Зошто децата се крштеваат (во православието) на својата 1 година?

Дали го одобрувате тоа што друг им ја одбира религијата?!?


  • Вкупно гласачи
    178

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Па многу работи Господ ми помогнал,Господ направил добри дела,му се заблагодарувам,полн ми е духот,гордоста,поисполнета сум,поубаво ми е да верувам
Не те прашав тоа.
Твоја работа е во што ќе веруваш, тоа по закон и устав ти е гарантирано.
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Не те прашав тоа.
Твоја работа е во што ќе веруваш, тоа по закон и устав ти е гарантирано.
Ако пишувам за крштевање и за религијата ќе личи дека те убедувам а немам намера да се расправам само повеќе ги почитуваат тие што веруваат,тие што имаат верва а не некој да ме убедува спротивно
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Ако пишувам за крштевање и за религијата ќе личи дека те убедувам а немам намера да се расправам само повеќе ги почитуваат тие што веруваат,тие што имаат верва а не некој да ме убедува спротивно
Кој тоа почитува и кого. Еве јас помалку го почитувам тој што верува. И сега што?
Зошто ти мислиш дека си супериорна во однос на тие што не веруваат? Толку на едноставно прашање не можеш да одговориш?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.663
Поени од реакции
11.886
Затоа што религијата треба да биде ЛИЧЕН избор! А не бренд што се наследува со раѓање! Како може да прашувате зошто било погрешно?!
Зошто тоа дете само да не одлучи дали ќе верува во некоја религија или не? Зошто да му се наметнува од раѓање?
Точно, религијата е личен избор, исто како и националноста, и исто како и националноста, може во било кој момент да биде сменета од страна на припадникот на таа религија или на таа националност - под услов да ги има 18 години или повеќе.

Како што нашинците вадат татарски пасоши - бидејќи тоа е нивно неоспорливо лично право, така и припадниците на било која религија можат кога сакаат да ја баталат религијата - бидејќи тоа е нивно неоспорливо лично право.

Образованието исто така е загарантирано право - во Република Македонија исто така е и обврска, но ги има одредени индивидуи кои не ги запишуваат своите деца во училиште, бидејќи и тоа е нивно право - санкционирано со парична казна и ништо повеќе.

Права ги има безброј, начинот на кој истите се практикуваат е друга работа.

Кој тоа почитува и кого. Еве јас помалку го почитувам тој што верува. И сега што?
Зошто ти мислиш дека си супериорна во однос на тие што не веруваат? Толку на едноставно прашање не можеш да одговориш?
Религијата не е прашање на супериорност, туку прашање на верување.

Ти велиш дека помалку ги почитуваш тие кои веруваат и несомнено затоа ги изедначуваш поимите верување и супериорност.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.899
Поени од реакции
35.741
А што е лошо во тоа?? И да го прашаат ли сине дали сакаш па тоа е дете,незнае дали сака или несака и зашто да не се крштеваат?
Зошто па да го плаши некој со брада таму и да го гледаат голо сите :D
Фактички ти му наметнуваш нешто, не е негов избор, силум е работава.[DOUBLEPOST=1486326956][/DOUBLEPOST]
Женско сум а ти си евреј па криво ти е?? И не ве разбирам вас вие што сте против убави работи,против обичаите никогаш нема да ве сватам
не сите обичаи се добра работа, еве колумбијците имаат традиција да се сексаат со магариња, тоа арна работа е?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.663
Поени од реакции
11.886
Зошто па да го плаши некој со брада таму и да го гледаат голо сите :D
Фактички ти му наметнуваш нешто, не е негов избор, силум е работава.
Нема потреба од религија за брадата, има и атеисти кои носат брада, и нео-нацисти со лустер глави со истетовирани свастики над скалповите.

Тоа не е прашање на религија, туку прашање на домашно воспитување и на домашни обичаи и традиции.

Така на пример, има одредени индивидуи кои се израснати во криминални семејства, и сосема очекувано израснуваат во криминалци - ваквите индивидуи ги има во изобилие во Македонија, земјада на чудата. Прашање е на домашно воспитување, а не на религија.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.899
Поени од реакции
35.741
Нема потреба од религија за брадата, има и атеисти кои носат брада, и нео-нацисти со лустер глави со истетовирани свастики над скалповите.

Тоа не е прашање на религија, туку прашање на домашно воспитување и на домашни обичаи и традиции.

Така на пример, има одредени индивидуи кои се израснати во криминални семејства, и сосема очекувано израснуваат во криминалци. Прашање е на домашно воспитување, а не на религија.
Не си ме разбрал нешто, суштината не е во брада или бричена глава на попот, туку во личен избор на секоја индивидуа, ти не си одлучил самиот да бидеш христијанин, туку тоа ти го наметнале како дете. Да си бил роден во муслиманско семејство сега ќе кажуваше дека исламот е една и единствена вистина и права религија.[DOUBLEPOST=1486327298][/DOUBLEPOST]
Па многу работи Господ ми помогнал,Господ направил добри дела,му се заблагодарувам,полн ми е духот,гордоста,поисполнета сум,поубаво ми е да верувам
На пример? Што ти помогна госпо и како си сигурна дека на госпо му се нажали баш за тебе од 7.5 милијарди на планетава и те виде тебе дека си на мака во мониторот негов дур си пиеше греана жолта и јадеше јагнешко?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.663
Поени од реакции
11.886
Не си ме разбрал нешто, суштината не е во брада или бричена глава на попот, туку во личен избор на секоја индивидуа, ти не си одлучил самиот да бидеш христијанин, туку тоа ти го наметнале како дете. Да си бил роден во муслиманско семејство сега ќе кажуваше дека исламот е една и единствена вистина и права религија.
Значи сепак потврдуваш дека станува збор за домашно воспитување, а не за религија, доколку јас сум израснел во муслиманско семејство.

Татко ми е крштеван како новороденче и е` израснат во христијанско семејство, па сепак верува во Бог колку што има траги надвор од ланскиот снег.

Мајка ми од друга страна, израсната е исто така од христијани, но нејзиниот татко бил воено лице во ЈНА, каде што услов за унапредување било да не си венчан во црква и да не ги имаш крстено децата во црква. Но сепак, и покрај таквото полуатеистичко домашно воспитување - велам полуатеистичко бидејќи мајка ми потекнува од регион каде што врие од цркви и речиси невозможно е да не се слушнат христијанските пораки од Новиот Завет - сепак мајка ми оди редовно во црква, но и самата вели дека не верува во Бога.

Така да, сепак домашното воспитување и средината во која човекот е израснат влијаат врз неговите начини на размислување и неговите навики и верувања.

Да очекуваш од саудиецот да биде секуларист е исто како да очекуваш снег да падне во Сахара - за волја на вистината оваа зима 2016/2017 падна снег во Сахара, но саудијците и понатаму не се секуларисти - бидејќи не се израснати во секуларна средина.

Ние Македонците сме израснати во претежно секуларна средина и благодарејќи на тоа крштевањето повеќе е семејна традиција и обичај кај тие кои ги крштеваат своите деца, отколку религиска определба. Јас лично познавам крштевани атеисти кои не веруваат во Бога и некрштевани христијани кои се плашат напразно да кажат "жити Господ" или "Боже Господе".

Се е` прашање на домашното воспитување и средината во која човекот е израснат.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Религијата не е прашање на супериорност, туку прашање на верување.

Ти велиш дека помалку ги почитуваш тие кои веруваат и несомнено затоа ги изедначуваш поимите верување и супериорност.
Што мешаш баби и жаби. Прашав дали госпоѓицата се чуствува супериорна затоа што верува над тие што не веруваат. Сама си кажа дека повеќе ги почитувале тие што верувале, тие што биле крстени и тн.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.899
Поени од реакции
35.741
Значи сепак потврдуваш дека станува збор за домашно воспитување, а не за религија, доколку јас сум израснел во муслиманско семејство.

Татко ми е крштеван како новороденче и е` израснат во христијанско семејство, па сепак верува во Бог колку што има траги надвор од ланскиот снег.

Мајка ми од друга страна, израсната е исто така од христијани, но нејзиниот татко бил воено лице во ЈНА, каде што услов за унапредување било да не си венчан во црква и да не ги имаш крстено децата во црква. Но сепак, и покрај таквото полуатеистичко домашно воспитување - велам полуатеистичко бидејќи мајка ми потекнува од регион каде што врие од цркви и речиси невозможно е да не се слушнат христијанските пораки од Новиот Завет - сепак мајка ми оди редовно во црква, но и самата вели дека не верува во Бога.

Така да, сепак домашното воспитување и средината во која човекот е израснат влијаат врз неговите начини на размислување и неговите навики и верувања.

Да очекуваш од саудиецот да биде секуларист е исто како да очекуваш снег да падне во Сахара - за волја на вистината оваа зима 2016/2017 падна снег во Сахара, но саудијците и понатаму не се секуларисти - бидејќи не се израснати во секуларна средина.

Ние Македонците сме израснати во претежно секуларна средина и благодарејќи на тоа крштевањето повеќе е семејна традиција и обичај кај тие кои ги крштеваат своите деца, отколку религиска определба. Јас лично познавам крштевани атеисти кои не веруваат во Бога и некрштевани христијани кои се плашат напразно да кажат "жити Господ" или "Боже Господе".

Се е` прашање на домашното воспитување и средината во која човекот е израснат.
Не те разбирам за што ме цитираше, јас не навлегувам во што ти ќе веруваш понатаму и дали ќе го прифатиш тоа што ти го наметнале како дете, јас ти кажувам дека сум против од наметнување на нешто додека не си свесен и немаш појма што се случува околу тебе.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
А да не е лошо да верува во господ и да оди во црква?? Родителите и детето некако не ми е логично да се различни
Значи тебе ти е логично децата да немаат способност да носат свои одлуки? Да бидат програмирани во што да веруваат, што да бидат, што да очекуваат.... Тебе ти е логично децата да бидат роботи, без свое јас, бледи копии на родителите. :tapp:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.663
Поени од реакции
11.886
Што мешаш баби и жаби. Прашав дали госпоѓицата се чуствува супериорна затоа што верува над тие што не веруваат. Сама си кажа дека повеќе ги политувале тие што верувале, тие што биле крстени и тн.
Не знам за госпоѓицата, само на тебе ти реплицирав дека религијата е прашање на верување, а не на супериорност.

Не те разбирам за што ме цитираше, јас не навлегувам во што ти ќе веруваш понатаму и дали ќе го прифатиш тоа што ти го наметнале како дете, јас ти кажувам дека сум против од наметнување на нешто додека не си свесен и немаш појма што се случува околу тебе.
На мене од раѓање ми наметнувале дека треба самостојно да ги формирам моите лични ставови за се` и сешто, не знам што ти наметнувале на тебе.

Јас само спомнав дека крштевањето не ги врзува луѓето за христијанството, туку повеќе е обичај кој се пренесува од генерација на генерација, а во што човек ќе верува или нема да верува, зависи претежно од домашното воспитување и околината во која е израснат.

Пред 1000 години христијанските народи ги учеле нивните деца дека треба да бидат крстоносци и дека треба гинат за да ги ослободат Ерусалим и Светата Земја од паганите и муслиманите.

Денес христијанските народи претежно ги учат своите деца дека религијата е нивна лична определба - тие кои се верници и ги крштевале своите деца, им го нудат христијанството како религиска опција, а тие кои не се верници вообичаено не ги крштеваат своите деца, но и ако ги крштевале, сепак ги учат децата дека или треба самостојно да се определат за својата религија, или воопшто да не бидат религиозни.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Точно, религијата е личен избор, исто како и националноста, и исто како и националноста, може во било кој момент да биде сменета од страна на припадникот на таа религија или на таа националност - под услов да ги има 18 години или повеќе.

Како што нашинците вадат татарски пасоши - бидејќи тоа е нивно неоспорливо лично право, така и припадниците на било која религија можат кога сакаат да ја баталат религијата - бидејќи тоа е нивно неоспорливо лично право.

Образованието исто така е загарантирано право - во Република Македонија исто така е и обврска, но ги има одредени индивидуи кои не ги запишуваат своите деца во училиште, бидејќи и тоа е нивно право - санкционирано со парична казна и ништо повеќе.

Права ги има безброј, начинот на кој истите се практикуваат е друга работа.
Што значи, крштевањето на деца е погрешно, неетичко и себично.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Не знам за госпоѓицата, само на тебе ти реплицирав дека религијата е прашање на верување, а не на супериорност.
Не знам ти зошто си ми реплицирал. За госпоѓицата очигледно е супериорност нејзиното верување. Се рачуна за повеќе вредна од тие што не се христијани. Ако тоа не е супериорност, не знам што е. Не ме занима за тебе дали е или не.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.899
Поени од реакции
35.741
Не знам за госпоѓицата, само на тебе ти реплицирав дека религијата е прашање на верување, а не на супериорност.



На мене од раѓање ми наметнувале дека треба самостојно да ги формирам моите лични ставови за се` и сешто, не знам што ти наметнувале на тебе.

Јас само спомнав дека крштевањето не ги врзува луѓето за христијанството, туку повеќе е обичај кој се пренесува од генерација на генерација, а во што човек ќе верува или нема да верува, зависи претежно од домашното воспитување и околината во која е израснат.

Пред 1000 години христијанските народи ги учеле нивните деца дека треба да бидат крстоносци и дека треба гинат за да ги ослободат Ерусалим и Светата Земја од паганите и муслиманите.

Денес христијанските народи претежно ги учат своите деца дека религијата е нивна лична определба - тие кои се верници и ги крштевале своите деца, им го нудат христијанството како религиска опција, а тие кои не се верници вообичаено не ги крштеваат своите деца, но и ако ги крштевале, сепак ги учат децата дека или треба самостојно да се определат за својата религија, или воопшто да не бидат религиозни.
Види го видеото за Колумбија што го ставив во погорните постови и кажи ми дали ако е нешто обичај тоа значи и дека е правилно?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom