concrete
alte Esel
- Член од
- 22 март 2005
- Мислења
- 12.248
- Поени од реакции
- 1.703
добро бе eagle, ако на еден народ не му се доволни 2000 години за да дефинира корени,индентитет, да уприличи своја државност....постојано да се однесува меѓу себе онака како се однесува, упорно да ја ништи својата интелигенција....да мора секогаш некој од надвор да му кажува како да си го избрише носот....како ќе го окарактеризураш таквиот народ????Јас не се согласувам дека народот е глуп. Интелигентноста на македонците не е воопшто тема, поголема тема е ЗРЕЛОСТА.
За тоа можеби има објективни причини во блиската историја: овој народ никогаш не почувствувал своја државност, и следствено, не знае да се однесува државнички. Па оди во потрага по свои корени и идентитет во антиката, кои многу го возбудуваат.
Втора тема е ПРИМИТИВНОСТА. А таа ја има моќта во оваа земја.
Парадоксално е што, колку повеќе интелектуалната сила се бунтува против овие ликови, наместо да ги преусмери и корегира ( што е нејзина задача), таа ги ојачува нивните позиции и нивната моќ. Што значи дека или интелектуалната сила тоа го прави на погрешен начин, или е прилично корумпирана и морално во аут, при што и двете држат. Она што е вистина против која не се може, е дека Груевски и ко, ликови како Миленко, Жаре Бербер, Латас, бубуљичави напаленковци се моќ во оваа земја. Тоа некого ќе го навреди и повреди, ама е вистина.
Е сега, има некоја светла точка во сево ова. Досега низ историјата победувале револуции на прогесивни идеи и носители на тие идеи: значи, некое здраво никулче од сета плева, или победувале големи загуби кои биле послужиле како електрошокови за урамнотежување на умот и импулсите-Германија после Хитлер.
Што ќе се случи кај нас, ќе биде без преседан, за првпат во историјата ( што е ужасно важно за нашиов народ, да сме посебни во нешто) Како е ситуацијата сега, ни едното ни другото нема да упали. Што се однесува до малата здрава и зрела интелигенција- таа спие (незабележано поминаа илјада причини за протести, сведмилк, Скопје 2014,итн итн), што се однесува до свеста- со векови функционираме без неа. Па, живи били па видели.
....како ЗРЕЛ, НАДАРЕН, ИНТЕЛИГЕНТЕН....или како последна белосветска ГЛУПАВА будалетинка????