Зошто децата се крштеваат (во православието) на својата 1 година?

Дали го одобрувате тоа што друг им ја одбира религијата?!?


  • Вкупно гласачи
    178
Член од
24 април 2008
Мислења
10.658
Поени од реакции
11.885
Што значи, крштевањето на деца е погрешно, неетичко и себично.
Тоа е право загарантирано со Устав во сите секуларни држави.

Едно време постоеја држави кои отворено се декларираа како секуларни, но истовремено и атеистички - како Советскиот Сојуз и Југославија на пример, некои дури и им ги одземаа децата на своите родители доколку ги учат на верувања спротивни на партиските, пардон - државните верувања, но ете, денес тие држави повеќе не постојат, а христијанството зема нов замав во истите тие држави.

Мала поправка: Советскиот Сојуз и Југославија не беа баш атеистички држави, бидејќи имаа своја државна религија - социјализам, каде што Комунистичката Партија беше државната црква, а членовите на партијата беа верниците. Тие кои не беа членови на партијата, беа припадници на пролетаријатот и како такви живееа во идеолошка диктатура, каде што имаа право само да веруваат во државната пропаганда, како што беше приказната за Братство и единство во Југославија, за која видовме како заврши.

Кина, која е светски промотер на атеизмот, иронично, е државата со највисока стапка на раст на новокрштевани христијани во светот. Како и зошто во водечка атеистичка држава христијанството успеало да земе замав, претпоставувам ќе треба да ги прашаш Кинезите.

Не знам ти зошто си ми реплицирал. За госпоѓицата очигледно е супериорност нејзиното верување. Се рачуна за повеќе вредна од тие што не се христијани. Ако тоа не е супериорност, не знам што е. Не ме занима за тебе дали е или не.
Само се надоврзав на твојот коментар, за да потенцирам дека религијата не е прашање на супериорност, туку прашање на верување.

Ако некој(а) се смета себеси за супериорен поради неговите/нејзините религиски верувања, тоа е повеќе прашање на лично убедување, а не на верско учење - барем за христијанството можам да ти потврдам дека Новиот Завет не ги учи луѓето на супериорност.

Види го видеото за Колумбија што го ставив во погорните постови и кажи ми дали ако е нешто обичај тоа значи и дека е правилно?
Добредојде во клубот, секако дека не е правилно.

Кога веќе истражуваш видео записи, побарај го видео записот од арапска жена на која и` ја исекоа главата како на животно среде улица во Саудиска Арабија пред некоја година.

Саудијците изразија револт и шокираност поради видео записот, но не поради обезглавувањето на жената, туку бидејќи видео записот завршил на Интернет каде што целиот свет може да види каков третман добиваат жените осудени на смртна казна во Саудиска Арабија.

Очигледно од видео записите од Колумбија и Саудиска Арабија можеме да извлечеме доста објективни и здрави заклучоци - како на пример дека треба да бидеме благодарни бидејќи не сме се родиле и не сме израснале во такви држави и во такви општества.
 
Последно уредено:

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Ако некој(а) се смета себеси за супериорен поради неговите/нејзините религиски верувања, тоа е повеќе прашање на лично убедување, а не на верско учење - барем за христијанството можам да ти потврдам дека не ги учи верниците на супериорност.
Абе тури му пепел што учи религијата (ма кое и да е, христијанство, ислам, будизам...итн). Ако тоа учење прави разодор меѓу луѓето и секој што припаѓа на одредена религија се понаша ко господ за му.... пардон, брада го фатил, тогаш до учењето и учителите е, не е до учениците.

П.С. Ако во новиот завет не учел такво нешто, што мајка бара тогаш стариот завет , во библијата, кој е полн со спротивното па дури и повикува на убиство на неверниците и ај да не кажувам што уште не.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Тоа е право загарантирано со Устав во сите секуларни држави.

Едно време постоеја држави кои отворено се декларираа како секуларни, но истовремено и атеистички - како Советскиот Сојуз и Југославија на пример, некои дури и им ги одземаа децата на своите родители, но ете, денес тие држави повеќе не постојат, а христијанството зема нов замав во истите тие држави.

Мала поправка: Советскиот Сојуз и Југославија не беа баш атеистички држави, бидејќи имаа своја државна религија - социјализам, каде што Комунистичката Партија беше државната црква, а членовите на партијата беа верниците. Тие кои не беа членови на партијата, беа припадници на пролетаријатот и како такви живееа во идеолошка диктатура, каде што имаа право само да веруваат во државната пропаганда, како што беше приказната за Братство и единство во Југославија, за која видовме како заврши.

Кина, која е светски промотер на атеизмот, иронично, е државата со највисока стапка на раст на новокрштевани христијани во светот. Како и зошто во водечка атеистичка држава христијанството успеало да земе замав, претпоставувам ќе треба да ги прашаш Кинезите.
Во ниеден устав нема право загарантирано според кое можеш да наметнуваш на дете религија, идеологија или да го користиш за пропагандни цели или во ритуали и церемонии.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.658
Поени од реакции
11.885
Абе тури му пепел што учи религијата (ма кое и да е, христијанство, ислам, будизам...итн). Ако тоа учење прави разодор меѓу луѓето и секој што припаѓа на одредена религија се понаша ко господ за му.... пардон, брада го фатил, тогаш до учењето и учителите е, не е до учениците.
Па баш во случајот со христијанството е во учењето, бидејќи Новиот Завет вели дека во домот Господов има место за сите, а не само за тие кои се следбеници на Новиот Завет.

Но токму христијанските учители се тие кои вршеа дискриминација врз луѓето кои не беа следбеници на Новиот Завет, како на пример Руската Православна Црква во Руската Империја, каде што се вршеле анти-семитистички погроми против Евреите, исто и Католичката црква и шпанската инквизиција не само против Евреите, туку и против многу други народи извршија секакви злосторства во името на Новиот Завет, кој никаде не спомнува насилство или присилно воведување на неверници во христијанството.

П.С. Ако во новиот завет не учел такво нешто, што мајка бара тогаш стариот завет , во библијата, кој е полн со спротивното па дури и повикува на убиство на неверниците и ај да не кажувам што уште не.
Затоа што Новиот Завет го наследува и го заменува Стариот Завет.

Затоа што во Новиот Завет се повторуваат 10-те Божји заповеди од Стариот Завет, а Стариот Завет објаснува како и зошто човештвото дошло до тие 10 Божји заповеди.

Во ниеден устав нема право загарантирано според кое можеш да наметнуваш на дете религија, идеологија или да го користиш за пропагандни цели или во ритуали и церемонии.
Индиректно секуларните Устави тоа го дозволуваат.

Ако Уставот дозволува слобода на религија, а религијата ги учи верниците дека треба и нивните деца да ги воведат уште од раѓање во таа религија, тогаш значи Уставот индиректно ги дозволува таквите религиски церемонии.

Истото важи и за идеологиите, ако Уставот дозволува слобода на идеолошко мислење и на идеолошка определба, тогаш индиректно ја дозволува идеолошката индоктринација и на младината, во спротивно би било забрането формирањето на партиска младина.

Не го пишува црно на бело, но го пишува меѓу редови, таму лежи зајакот.
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Значи тебе ти е логично децата да немаат способност да носат свои одлуки? Да бидат програмирани во што да веруваат, што да бидат, што да очекуваат.... Тебе ти е логично децата да бидат роботи, без свое јас, бледи копии на родителите. :tapp:
Па деца се како дете од 1 год да размислува??[DOUBLEPOST=1486331184][/DOUBLEPOST]
Зошто па да го плаши некој со брада таму и да го гледаат голо сите :D
Фактички ти му наметнуваш нешто, не е негов избор, силум е работава.[DOUBLEPOST=1486326956][/DOUBLEPOST]
не сите обичаи се добра работа, еве колумбијците имаат традиција да се сексаат со магариња, тоа арна работа е?
Секаде се крстат низ цел свет а македонци ко македонци све им смета,такви сме ние а ова со магарево е измислена работа,дека не се од 21 век,они се неандреталци[DOUBLEPOST=1486331360][/DOUBLEPOST]
Значи тебе ти е логично децата да немаат способност да носат свои одлуки? Да бидат програмирани во што да веруваат, што да бидат, што да очекуваат.... Тебе ти е логично децата да бидат роботи, без свое јас, бледи копии на родителите. :tapp:
Како бе непостоечки и измислено тоа со крштевањето?? Па тоа со години е така,низ цел свет ама македонци ко македонци све им смета за се да бидат во право
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Индиректно секуларните Устави тоа го дозволуваат.

Ако Уставот дозволува слобода на религија, а религијата ги учи верниците дека треба и нивните деца да ги воведат уште од раѓање во таа религија, тогаш значи Уставот индиректно ги дозволува таквите религиски церемонии.

Истото важи и за идеологиите, ако Уставот дозволува слобода на идеолошко мислење и на идеолошка определба, тогаш индиректно ја дозволува идеолошката индоктринација и на младината, во спротивно би било забрането формирањето на партиска младина.

Не го пишува црно на бело, но го пишува меѓу редови, таму лежи зајакот.
Во уставот нема конкретна забрана ни за гасни комори па тоа незначи дека се индиректно дозволени. Во Македонија е на пример забрането да се користат деца во политика и политички кампањи од истите причини што ги нагласив погоре, религијата не е ништо поразлична.
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Пак ке кажам македонци ко македонци,такви сме ние се ни смета,цел свет прифаќа све ама ние македонците тешкооооо
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Па деца се како дете од 1 год да размислува??
Епа добро утро, тоа е и поентата! Зошто да не се остави тоа дете да созрее и да може само да одлучува како зрел човек дали и во што ќе верува?
Како бе непостоечки и измислено тоа со крштевањето?? Па тоа со години е така,низ цел свет ама македонци ко македонци све им смета за се да бидат во право
Ти изгледа имаш проблем да разбереш што ти пишувам. Каде напишав непостоечко и измислено?!
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Не знам ти зошто си ми реплицирал. За госпоѓицата очигледно е супериорност нејзиното верување. Се рачуна за повеќе вредна од тие што не се христијани. Ако тоа не е супериорност, не знам што е. Не ме занима за тебе дали е или не.
Не сум повеќе вредна,сите сме исти само некој не дели туку тие што не веруваат ги сметам за назадни а со атеист да се разговара исто ако негативец,се ке ти одрекува и се ќе биде негативно[DOUBLEPOST=1486331852][/DOUBLEPOST]
Епа добро утро, тоа е и поентата! Зошто да не се остави тоа дете да созрее и да може само да одлучува како зрел човек дали и во што ќе верува?

Ти изгледа имаш проблем да разбереш што ти пишувам. Каде напишав непостоечко и измислено?!
А што е лошо во таа традиција?? Убава е традицијата зашто да не се крштеваат?? Ама македонци ко македонци се им смета и ако низ цел свет се крштеваат и им е нормално ама таков народ сме
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Пак ке кажам македонци ко македонци,такви сме ние се ни смета,цел свет прифаќа све ама ние македонците тешкооооо
Кој е тој цел свет? Што тресеш глупости? Како да не смета кога нешто кое треба да биде лично и интимно, некој упорно го користи како орудие за индоктринација?
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.886
Поени од реакции
35.718
Па деца се како дете од 1 год да размислува??[DOUBLEPOST=1486331184][/DOUBLEPOST]
Секаде се крстат низ цел свет а македонци ко македонци све им смета,такви сме ние а ова со магарево е измислена работа,дека не се од 21 век,они се неандреталци[DOUBLEPOST=1486331360][/DOUBLEPOST]
Како бе непостоечки и измислено тоа со крштевањето?? Па тоа со години е така,низ цел свет ама македонци ко македонци све им смета за се да бидат во право
Измислена исто како и обичаите кај нас и сеуште постои и во 21 век.
Дали мислиш дека е во ред некој присилно да те натера да бидеш муслиманка сега исто како што му се прави на бебињата за да бидат христијани?
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Кој е тој цел свет? Што тресеш глупости? Како да не смета кога нешто кое треба да биде лично и интимно, некој упорно го користи како орудие за индоктринација?
Секаде во светот се крштеваат деца освен во некој племиња а тоа е повеќе обичај и традиција него за вера и нација и со години е така и ако родителите се христијани логично е и детето да е и ако родителите веруваат во Господ логично е и детето да верува,зашто да не верува??[DOUBLEPOST=1486332192][/DOUBLEPOST]
Измислена исто како и обичаите кај нас и сеуште постои и во 21 век.
Дали мислиш дека е во ред некој присилно да те натера да бидеш муслиманка сега исто како што му се прави на бебињата за да бидат христијани?
Тоа е друго што муслиманиве сакаат сите ние да бидеме муслимани,такви се они,сакаат цела земја да е нивна
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
А што е лошо во таа традиција?? Убава е традицијата зашто да не се крштеваат?? Ама македонци ко македонци се им смета и ако низ цел свет се крштеваат и им е нормално ама таков народ сме
Ете за мене не е убава! И не само за мене! Но не е тоа поентата! Повеќе пати ти кажав што е погрешното - Тоа што не се остава на поединецот сам да одлучи, туку од најрана возраст му се наметнува во што да верува, што да мисли, со што да се идентификува! Тоа е карактеристика на робови, на луѓе без свое јас! Луѓе што не се способни да разберат дека ако нешто нив им е убаво незначи дека истото на сите треба или мора да им биде убаво! Таквите не застануваат само на крштевање, таквите си ги форсираат децата да се претворат во некоја нивна замисла за успешен човек, форсирајќи ги да учат на факултети што не ги сакаат и да работат во професии каде не се пронаоѓаат! И на крај создаваат ,,успешни" доктори, правници, економисти што ќе бидат несреќни цел живот.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Не сум повеќе вредна,сите сме исти само некој не дели туку тие што не веруваат ги сметам за назадни а со атеист да се разговара исто ако негативец,се ке ти одрекува и се ќе биде негативно
Не верувам ни самата дека ќе разбереш што напиша. Колку те разбирам велиш дека, Тие што не веруваат ги сметаш за назадни? Или лошо те разбрав? Ако така мислиш за мене ти си нечовек. Смени си религија, не е христијанство за тебе.
А што е лошо во таа традиција?? Убава е традицијата зашто да не се крштеваат?? Ама македонци ко македонци се им смета и ако низ цел свет се крштеваат и им е нормално ама таков народ сме
А што е доброто? Лошото ти го кажавме. Оставете ги децата сами да си одлучат на 18+ години.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Секаде во светот се крштеваат деца освен во некој племиња а тоа е повеќе обичај и традиција него за вера и нација и со години е така и ако родителите се христијани логично е и детето да е и ако родителите веруваат во Господ логично е и детето да верува,зашто да не верува??
Логично е секој сам да одлучи во што ќе верува! Јас сум Телемит, моите појма немале што е Телема! Ако ја следиме твојата логика, тогаш логично е луѓето да бидат програмирани роботи, копии на своите родители! Тоа е лудост и глупост!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom