Секогаш идам на карта да се претставам дека јас сум најдобриот за таа девојка.Ако она тоа го разбира и ме одбрала мене супер ќе продолжиме понатаму.Искуството е важно со било која девојка да си дали е Памела Андерсон или Весна Петрушевска треба да си го задржиш твоето јас.А твоето јас треба да се состои од твојот тестостерон кој ти дава самодоверба,одлучност и храброст да ја тераш врската и да даваш идеи во нив.Затоа спортот е најдобро нешто за да се изгради твојот карактер и тело како маж.За мене посебно кога гледам некоја девојка избирам добро место кадешто јас ќе бидам центар на внимание на таа девојка.Се пуштам со голема насмевка на лицето,исправен дотеран и намирисан да се претставам во најдобро светло,сепак една е шансата нели.Не сум некој голем женкар на пари да ги фаќам,иако ги имам но картата ми се зборови и јазик на телото.Добро ја познавам женската психологија и дека ако таа девојка во моментот не е заинтересирана ако те види со друга девојка како делиш нежности,ќе видиш како ќе трча по тебе.
Они имаат систем вредност на еден маж,колку пари има,со кој се дружи,дали е познат се тоа го прават за да го одберат тој што за нив им е најдобар,затоа што они секогаш избираат не ние .Карактерот е битен кај една девојка не и е потребен некој што ќе го закачи на ѕид и сите да и завидуваат што фатила таков дечко.