Погодено. И поентата на филмот одговара на темава, и тоа што е од 60та.
Животот не е фер заради човечкиот фактор, и не зборам за стрикна особина. Успехот во животот е еден чуден склоп на околности во кој не мора да значи дека ќе добие оној интелигентниот, или оној кој размислува многу. Напротив, се чини дека повеќе успеваат оние кои размислуваат помалку и за поедноставните работи, а повеќе прават. Се чини дека дали животот е фер или нефер, е само една голема случајност. Ова особено е точно, ако земеме во предвид што се` постои како болест без причина во медицината, какви се` различни култури и начини на живот постојат во светот... Човек мора да се запраша од каде е баш тука и како баш сега, и зошто работите кои се надвор од негова контрола се одвиваат на тој особен начин, но ако се прашува премногу и таков е по својот карактер, може нема да постигне да го сврти тоа во своја полза.