Прашањето во случајов е зошто сеуште ја игра таа игра кога е свесна и самата дека нема потреба од нејзе, дека дечкото е исто така заинтересиран и може да преминат на следно скалило?
Затоа што знам колку вредам и знам дека ме заслужува само тој кој доволно ќе се потруди околу мене. Тука не мислам на она "те молам биди со мене", туку баш на трудење со милион начини да ме освојува секој ден се` повеќе.
Што сака да провери? Дали ја сака (како ќе докажеш дека ја сакаш ако не ти дозволи да бидеш со нејзе?)? До кој степен е способен да трча околу нејзе за таа конечно да се смилува над него?
Сакам да проверам колку навистина сака да биде со мене, за почеток. Сакањето се проверува и докажува кога веќе започнува врската, многу јасно.
Да, сакам да знам до кој степен е спремен да трча по мене, а тоа кога јас ќе омекнам, не би го нарекла смилување ... навредливо ми звучи и далеку е од она вистинското што барем јас го мислам и чувствувам.
Некој погоре рече дека им е потребно некое време да го обработат типот и да видат што човек е. Значи, уште еднаш - ти веќе знаеш каков човек е, а упорно имаш потреба да го држиш во неизвесност. Си знаеш дека сакаш да бидеш со таа личност.
Кога веќе знам каков е (а тоа не се учи за брзо време), нормално дека нема потреба да ми се докажува повеќе ... кога знам дека сто посто сакам да сум со него и сакам да правам се` со него, тогаш исто нема потреба повеќе да ми се докажува.
Со неколку зборови - воздржување од нешто што го сакаш. Сакам некој да ми каже во што е интересното од таквата игра мачка-глушец, а и двајцата се заинтересирани, кај двајцата постои желба да бидат заедно, да споделат нешто.
Ако тоа нешто го сакаат и двајцата, мала предигра во бркање воопшто не би им сметала ...
Јас сеуште стојам на тоа дека врските кои се темелат на поголем труд се поздрави и појаки ... се друго е ветар во магла, част и чест на исклучоци.
Aма што ако веќе желбата е остварена? Што ако почувствува дека е посакувана? Што ако веќе осетила дека некој друг имал потреба од нејзе (токму од нејзе јасно и гласно)? Што ако ете дечкото се потрудил за таа да сфати дека е искрен во она што го покажува?
Тоа како што кажав не се докажува лесно, а кога веќе ќе се докаже, тука е почетокот на врската (доколку важат сите овие муабети за пред врска, нали).
Не е тоа според мене правење „недостижна личност”. Тука станува збор за нешто друго. Не е недостижна штом му дала знаци за понатамошен пристап кон нејзе, штом препознала и самата дека сака нешто. Зошто тој пристап да се одолговлекува и да трае и трае, наместо и двајцата да се опуштат и да го направат тоа што сакаат и е обострано? Во ред, можеби неизвесноста може да е интересна и за двајцата, ако тоа на интересен начин го прават и двајцата. Ама зошто да трае предолго?
Треба упорно да си дава рокови, да прави иксови на календар колку дена поминале за да не ја помисли лесна?
Јас сум таква и таква ќе останам, но не за да не ме помисли некој лесна, туку затоа што мене така ми одговара. Неизвесноста ми е интересна, одолговлекувањето уште повеќе ...
А тоа со роковите и иксовите на календарот ... немам коментар ... не сум го правела тоа, за да кажам зошто е и како е ... јас си оставам се` да се одвива спонтано, без бележење колку време некој се труди околу мене ...
Ете, тоа е поентата на темата што ја отвори Виктор.
Поента во милион прашања ... туку знам дека скоро на сите мажи ги мачи овој проблем и затоа преувеличуваат, ама па затоа таквите што вечно се жалат и не знаат да разликуваат молење од трудење, вечно ќе патат по добра девојка и вечно девојките ќе им се криви ... секој проблем има две страни, ако не па.