Зошто животот не е фер?

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Зошто животот треба да биде фер?
Зошто мислите дека треба да бидете среќни?

Со кои космички закони ви е гарантирано тоа?

Единствено за што на природата и е гајле е да биде продолжена врстата. На природата не и е грижа за поединецот. Вашите среќи и несреќи, вашата идеја дека животот треба да биде фер се потполно неважни и илузорни.
Извини, ама јас со ова не се согласувам..
Ние се разликуваме од сите други живи суштества по тоа што сме обдарени со свест и разум.
И ние самите можеме да се обезбедиме малку среќа.
Преамбулата на Декларацијата за независност почнува вака
We hold these truths to be self-evident, that all men are created equal, that they are endowed by their Creator with certain unalienable Rights, that among these are Life, Liberty and the pursuit of Happiness.
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
481
Љуѓето се главни генератори на својата несреќа.Значи се гушиме едни со други максимално.Алчност,љубомора,завист,злоба и несреќата се шири како некоја зараза.Човештвото е труло и не фер, а не животот!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Извини, ама јас со ова не се согласувам..
Ние се разликуваме од сите други живи суштества по тоа што сме обдарени со свест и разум.
И ние самите можеме да се обезбедиме малку среќа.
Преамбулата на Декларацијата за независност почнува вака
We hold these truths to be self-evident, that all men are created equal, that they are endowed by their Creator with certain unalienable Rights, that among these are Life, Liberty and the pursuit of Happiness.
Нема зошто да се извинуваш, тука сме да се согласуваме и да не се согласуваме едни со други. Не реков дека човекот нема разум па не може да си обезбеди малку среќа, само реков дека не постои ниту еден космички закон кој му гарантира дека треба да биде среќен, и дека треба да очекува животот да биде фер. Што се однесува до Декларацијата за независност, таа е напишана од луѓе кои како и сите ние очекувале среќа во животот. Воопшто не е self-evident дека сите луќе се креирани еднакви, напротив би рекол дека се креирани со огромни разлики помеѓу нив. Друго, воопшто не е извесно дека се креирани од некој Креатор (Декларацијата е воглавно пишувана од масони, па веројатно алудираат на Големиот Архитеткт), многу е поверојатно дека еволуцијата не направи вакви какви што сме.

Што се однесува пак до Бог и од Бог дадените права, погледни го ова. :)

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Извини, ама јас со ова не се согласувам..
Ние се разликуваме од сите други живи суштества по тоа што сме обдарени со свест и разум.
И ние самите можеме да се обезбедиме малку среќа.
Преамбулата на Декларацијата за независност почнува вака
We hold these truths to be self-evident, that all men are created equal, that they are endowed by their Creator with certain unalienable Rights, that among these are Life, Liberty and the pursuit of Happiness.

Nature doesn't guarantee you shit.
Природноправаната школа и сите остали либерално правни струи не се позитивистички туку идеалистички и би рекол утописки, во сржта на својата вистина.
Кој ти гарантира права со раѓање бе, жити се? Се раѓаш и може да те здрви гром, да изгориш во пожар, да се удавиш во поплава, итн... Кого ќе тужиш, кажи ми? Кој ќе те обештети?
А тоа дека сите сме родени еднавки кажи му го на некој инвалид од роџења или на некое даунче. Или на Гурџиев.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Претходниве постови ме замислија да се запрашам - Што е тоа песимист?
Духовит одговор на ова прашање е: Песимист е оптимист со искуство
Но од каде ви е такво искуство за да бидете песимисти?
Дирекно ве прашувам:
Дали верувате во човечките интелектуални и креативни способности?
Дали верувате дека Човекот има капацитет да ја разбере и контролира природата и да ги разбере другите луѓе?
Дали верувате дека секој Човек треба да ги развива своите лични способности како што се сочуство, милосрдие, храброст, знаење, разбирање и тн.
Знам дека ќе одговорите за се - да Тоа се особини на луѓе. Ниедно животно нема вакви особини.
Вие зборувате има проблеми има болести има ова - она. Па кој спори дека нема? Пред десет века просечна должна на живото изнесувала едвај 35 години, а погледнете колку е сега
Затоа главата горе - и бидете оптимисти
 
M

Muranyi

Гостин
Замка на умот,игра на зборови,не постои фер-нефер,едноставно ние подлежиме на законите кои владеат во природата и принципите на каузалноста и не можеме да ги надминеме,но секако можеме да си олесниме преку спознавање и разбирање на истите.Тоа што човекот мисли дека нешто треба да биде фер тргнувајќи од претпоставката дека самиот е центарот и смислата на Универзумот,тоа е само негов проблем кој мислам дека произлегува од ограниченоста на човековиот ум.

Но човекот како свесно битие во најмала рака може да придонесе кон унапредување на човештвото и односите помеѓу луѓето кои се главен генератор на чувството и фрустрацијата дека работите се нефер,па може ситуацијата да ја сврти колку-толку во своја корист и барем да се редуцираат причините поради кои самиот човек има чувство дека животот и нештата се нефер.

На крај краева,мое мислење е дека се е релативно,тоа е законот и играта на Универзумот,јинг-јанг филозофијата,будистичкиот концепт,тоа што за мене е лошо и нефер за некој сосема рандом лик кој не мора да има некаква поврзаност со мене,може да биде причина тој да биде среќен и да смета дека животот кон него бил фер.

Како што пишав,замка на умот и илузија за реалноста,Универузмот си е секако совршен и не му се потребни никакви епитети.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Многу од вас не ми ја свативте поентава на темава. Овде не се работи за тоа дали некој е сакан, дали некој направил пари, дали некој имал многу женски, репутација или слично.

Прочитав постови среќата зависи од нас самите... НЕ !!!

Ништо не е предвиливо и праведно во овој живот. Секој си живее како ќе се извлече и умее. Човек што сака, се труди, работи, вреден е , добродушен може да почине на 20 годишна возраст.

Човек што краде, тепа, прави валкани работи, уништува нечија среќа може да живее 90 години.

Убаво имаше и еден пост.. А зошто па би требало да биде фер?
Ако вашите постови се однесуваат на тоа зошто човек е сиромашен, ваков таков ТОА зависи од вас самите... Тоа се ситни работи коишто можат да се променат во секој момент само луѓето се премногу мрзливи и бараат кривица во нешто друго.
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Претходниве постови ме замислија да се запрашам - Што е тоа песимист?
Духовит одговор на ова прашање е: Песимист е оптимист со искуство
Но од каде ви е такво искуство за да бидете песимисти?
Дирекно ве прашувам:
Дали верувате во човечките интелектуални и креативни способности?
Дали верувате дека Човекот има капацитет да ја разбере и контролира природата и да ги разбере другите луѓе?
Дали верувате дека секој Човек треба да ги развива своите лични способности како што се сочуство, милосрдие, храброст, знаење, разбирање и тн.
Знам дека ќе одговорите за се - да Тоа се особини на луѓе. Ниедно животно нема вакви особини.
Вие зборувате има проблеми има болести има ова - она. Па кој спори дека нема? Пред десет века просечна должна на живото изнесувала едвај 35 години, а погледнете колку е сега
Затоа главата горе - и бидете оптимисти

добронамерно кажувам,мислам дека не свесно ги утна маалку работите.Пред 10 века луѓето живееле како желки по 100 години,а сега не се живее 35.. сега човек да доживее 50,60 години тоа е успех.. види по плакатите мислам овие што се починати и спореди на која воздраст се,види колку има под 50 а види колку над.. како и да е,се сложувам со еден член погоре,делумно.. никој не ви гарантира ништо,нашата судбина е напишана само ние не сакаме да веруваме во неа.. и делумно имаме слобода во управуањето со неа,ДЕЛУМНА СЛОБОДНА..
 
Јас имам 60 години...
А имам уште доста работи кои не сум ги направил.. а сакам да ги направам
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643

Cheross

COOL BOY
Член од
27 август 2011
Мислења
548
Поени од реакции
381
Zatoa sto adam i eva jadoa od zabranetiot plod.ete zatoa zivotot e ne fer.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom