Прво, никогаш човек не може за себе да каже колку вреди. И не, никој кој за себе смета дека вреди доволно за да се трудиш околу него, всушност не вреди да се “брка“.
Извини дечки, ако јас за себе незнам колку вредам, треба да чекам ти да ми кажеш? Оу мај гад!
Туку, кога веќе така размислуваш, слободно терај по девојки кои незнаат какви се и патат по тоа други да ги оценуваат.
Нема проблем, твоите принципи се твоја работа и фактот дека имаш став ја покажува убавата страна на твојот карактер. Само, и сама знаеш дека добри мажи не паѓаат од небо и се поретко ги има, како што и девојки се поретко има добри. Поентата ми е, не сакаат сите стереотипи, и не се сите спремни да загинат на бојното поле за Хелена. Одисеј не се бореше, ама имаше други квалитети. За Хелена изгинаа големи Борци, а таа избега со кукавица кој ја украде, но несомнено имаше и други квалитети...
Точно, баш убаво си напиша тука. Значи, токму поради тоа што добрите мажи не паѓаат од небо, јас одбирам и прифаќам да дадам шанса само на тој кој е упорен. Немора да се сите спремни да загинат на бојно поле за мене, нека е само еден квалитетен и доста ми е ... а за тие тие што одоколу или направо ме напаѓаат со спротивставени мислења, нека го имаат прво тоа што го имам јас, па тогаш ќе разговараме подетално ... некои работи кои не се доживеале, неможе да се сфатат и објаснат, многу јасно.
Не, ретко ги мачи мажите овој проблем... навикнати се да се борат, тоа им е во крвта. И за крај една поговорка... убавите круши, свињите ги јадат...
Ја знам поговоркава и најчесто испаѓа дека е точна, ама да те прашам нешто ... ти општо си крушата или свињата?
И сега еден општ муабет, за да го доловам уште малку моето старомодно, смотано и глупаво мислење по ова прашање ...
Секој дечко/маж (ватевр) кога ќе забележи девојка која физички ги задоволува неговите критериуми, што помислува прво? Дека сака да има врска со неа или дека сака да ја легне? Одговорот е јасен.
После ... ако тој истиот и се допаѓа и на девојката и после некој час или некој ден започнат нешто поинтимно (а тоа е нормално секс), колкави се шансите да останат во понатамошна врска? Сексот е пресуден да, ама не ми е поим за почеток на нешто ...
Без оглед колку се удирате во гради тука сите машки дека ви одговара девојка која можете да ја освоите одма, ретко кој би побарал таква девојка пак. (не ми реплицирајте на ова, дека ептен ќе ме изнервирате.)
Па според тоа, јас од дечко секогаш го чекам моментот кога ќе сфатам дека почнува да чувствува нешто за мене (што нема шанси да се случи за неколку часа или денови), а не кога ќе видам дека му се дига на мене ... такви моментални попалувања, не ме интересираат. Можеби ако го анализирам тоа (како што сите правите) ќе испадне дека потсвесно нејќам никој да ме фрли после една вечер, ама и да е така, сепак не ми се лоши што имам таков став.
Нека сум и последна што го мисли ова, баш ми е гајле ... додека не сум сама и имам таков човек, супер ми е и не ме интересира каква ќе ме напишете тука ... мх, мх, мх!:igra:
Како да имав уште нешто да кажам, ама никако да ми текне ... туку ај, отом-потом ...