Зошто имате потреба да флертувате и изневерувате?

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
ај бе шо не напраи, животни???

е вака сега, од кај измери дека има ретко вакви машки жити се???

толку колку што има машки варачи толку има и женски (приближно, да се разбериме)

еее колку женски сум сретнал, што варале,
а и неколку примери имам: што се скаруваат со дечкото заради варање, и пак го изневеруваат

и да речам после женските немаат срце???

има многу паметни и супер машки

само во вас е проблемот
е сега ќе ти кажам зошто: Се палите на тоа дека е откачен, треси глупости, се однесува како животно тоа вас ве пали...

а да е мирен, да ја почитува девојката и да е човек со еден збор кажано, за вас не чини, глуп е... (епа самите сте си криви, што не сте се упознале со ВИСТИНСКИ МАЖ)
За првото болдирано,се однесува на оние кои пишувале.Преку глава ми е да читам коркачења кои секогаш се сведуваат на едно те исто,вие жените секогаш мислите на од корист,трчате по пари,не знам ти што.
Но јас со тоа не велам дека мажите се полоши од жените баш напротив сакам да ви кажам дека сме еднакво добри и лоши.
Во тешка заблуда си за овој стереотип за лошите момци тоа е стар филм и прележана болест,барем јас не познавам женско што се пали на такви типови.Ама може познаваш ти.
П.С Не скокајте одма во напад.Никогаш не го бранам ниту напаѓам само едниот пол.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.795
Флертувам за флертување ама не изневерувам тоа е моето.....
Го гледав Мајк Тајсон кај Опра човекот беше смртно искрен си призна дека ниту еднаш не бил моногамен освен со последната жена која што беше во публика. Призна како ги ограбувал тоа дилерите за дрога таму и ги тепал. Кога го праша Опра како преживеал неговиот искрен одговор беше дека го оставиле жив затоа што го сожалувале. Човекот кој што имал преку 300 400 милиони долари жени какви сака колку сака на крајот призна дека поубаво во животот не му било, имаше некаква смиреност во своите очи спокојство...
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.720
Поени од реакции
11.938
Флертувам за флертување ама не изневерувам тоа е моето.....
Го гледав Мајк Тајсон кај Опра човекот беше смртно искрен си призна дека ниту еднаш не бил моногамен освен со последната жена која што беше во публика. Призна како ги ограбувал тоа дилерите за дрога таму и ги тепал. Кога го праша Опра како преживеал неговиот искрен одговор беше дека го оставиле жив затоа што го сожалувале. Човекот кој што имал преку 300 400 милиони долари жени какви сака колку сака на крајот призна дека поубаво во животот не му било, имаше некаква смиреност во своите очи спокојство...
Сега, гледано од друга страна, и јас да сум имал милиони долари и да сум имал стотици жени, со какви сакам и кога сакам и мене ќе ми се гледа спокој во очите...

Иначе флерт поштувамм, тој природно си доаѓа кога има контакт со спротивниот пол, ако го нема тоа кај некого или е педер или лезбејка. И неверството е слично нешто што природно се појавува, но е троа покомплицирана работа, и зависи од взаемниот однос со партнерот, од многу работи зависи тоа дали е оправдано или не, и зошто тоа ни доаѓа да изневериме некогаш...
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
109
Поени од реакции
24
и јас сум варал 2 пати у живот, ама тоа ми било филм онака само да видам дали можам дали сум способен да фатам 3 девојки одеднаш (многу одамна)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.795
Сега, гледано од друга страна, и јас да сум имал милиони долари и да сум имал стотици жени, со какви сакам и кога сакам и мене ќе ми се гледа спокој во очите...
Значи не ја разбра поентата човекот беше еден од најлошите боксери по поведение настрана од одгризувањето на двете уши во ринг има и други триста чуда правено. И по свое сопствено искуство си кажа дека тоа не е во ред, е сега знаеш како велат прашај паталец а не гаталец. Ти си гаталец затоа што го немаш неговиот живот.
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Не може да се генерализираат причините за неверство. Некои, и машки и женски, изневеруваат или поради тоа што се незрели, на играчка, или поради тоа што се несигурни, па постојано имаат потреба да се „преслушуваат“ колку се привлечни. Меѓутоа, понекојпат, посебно кога е долга врска или брак во прашање, неверството се случува непланирано. Човек толку си има пропаднато во рутината на секојдневието, и одненадеж се појавува некој/а што го вади од колосек, непланирано, и го потсетува дека некојпат пред рутината имало љубов и дека љубовта, возбудата, трепетот не прават да се чувствуваме живи. Тогаш инстиктивно тргнува кон она што е пријатно, но нема сила или е многу комплексно прекинувањето на дотогашната врска, и....ете ти неверство.
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Флертувам онака без цел.Ако ми е досадно можам малце ова-она да свртам некој муабет ама нишо посебно.Едноставно тепам време:)
За изневерување немам никаква потреба.Синкир јас незнам шо е убо машко и не сум се свртела некогаш:)Ама можам да си се воздржам бе!Да му ''оддолеам на искушението''.
Никогаш не сум измамила дечко.Многу ниско ми делуват.Ако нејќам да сум со него чао-пријатно брат ама не ќе го прам будала некој.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Човекот не е моногамно суштество.... ова размислување го слушнав пред некои 10-тина години. Вреди малку да се подзамислиме до каде некој преку нешто се обидува да не контролира. Дали тоа е црква, општество, финансии.... ирелевантно за темата.

Којзнае, човекот што ја искоментира мислата, можеби и е во право. Ако погледнеме дека во целиот животински свет малцинство се таквите што имаат еден партнер во цел живот, а згора на тоа некако во последно тоа и не е човечка карактеристика (да не го споменувам бројот на разводи кои растат)... Можеби и природно е да се има повеќе партнери во животот. Сите моментално живееме во општеството какво што ни е, но којзнае што ќе дојде... Како што трнале работите, вредностите на ова општество нема да се почитуваат уште долго.

Сега конкретно за мене... не изневерувам. Имам кратко правило, чиста сметка долга љубов. Ако не одат некои работи, не одат. Крај на прикаската. На два стола не се седи.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: SF

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Го видов видеово и ми се допадна па сакав да го споделам.
"You can not reform biology."
Мислам дека во суштина го објаснува целото прашање: зошто машките изневеруваат.
Variety is the spice of life.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: SF
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Не сум варала никогаш, но сум флертувала во врска со други дечки и ми се свиѓале други, ми биле поинтересни од моменталниот дечко со кој сум била...Идела на кафе со нив,искачала, дружела но никад не сум се пољубила или смувала додека сум била у врска...
Е сеа зашто флертував, сватив дека не сум заљубена, не ми поклања доволно онаква пажња каква ја сакам, или не ме исполнувал, не бил баш мој тип или љубовта исчезнала....
Кога почнувам да флертувам на страна или ми се свиѓа друг, одма знам дека не е за мене и да треба да се откачам од него...И тоа и најчесто правев,одма после раскинував да не се мачам јас и го лажам него.Фер е да се иде......
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Не сум варала никогаш, но сум флертувала во врска со други дечки и ми се свиѓале други, ми биле поинтересни од моменталниот дечко со кој сум била...Идела на кафе со нив,искачала, дружела но никад не сум се пољубила или смувала додека сум била у врска...
Е сеа зашто флертував, сватив дека не сум заљубена, не ми поклања доволно онаква пажња каква ја сакам, или не ме исполнувал, не бил баш мој тип или љубовта исчезнала....
Кога почнувам да флертувам на страна или ми се свиѓа друг, одма знам дека не е за мене и да треба да се откачам од него...И тоа и најчесто правев,одма после раскинував да не се мачам јас и го лажам него.Фер е да се иде......
ех да се сите кукли како тебе ;)
 

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Од истата причина од која се палат мажите и жените на славни лица или на лица од улица или сега летно време плажа.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Едноставно, по својата природа, човекот не е моногамно суштество. Моногамијата е само социолошки, морален феномен..
Затоа, човекот флертува, тоа си е природна појава :)
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Не секој што флертува значи и дека изневерува.
Искрено,флертувам кога можам,тоа ми претставува некој вид на задоволство но не секогаш.Не флертувам со дечковци што се по врски не сакам такви ставри,а што се однесува до варањето досега не сум варала затоа што не сакам тоа да ми го прават и не го правам.Се држам до она народното ''не прави го она што несакаш да ти го прават ''.Немам потреба да лажам некого ако оди ок ако не чао пријатно секој свој пат нема да му одземаш време бафтајќи го.
И патем да кажам дека не простувам неверство ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom