Ќе пишам помал дел од нешто што сакав во друга тема да го пишам (Целта на животот или како и да беше).
Хмм, "не е фер" се зборови што ги сметам за лузерски повеќе би се изразил "е срање".
Да, живототот во оваа форма што ја познаваме е срање, секој што подразмислил малце повеќе ќе го заклучи и прифати ова без многу пимплање и нема да се прашува зошто животот не е фер/реален убав итн.
Некој ќе го смета постов за тотално песимистички, негативен или како и да е I don't fucking care, секогаш сум се сметал за реалист без разлика другиве што мислат за мене.
Како што пишав веќе животот го сметам за срање, НО срање кое треба да го направиме максимум што можеме подносливо и попозитивно, некој ќе успее во тоа повеќе некој помалку.
Па во овој 21ви век кога сеуште има војни и се убиваат луѓе со луѓе за територијални и било какви други предности некој ќе ми каже дека животов е убав и розев?
Судбината на 95 проценти од населението без разлика дали си македонец германец узбекистанец итн. е егзистенцијална, разликата е што некаде ќе се исплати тоа повеќе некаде помалку, во македонскиов случај секако помалку.
Па тие 95 проценти од населението го прави тоа што мора за да преживее а да добие многу малку. Работиш 40 години во кои тие што имаат среќа само третина од денот им е поминат во работа, оние другите пола ден го поминуваат во рмбање, а останатите активности, семејство пријатели партнер каде се сместуваат, во која временска рамка, постои ли воопшто таа рамка? Моменталната судбина човечка е рмбање цел живот за да добиеш во последните 10-15 години кога си со побелена коса и збрчкано лице некое блаженство, одмор и да донесеш заклучоци дали си живеел поубав или посрање живот.
Останатите пак 5 проценти, оние со милионски суми на контото ќе кажете како во секој романтичен филм дека не се среќни и покрај тоа што имаат толку пари и можат well, во моментов да прелетаат од која било до која било точка на планетава. Не, во случај на тешка болест тоа што ќе можат да си дозволат да ја направат потребната операција без проблеми ги прави помалце среќни од оние што мораат да пуштаат известувања по социјални мрежи, да одат од врата до врата, да отвараат банковни сметки за донации, за да ја направат нивната потребна операција за која доста често и не успева да се собере потребната сума на пари...
95% > 5%, што значи поголемата мизерија доминира во однос на помалата мизерија, па донесете и сами некој реален заклучок за животот па се надевам нема да се прашувате зошто животот е ваков каков што е.
Наше што останува е да тежнееме да го направиме тоа срање што ни е понудено најпозитивно што може, некој ќе успее некој не, некој со труд ќе влезе до тие 5 проценти некој не. Не се фаќајте одма за материјалната страна, не тежнеам кон тоа ако си без мозок џабе ти се материјални добра, но без тие добра не би можел да искусиш многу други добра што ги нуди животот, затоа рано е да се зборува, почекајте едно 40тина години (ако имате среќа да дотуркате до толку) па ќе донесете заклучок дали животот кон вас бил добар или не.
На крај е најбитна е борбата, некогаш ќе се исплати некогаш не, ако не пробаш ќе речеш можев а не направив. Борбата со животот секогаш ќе биде сурова, твое е дали ќе успееш да ја преживееш или не.