Не си ме разбрал нешто, суштината не е во брада или бричена глава на попот, туку во личен избор на секоја индивидуа, ти не си одлучил самиот да бидеш христијанин, туку тоа ти го наметнале како дете. Да си бил роден во муслиманско семејство сега ќе кажуваше дека исламот е една и единствена вистина и права религија.
Значи сепак потврдуваш дека станува збор за домашно воспитување, а не за религија, доколку јас сум израснел во муслиманско семејство.
Татко ми е крштеван како новороденче и е` израснат во христијанско семејство, па сепак верува во Бог колку што има траги надвор од ланскиот снег.
Мајка ми од друга страна, израсната е исто така од христијани, но нејзиниот татко бил воено лице во ЈНА, каде што услов за унапредување било да не си венчан во црква и да не ги имаш крстено децата во црква. Но сепак, и покрај таквото полуатеистичко домашно воспитување - велам полуатеистичко бидејќи мајка ми потекнува од регион каде што врие од цркви и речиси невозможно е да не се слушнат христијанските пораки од Новиот Завет - сепак мајка ми оди редовно во црква, но и самата вели дека не верува во Бога.
Така да, сепак домашното воспитување и средината во која човекот е израснат влијаат врз неговите начини на размислување и неговите навики и верувања.
Да очекуваш од саудиецот да биде секуларист е исто како да очекуваш снег да падне во Сахара - за волја на вистината оваа зима 2016/2017 падна снег во Сахара, но саудијците и понатаму не се секуларисти - бидејќи не се израснати во секуларна средина.
Ние Македонците сме израснати во претежно секуларна средина и благодарејќи на тоа крштевањето повеќе е семејна традиција и обичај кај тие кои ги крштеваат своите деца, отколку религиска определба. Јас лично познавам крштевани атеисти кои не веруваат во Бога и некрштевани христијани кои се плашат напразно да кажат "жити Господ" или "Боже Господе".
Се е` прашање на домашното воспитување и средината во која човекот е израснат.