите добиваат признание како луѓе со голем потенцијал, особено како луѓе што можат да направат богатство во светот на висока технологија. Гиковите можеби се социјално поприфатени одошто во минатото, но доколку не добијат поголема помош во нивниот социјален и емоционален развој, повеќето се осудени да бидат несреќни како што созреваат во светот на возрасните.

Високоинтелигентните лица, без разлика дали се деца или возрасни, сеуште се сметаат за социјални аутсајдери во повеќето ситуации, вклучувајќи ги тука и нивните способности да бидат добри сопружници и родители.

Уште повеќе, тие најчесто гледаат повеќе трагедија во заедниците и државите во кои живеат и во светот, за разлика од просечните луѓе, чии главен извор на информации се комичните серии на телевизија. Трагедија се наоѓа полесно од сочувство, иако сочувството веројатно го има во поголема количина во повеќето заедници.
 
N

NeMiRnA

Гостин
Сееееееега ми е јасно зашто сум толку несреќна,аааах...хехехехехе
Се шалам,сепак незнам мислам баш вака иако дел држи вода.
Сепак има и други фактори.
 
Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
сте ја слушале песната "како је лепо бити глуп"??? :)

се согласувам со гореспоменатите факти на Лејди... Од моја гледна точка (во врска со секојдневни животни ситуации), поинтелигентните луѓе повеќе анализираат, повеќе ги проценуваат работите и знаат дека колку и да е нешто веројатно да се случи постои и можност да не се случи очекуваното, и затоа се и скептични. Поинтелигентните (според мене) повеќе се замараат, позамислени се а со тоа и потажни. А понеинтелигентните не се замараат многу, ни за причини ни за последици... И полесно им е... така јас мислам водеќи се од луѓето што ги знам (поинтелигентни и понеинтелигентни)
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Среќата кај интелигентни луѓе е најретко нешто што го познавам.
-Ernest Hemingvej, автор и новинар Нобеловец

Хемингвеј, кој си го одзел сопствениот живот во 1961, сигурно имал импресивен увид и во интелигентни луѓе и во несреќа. Преживеал две светски војни, Големата Депресија, четири сопруги и безброј пропаднати романтични врски кои не му помогнале да стане среќен, доколку воопшто знаел како.
Хемигвеј бил и алкохоличар кој што депресијата ја наследил од татко си, брилијантен писател, а ако „сеуште“ некој не е запознаен со едноставниот факт дека писателот претежно најдоброто од себе го вади кога е исфрустриран и тажен.
Да размислиме повторно, зошто бил толку добар во својата работа?
Западното општество не е создадено да ги третира интелигентните деца и возрасни онолку добро колку што ги третира на пример спортистите. Наспроти светски познати фаци од калибарот на Алберт Ајнштајн, постојат и огромен број на екстремно интелигентни луѓе што се занимаваат со професии кои се сметаат за ниско ниво. Ова може да се потврди со ревизија на листите на членови на Менса (друштво на најинтелигентните два проценти од светската популација).
Интелегентните луѓе нажалост ги имаат истите, а не помали, можности за просперирање како и сите останати.
Но да размислиме, повторно, кога беше последен пат барем кај нас работното место да се добие со просекот од факсот?
Образовните системи во земји чиј основен интерес е акумулација на богатство, стимулираат херои во филмови, војна и спорт, но не и интелектуален развој. Супер-интелигентните луѓе можат да се искачат до некаде, но многу ретко можат да се најдат на самиот врв на деловната или социјалната скала.
Грешка!
Образовните системи каде е битно само трупање на пари, и те како, инвестираат во интелегентните дечки со наочарчиња, зошто всушност тие им ги прават парите.
Децата се развиваат долж четири текови: интелектуален, физички, емоционален (психолошки) и социјален. Во училниците, најпаметните деца најчесто се изоставени од колективните активности од страна на останатите деца. Ги сметаат за „чудни“, за гикови и тие се социјални аутсајдери. Со други зборови, тие не се развиваат социјално како што се развиваат интелектуално.
И аххх, зарем мислите дека навистина интелегентна личност ќе сака да биде дел од колективот.
/Пити, пити, пити мајднс.
Зошто не размислите дека можеби, само можеби, понекогаш им одговара онака да си стојат од страна да ја гледаат мизеријата и да си се смешкаат додека сите го трошат времето на нив за да откријат зошто по ѓаволите се толку чудни?
/Пити!
Нивниот емотивен развој, карактеризиран од нивната способност да се справат со ризични и стресни ситуации, особено во подолг временски период, исто така каска позади просекот.
Не!
Еве повторно грешка ... емоциите се тука, не се кажуваат, чисто од причина што се способни да се справат со нив без да имаат потреба од психијатриска, упс, туѓа помош.
Возрасните обично веруваат дека интелигентните деца можат да се справат со се’, затоа што се интелектуално супериорни. Ова неизбежно вклучува и ситуации за кои интелигентните деца немаат нити знаење нити вештина во поддршка на сопственото искуство. Тие мораат сами да пребродат тешки периоди. На возрасните не им е јасно дека на интелигентните деца им е потребна помош, а другите деца не сакаат да се асоцираат со децата за кои што социјалните лидери велат дека се аутсајдери.
И ете повторно истата приказна, интелегентните деца немаат потреба од тоа да бидат прифатени, имаат потреба од тоа да владеат, а знаат многу добро дека тоа ќе го направат кога „социјалните лидери“ ќе им ја мијат колата во перална.
Хух ... сфатливо нели?
Како резултат на тоа, голем број на високо интелигентни луѓе заостануваат во социјалниот развој во однос на мнозинството и имаат проблем при справување со стресовите кои животот му ги приредува секому. Не би требало да е изненадување фактот дека огромното мнозинство на затворската популација се социјално и емоционално недоразвиени или погрешно развиени луѓе, додека просечната интелигенција им е поголема од нормалата.
Бипппп ... ако биле интелегентни немало да завршат во затвор?
Или да?
Ситуацијата можеби се подобрува во овој век, затоа што гиковите добиваат признание како луѓе со голем потенцијал, особено како луѓе што можат да направат богатство во светот на висока технологија. Гиковите можеби се социјално поприфатени одошто во минатото, но доколку не добијат поголема помош во нивниот социјален и емоционален развој, повеќето се осудени да бидат несреќни како што созреваат во светот на возрасните.
Гикови?Диференцијација ... бла, бла, бла ... поента: ако другите мислат дека се несреќни, не значи дека навистина се!
Високоинтелигентните лица, без разлика дали се деца или возрасни, сеуште се сметаат за социјални аутсајдери во повеќето ситуации, вклучувајќи ги тука и нивните способности да бидат добри сопружници и родители.
Да не се повторувам, голем број од тие луѓе ако станат стандард и дел од стадото ќе си го свирнат куршумот.
Повторно, или не?
Сите сакаат да бидат дел од стадото или ова беше глобално општество во кое владее индивидуализам?
Уште повеќе, тие најчесто гледаат повеќе трагедија во заедниците и државите во кои живеат и во светот, за разлика од просечните луѓе, чии главен извор на информации се комичните серии на телевизија. Трагедија се наоѓа полесно од сочувство, иако сочувството веројатно го има во поголема количина во повеќето заедници.
Трагедија, не бре, гледаат комедија во потпросечната и просечна интелегенција на останатите.

Ц ц ц ... лесно е да се биде глуп.:hihih:
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Не ли те мрзеше да го преведуваш цел текст!
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Среќата кај интелигентни луѓе е најретко нешто што го познавам.
-Ernest Hemingvej, автор и новинар Нобеловец

Хемингвеј, кој си го одзел сопствениот живот во 1961, сигурно имал импресивен увид и во интелигентни луѓе и во несреќа. Преживеал две светски војни, Големата Депресија, четири сопруги и безброј пропаднати романтични врски кои не му помогнале да стане среќен, доколку воопшто знаел како.
Западното општество не е создадено да ги третира интелигентните деца и возрасни онолку добро колку што ги третира на пример спортистите. Наспроти светски познати фаци од калибарот на Алберт Ајнштајн, постојат и огромен број на екстремно интелигентни луѓе што се занимаваат со професии кои се сметаат за ниско ниво. Ова може да се потврди со ревизија на листите на членови на Менса (друштво на најинтелигентните два проценти од светската популација).

Образовните системи во земји чиј основен интерес е акумулација на богатство, стимулираат херои во филмови, војна и спорт, но не и интелектуален развој. Супер-интелигентните луѓе можат да се искачат до некаде, но многу ретко можат да се најдат на самиот врв на деловната или социјалната скала.
Lady се согласувам со останатиот дел освен со ова. Некако некои работи не ми се совпаѓаат.
Значи конкретно за Хемингвеј како и за повеќето писатели и поети. Па човеков поминал низ две Светски војни, Големата Депресија, четири неуспешни брака...според психологијата и повеќе од доволно за да биде супер писател.

Интелегентни луѓе кои се занимаваат со професии кои се сметаат за ниско ниво. Е ова никако не можев. А кој ги смета за ниско ниво, помалкуинтелегентните? Интелегенцијата никогаш не е мерило за професијата со која ќе се занимаваш. Заклучив, можеби ќе звучи глупаво, ама по Шоуто на Трамп. Таму инаше еден што се пофали дека е член на Менса ама мене ми делуваше прилично неинтелегентен.

Да образовните системи стимулираат херои во филмови, војна и спорт затоа што тоа е најлесниот начин да се дојде до пари. Можеби се интелегентни, нема да генерализирам, но тоа е нивниот поттик и стимул за да понатаму. Лесен начин за стекнување пари и моќ, без многу размислување, со многу забави и уживање во она што им го нуди животот.
Можеби затоа се посреќни од оние кои имаат висок коефициент на интелегенција.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Хемигвеј бил и алкохоличар кој што депресијата ја наследил од татко си, брилијантен писател, а ако „сеуште“ некој не е запознаен со едноставниот факт дека писателот претежно најдоброто од себе го вади кога е исфрустриран и тажен.
Да размислиме повторно, зошто бил толку добар во својата работа?

Размислувањево не е на Хемингвеј, земен е само неговиот цитат....Не е анализава за него....

Интелегентните луѓе нажалост ги имаат истите, а не помали, можности за просперирање како и сите останати.
Но да размислиме, повторно, кога беше последен пат барем кај нас работното место да се добие со просекот од факсот?

Распули се наоколу во и вон државава, ќе сватиш кој доминира а кој чека работа...Не гледај само позади клупата...Возраста ќе ти го докаже тоа...

Грешка!
Образовните системи каде е битно само трупање на пари, и те како, инвестираат во интелегентните дечки со наочарчиња, зошто всушност тие им ги прават парите.

Трупаат да ,а каде си слушнала еден таков мозок сем Гејтс кој сам за себе инвестираше, да е мултимилиардер?.....Нели нив ги купуваат , препродаваат богатите дечки?

И аххх, зарем мислите дека навистина интелегентна личност ќе сака да биде дел од колективот.
/Пити, пити, пити мајднс
Зошто не размислите дека можеби, само можеби, понекогаш им одговара онака да си стојат од страна да ја гледаат мизеријата и да си се смешкаат додека сите го трошат времето на нив за да откријат зошто по ѓаволите се толку чудни?
/Пити!

Не можат да се среќни гледајќи ја мизеријата и бедотијата наоколу...Нив им требаат сродни души и луѓе од кои ќе бидат разбрани...

Не!
Еве повторно грешка ... емоциите се тука, не се кажуваат, чисто од причина што се способни да се справат со нив без да имаат потреба од психијатриска, упс, туѓа помош.

Не би рекла, и тие се крв и месо...И тие се кршат и паѓаат..Не се некој прототип имун на емоции....

И ете повторно истата приказна, интелегентните деца немаат потреба од тоа да бидат прифатени, имаат потреба од тоа да владеат, а знаат многу добро дека тоа ќе го направат кога „социјалните лидери“ ќе им ја мијат колата во перална.
Хух ... сфатливо нели?

Колку имаме доктори по науки во Заводот за вработување? Знаеш ли?
 
Разлика помеѓу интелегентни луѓе и интелгентни луѓе кои знаат дека се интелегентни и тоа го користат.

Па се ли да се нацрта на блокче!:smiz:
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Разлика помеѓу интелегентни луѓе и интелгентни луѓе кои знаат дека се интелегентни и тоа го користат.

Па се ли да се нацрта на блокче!:smiz:
Па нели ако е интелигентен со висок IQ е свесен за тоа? Нема тука некое цртање...Зборуваме за внатрешно интерпретирање на чувствата и состојбата на овој ранг персони
 
Да се обидам да ти објаснам нешто, и меѓу интелегентните има интелегентни т.е. посебни, што ќе ти е висок коефициент ако не си научил тоа практично да го примениш?
Не е се во теоријата!

Несреќа ... еххх, гледаш, кај тие посебните за кои јас ти зборувам, имаат таква потреба од „несреќата“ тоа е неверојатно, ги инспирира, им дава длабочина и ги дефинира.
Овозможува одредена изолација која ти помага да напредуваш.
Несреќата ги прави среќни.

Парадокасално е знам ... али јебига, интелегентните луѓе се комплицирани!
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Мислам дека некој темата ја подели на црно и бело , па сега ке се докажувате дали интелигентните луге се срекни или не.Јас ова го разбрав како поголемиот дел од интелигентните луге се несрекни во однос на другите , и се согласувам во најголемиот дел на постот.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Да се обидам да ти објаснам нешто, и меѓу интелегентните има интелегентни т.е. посебни, што ќе ти е висок коефициент ако не си научил тоа практично да го примениш?
Не е се во теоријата!

Несреќа ... еххх, гледаш, кај тие посебните за кои јас ти зборувам, имаат таква потреба од „несреќата“ тоа е неверојатно, ги инспирира, им дава длабочина и ги дефинира.
Овозможува одредена изолација која ти помага да напредуваш.
Несреќата ги прави среќни.

Парадокасално е знам ... али јебига, интелегентните луѓе се комплицирани!
Ти зборуваш за категории карактери на личности...А тоа не е темата на овој пост....
 
AquaCool

Sound Factory
Член од
25 ноември 2007
Мислења
144
Поени од реакции
0
Според мене, интелигентните се понесреќни бидејки ги размислуваат чекорите пред да ги направат, и воопшто за било каква работа мозокот им врти 200 на саат, а додека тие помалце интелигентните( да не кажам глупавите) воопшто не размислуваат од напред и одат од ситуација во ситуација без да промислат.Па со тоа и немаат проблеми, зошто ништо не промислуваат.Имам другарче такво, од искуство зборам....сепак ова е само мое мислење...позз:salut:
 
Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Па сите сте вие интелигентни бе...
Искажете се за вас лично,па ке видиме кои се повеке,срекни или несрекни.
Битно,да бидеш интелигентен,не значи по дефулт дека си и несрекен.
Многу интелигентни луге ја користат својата интелигенција за да си ја креираат својата срека.Баш заради тоа што поседуваат голема интелигенција,логика и способност за длабоко навлегување во нештата,тие можат да ги увидат и следат настаните кои би им го трасирале патот кон среката.
Е сега,својата интелигенција не ја користи секој исто.Некои луге не ја користат за оваква практична намена,туку се задржуваат чисто на теоријата.Поети,писатели...тие се тие луге на кои им треба несреката како инспирација.Тагата ја свакаат поинаку.За нив тоа е глорифицирана емоција,која единствена од сите е способна да донесе толку имагинација,поплава од емоции,која нивната интелигенција им помага да ја истурат врз хартија.Можеби се во право.Но,не важи тоа за сите....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom