Зошто животот не е фер?

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Како и обично... Тие што ги виделе малку потешките работи во животот ќе ја сватат темава и ќе пишат солидни мислења... Убаво викам јас човек дур не осети на своја кожа неможе да знае како е... Па ќе нагаѓаме сега петко,станко,митре е крив...
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.747
Поени од реакции
4.515
Абе не ми кажувај мене јас од што патам... Не лупај глупости за џабе... Овие муабети на само во прикаските... Еве ќе ти кажам мајка на мој другар не се баш со големи примања веќе 3 години се дупи со друг... Не ги поврзувај човековите гадости со парите благе везе немаат едно со друго...

Ти ако си кретен без пари ќе бидеш и кретен со пари , дали ме сваќаш сега? Човекот неможе да се смени, само парите ќе му овозможат да излезе од таа ситуација...Јас убаво знам што да кажам ти изгледа неможеш да ме сватиш и затоа ти реков да не ме цитираш
--- надополнето: 2 септември 2013 во 10:45 ---



Да да знам што е кармата... Ништо.. Јас не ја гледам како оружје за одмазда ама нели е све се враќа, све се плаќа? Зошто во реалноста е сосема поинаку?
За другиот форумџија го пишав објаснувањето ама нема врска.
Јас сепак мислам и дека во реалноста е така само што не се гледа се, а и не се знае кога ќе ти замавне шамар.

Понатаму еве јас ќе си кажам за себе јас не очекувам животот да биде фер кога ќе тргнеш се настрана „фер“ е само збор.

Еве земи го за пример дечково...
http://www.youtube.com/watch?v=snDQe3tWwRQ

Друго нешто иако верувам во карма ниту наоѓам задоволство ниту очекувам да се изедначат сметките.
Ќе си го живеам животот како што најдобро можам и умеам и толку.

Еве и неколку зборови за среќата.
Здравјето е најголемата среќа, здравите луѓе имаат многу желби болниот има само една.
Парите не се пресудни за среќата се додека имаш доволно за достоен живот.
Вистинските пријатели се скапоцени подобро еден вистински одтколку илјада „познаници“ т.е квалитет пред квантитет.
Болката е дел од животот мора да ја прифатиш и да продолжиш понатаму.

He is richest who is content with the least, for content is the wealth of nature.
Богатството немој да мериш само во пари.
Ти си одговорен за твоето тело и твојот ум и твоја задача е да ги одржуваш во форма.

“No man has the right to be an amateur in the matter of physical training. It is a shame for a man to grow old without seeing the beauty and strength of which his body is capable.”

П.С Можам вака до утре ама доста е философирање за еден ден :vozbud:
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Neznam kolku i dali e fer zivotot za eden bracen par vo Bitolsko,koj soprugot 45 godisen ,pocinal pored svojata nepokretna sopruga i ona celo vreme bila pored nego dodeka mrtvoto telo se raspagjalo.....:(
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Се моли kalimer0 да го даде своето мислење на темава :giggle:

Шала на страна, постојат два начина на кои можеш да гледаш на животот.
Едниот е, како што е насловот на темава, да се чудиш зошто животот не е фер, да мислиш дека некоја виша сила има нешто против тебе, да се самосожалуваш итн..
Тој став обично го заземаат плачковците.
Другиот начин е да стиснеш заби, да видиш што се' имаш (наместо тоа што го немаш, reference to постот на The_Red1).
Многу е лесно човек да заглави во размислување „зошто сега ова баш мене ми се случува кога јас сум добра личност која никому не згрешила, а, пример, разгалени прдлиња се возат во мерцедеси и топ не ги бие“, но што добивате така? Ем сте исфрустрирани, ем не сте направиле ништо во врска со својот проблем.
Животот не е фер, ама не може да седиме и да плачеме заради тоа. Man up and fight!
 

ruller

Expert
Член од
5 септември 2011
Мислења
529
Поени од реакции
355
Па преку (глава) ми е дојдено од тоа колку работите не се такви какви што требаат да бидат барем според мене. Секој си има свои гледишта и најчесто сите имаат субјективни мислења за работите, ама некој да се нервира, да се расправа со сопругатата, да паѓа во депресија, да бара спас во илузии, да работи како за 1000 а да зема 100 евра плата е навистина неубаво. Додека, тој другиот што поминува секој ден покрај него со најнов автомобил, најнов телефон, што ги ќари женските од "елитата", најголеми нервози му се некои банални работи што не играат ни 5% улога во животот, не кренал потешко од стилото а вади профит ете да речеме 2000 евра месецот. Намерно не реков плата, бидејќи платата му гласи негде 200-300 евра а остатокот си го зема под рака. Секоја чест на исклучоците,ама факт е дека сите богаташи се збогатиле или со нелегални бизниси или на сите нив грујо им е брат за сестра :D

Е вакви неправди ме нервираат многу што значи и јас спаѓам веројатно во овие подолните :)
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399

Не е дека животот(универзумов, Бог) не е фер.....системот воден од одредена група на идиоти е тој што ја ебе работата.;)
Сменете го насловот на темава, не е таа проблематиката.
 

chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
Зашто уште од самиот почеток со самото раѓање се мучиш плачеш за првиот воздух подоцна со првите чекори падаш стануваш се мучиш зборењето исто мумлаш нешто кршиш јазик.Значи од самиот почеток предодредено ни е да се мачиме без разлика на сите.Е сега што парите го изменија светот зборам за уште од првите почетци тоа е друга прича.Оној богатиот ке си ужива а сиромавиот ке се слика(ке ринта како коњ)за богатиот да биде среќен.Инаку да ги изоставиме кој како израснал гледај вака значи се раѓаш се мучиш подоцна учиш твориш работиш се трудиш се форсираш се нервираш со цел да најдеш работа да ја ќариш најдобрата девојка да бидеш најдобро платен да створиш семејство да го огледуваш па секирации и фрустрации па подоцна како старец(зомби) све ти фали те онаму те боли те она откажало гледаш и се распаѓаш што значи пак се мучиш за џабе и на крај единствен начин да бидеш слободен од се е да си умреш.
Е сега некој ке рече ке нема да се мачам ке легам ама пак природниот тек неможеш да го зауставиш телото ке си бара вода храна ке ти биде ладно те топло што значи само едно пак си на маки.
Единствен начин да бидеш слободен е ти да бидеш мртов
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Zatoa sto gospod ne postoi.

Sent from my HUAWEI P6-U06
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
За човекот, животот никогаш нема да биде фер. Ретко кој ќе каже "среќен сум, ништо не ми фали" затоа што секогаш се гледа негативната страна т.е. што фали.
Човекот е такво алчно суштество што никогаш нема да се задоволи со тоа што го има. Од една страна тоа е добро затоа што секогаш треба да се турка напред кон поголеми успеси, меѓутоа не смее да се заборави на постигнатото и придобивките од него во ниеден момент (а тоа најчесто се случува).
Ако можеш да преземеш нешто во врска со одреден проблем - преземи, не седи со скрстени раце самосожалувајќи се. Најлесно е да гледаш во туѓиот двор и да јадеш трици или да кукаш. Ако не можеш, соочи се со тоа и пренасочи го интересот кон нешто друго што е дофатливо и во склоп на твоите капацитети. Настаните кои се случуваат надвор од нашата контрола а кои сепак ни влијаат ние бираме како ќе ги перцепираме, дали позитивно или негативно. Дали ќе извлечам поука или ќе си ја копам сопствената дупка од мене зависи.
Секој избор кој го правиме е меч со две острици. Пример аплицираш за работа и има две опции, или ќе те одбијат или ќе те примат. И во двете ситуации треба да останеш сконцетриран на целта(работата) - ако те примат, изложи ги своите способности и надогради ги, ако те одбијат - не се жали туку аплицирај одново.
Животот се состои од падни-стани. Така човек се ојачува, така човек учи да цени и почитува, учи за себе и за луѓето околу него. Никој не се родил учен, со изградена личност. Богаташот без разлика колку пари има во џебот ако не ја цени парата и тоа што го постигнал нема да биде среќен и задоволен, истото важи и за сиромавиот како во примерот на The_Red1 .
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Како и обично... Тие што ги виделе малку потешките работи во животот ќе ја сватат темава и ќе пишат солидни мислења... Убаво викам јас човек дур не осети на своја кожа неможе да знае како е... Па ќе нагаѓаме сега петко,станко,митре е крив...
Истото и јас го викам.... војна,трауми,насилство,бајачки,проблеми,болести,тумори,ракови... мислам дека се набројав што поминав :).. сепак.. Животот е борба,преживувањето е наша одговорност.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Истото и јас го викам.... војна,трауми,насилство,бајачки,проблеми,болести,тумори,ракови... мислам дека се набројав што поминав :).. сепак.. Животот е борба,преживувањето е наша одговорност.
Ama ne e lesen....mora napred,vikaat posle dozd sonce,posle sonce dozd i se taka .....
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Истото и јас го викам.... војна,трауми,насилство,бајачки,проблеми,болести,тумори,ракови... мислам дека се набројав што поминав :).. сепак.. Животот е борба,преживувањето е наша одговорност.

За таквите работи мислев дека не е фер животот... Али како и нормално и во реалноста тие што проживеале знаат која ми е поентата... Само лесно е на некој што најголем проблем му е што да облече да дава совети и да мудрува на некој што го видел дното... поздрав
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Ama ne e lesen....mora napred,vikaat posle dozd sonce,posle sonce dozd i se taka .....
Јас поголемиот дел од животот го поминав ''во облаци'',за да не излажам точно време ќе кажам цело мое детство,а дел од работите што ги набројав и ден денеска ги доживувам,ниедна од тие работи не ја напишав случајно а да ја немам доживеано или не ја доживувам во моментот.Сакам да кажам еден текст кој вика... Никој не удира толку јако колку што удира животот,со еден удар може да те закое за дното и да те држи тамо засекогаш.Но не е важна јачината на ударот ВАЖНО Е ДА СТАНЕШ И ПРОДОЛЖИШ НАПРЕД,не е важно колку удари си примил ВАЖНО Е ДА СТАНЕШ И ПРОДОЛЖИШ НАПРЕД..
--- надополнето: 2 септември 2013 во 19:25 ---
За таквите работи мислев дека не е фер животот... Али како и нормално и во реалноста тие што проживеале знаат која ми е поентата... Само лесно е на некој што најголем проблем му е што да облече да дава совети и да мудрува на некој што го видел дното... поздрав
така е... и затоа ми паѓа мрак пред очи кога ќе слушнам ИМАМ ПРОБЛЕМ САКАМ ДА СЕ УБИЈАМ,НЕ МИ СЕ ЖИВИ,РАСКИНАВ СО ДЕЧКО/ЖЕНСКА МИ... и слични по мене ретардирани изјави.. како што кажав Животот е борба која треба да им пружиме жилав отпор,тоа е наша одговорност..
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Јас поголемиот дел од животот го поминав ''во облаци'',за да не излажам точно време ќе кажам цело мое детство,а дел од работите што ги набројав и ден денеска ги доживувам,ниедна од тие работи не ја напишав случајно а да ја немам доживеано или не ја доживувам во моментот.Сакам да кажам еден текст кој вика... Никој не удира толку јако колку што удира животот,со еден удар може да те закое за дното и да те држи тамо засекогаш.Но не е важна јачината на ударот ВАЖНО Е ДА СТАНЕШ И ПРОДОЛЖИШ НАПРЕД,не е важно колку удари си примил ВАЖНО Е ДА СТАНЕШ И ПРОДОЛЖИШ НАПРЕД..
--- надополнето: 2 септември 2013 во 19:25 ---


така е... и затоа ми паѓа мрак пред очи кога ќе слушнам ИМАМ ПРОБЛЕМ САКАМ ДА СЕ УБИЈАМ,НЕ МИ СЕ ЖИВИ,РАСКИНАВ СО ДЕЧКО/ЖЕНСКА МИ... и слични по мене ретардирани изјави.. како што кажав Животот е борба која треба да им пружиме жилав отпор,тоа е наша одговорност..

Говор роки балбоа... Стил на живеење сличен на мојот почит до тебе
 

Kajgana Shop

На врв Bottom