Зоран Заев приведен!

Статус
Затворена за нови мислења.

Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
Заев и неговите соработници осомничени за злоупотреби за Трговскиот центар во Струмица

Актуелниот струмички градоначалник Зоран Заев и неколку вработени во општината се осомничени од полицијата дека ја злоупотребила службената положба и овластување.
Пред истражен судија покрај Заев се изведени С.Д. (54), раководител на секторот за урбанизам, Н.Г. (41), раководител на одделнието за административна поддршка на градоначалникот, И.Т. (60,) општински урбанистички инспектор. Лицето К.П. (46), вработен во општината, одговорен на секторот за правни и општи работи е недостапен за полицијата. Г.К. (29), основач и управител на струмичките фирми “Де Лукс Инженеринг“ и на “Сим инженеринг“, е пријавен за злоупотреба на службата.
Според МВР, нивното приведување е поради истрага по претходно поднесена пријава од Одделот за кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција.
Во соопштението на полицијата се велид ека пријавените, во зависност од овластувањата кои ги имале, злоупотребата ја извршиле на така што прво спровеле јавен тендер за избор на соинвеститор за градење на Трговски деловен центар на локација на поранешниот градски пазар во Струмица, спротивно на Законот за јавни набавки.Тие не ги регулирале имотно правните односи на предметното земјиште, што е спротивно на Законот за градба и Законот за просторно и урбанистичко планирање. Земјиштето на кое е изграден трговскиот центар е во сопственост на Македонија, а корисници се повеќе правни и физички лица. Истовремено пак за земјиштето се во тек постапки за денационализација.
На осомничениот Г.К., управител на “Де Лукс Инженеринг“ ДОО Струмица-соинвеститор на општина Струмица, му било овозможено да го добие тендерот за градење на објектот,и со тоа да се стекне со имотна корист од околу 7,805.544 евра. Оваа вредност е неколку пати помала од користа, која би се добила кога деловниот објект со површина од околу 38.162 метри квадратни, во целост би се продал по празарна вредност.
На 1 февруари 2006 година, првопријавениот З.З. донел предлог одлука за Реконструкција и надградба на Градско пазараште во Струмица, по што на 07февруари следната година, до Бирото за Јавни набавки бил доставен План за јавни набавки на општина Струмица за 2006 година и Дополнение на Планот за јавни набавки. Во документите свесно не било наведена планираната јавна набавка за Реконструкција и надградба на Градско пазараште во Струмица, затоа што согласно Законот за јавни набавки, Бирото за јавни набавки проверува дали доставениот план за јавни набавки е во согласност со законот, го следи и анализира спроведувањето на законите и другите прописи за јавни набавки за што веднаш ја информира Владата и Министерот за финансии. Советот на општината донел одлука за реконструкција и надградба на пазарот.
Неколку дена подоцна Заев објавил јавен тендер за избор на соинвеститор за реконструкција и надградба на струмишкиот пазар, објавен само во еден дневен весник, а согласно Законот за јавни набавки бил должен отворениот повик задолжително да го објави во Службен весник и на веб страницата за јавни набавки на Бирото за јавни набавки, се вели во соопштението од МВР.
Пријавените К.П., С.Д. и Н.Г., првиот како претседател, а останатите двајца како членови на комисијата за јавни набавки, наместо согласно Законот за јавни набавки да ги исклучат двата понудувачи поради некомплетна документација, извршиле оценување на понудите. На З.З. му предложиле да склучи договор за избор на соинвеститор за реконструкција и надградба на Градско пазариште во Струмица со фирмата “Де Лукс Инженеринг“, како најповолен понудувач. По ова во име на општината Струмица на 27 јуни 2006 година, бил склучен Договор за соинвеститорство и заедничка градба со “Де Лукс Инженеринг“ застапувано од управителот, пријавениот Г.К.
Во Договорот за соинвеститорство, пријавениот З.З. во име на општина Струмица како своја инвестиција го отстапува за изградба земјиштето кое се наоѓа на повеќе катастарски парцели во Струмица, на кои треба да се реконструира и надгради Градскиот трговски центар, а се во сопственост на Македонија, и како корисници се јавуваат повеќе правни и физички лица. По однос на овој Договор, пријавениот Г.К. на 20 октомври 2006 година, во име на “Де Лукс Инженеринг“, како гаранција го става целокупниот имот кој по договорот за заедничка градба ќе биде сопственост на оваа фирма, затоа што во моментот инвестицијата на претпријатието за изградба на трговскиот центар изнесува 5 милиони евра. Со оваа сума потврдува дека одговара на обврските и барањата на општина Струмица и гарантира дека целосно ќе ги заврши обврските кои произлегуваат од договорот и спогодбите.
На 17 јули 2006 година, пријавениот З.З. во име на општина Струмица, поднесува барање за издавање Извод од урбанистички план до општина Струмица и поднесува барање за издавање Решение за локациски услови за градба, без притоа да наведе за кои катастарски парцели истото се однесува како и барање за одбележување и издавање акт за регулациона, градежна и нивелациона линија во кое е наведена само една катастарската парцела во КО Струмица.
Во периодот од 26 мај па се до до 25 октомври 2006 година, З.З. во име на општина Струмица склучил 25 спогодби со правни и физички лица кои се корисници на градежно земјиште и сопственици на објекти на градско пазариште во општина Струмица, односно на катастарските парцели за кои е издадено одобрението за реконструкција и надградба на градско пазариште во Струмица. Меѓутоа, во спогодбите е наведено дека лицата се сопственици и на земјиштето, односно дека се согласуваат нивната недвижност изградена на катастарската парцела, како и идеалниот дел од земјиштето го даваат и преотстапуваат на општината, а како надоместок за тоа, како и за изгубената заработувачка да им се обезбеди соодветна површина во објектот кој што ќе се изгради (трговскиот деловен центар) и тоа површина која е неколку пати поголема од онаа која што ја имаат со правото на сопственост и владение на истата. Со наведените спогодби се согласил и пријавениот Г.К., ставајќи печат на фирмата „Де-лукс инженеринг“ ДОО Струмица и своерачен потпис на секоја страна од спогодбите.
Од страна на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам при министерството за транспорт и врски во два наврати извршил надзор по предметот при што утврдени се неправилности спротивни на Законот на просторно и урбанистичко планирање и укажал и наложил запирање на постапката за извршување на одобрението за градење.
По укажувањата на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Државниот управен инспекторат И.Т. на 20.03.2007 год. изготвила нов Записник во кој што константирала дека по однос на реконструкцијата и надградбата на градското пазариште нема Елаборат за нумерички податоци, дека градителот општина Струмица нема доказ за право на градител бидејќи по Имотниот лист корисник е ЈПКД Комуналец, а сопственик Р.Македонија, иако претходно во два наварати во својство на општински урбанистички инспектор констатирала дека објектот се гради спрема проектот.
Понатаму во истото се вели декапријавените З.З, С.Д. К.П., Н.Г. и И.Т. му овозможиле на пријавениот Г.К. да се стекне со значителна имотна корист во износ од 7.805.544,00 евра, кој износ е неколку пати помал од износот што може да се добие со продажба на целиот деловен простор по пазарни цени.

Автор на веста: Нетпрес
 
V

Viktoranius

Гостин
More da se priznae od koga dojde Zaev vo strumica(za gradona4alnik) Strumica e definitivno najubaviot grad vo MKD!!!4ovekot si ja razbira rabotata ke go pustat za 1 den vednas !!! Sekoj moze da zboruva sto saka no zad nego se fakti i argumenti!!!
Lord Dracula 1 еве за тоа ти зборував кога ја направи споредбата, прати ја само заслепеноста од локал патриотизам.
 
Член од
18 април 2008
Мислења
593
Поени од реакции
10
Abe ako e kriv ke leze ako ne ke bide sloboden i so e tuka tolko sporno ako si kradel ke si go dobie
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.046
Поени од реакции
1.175
nacionalnoto edinstvo nema dopirna tocka so postapki kon odredena licnost vo slucajov zaev koj kolku sto razbrav se obvinuva za kriminal.
od toj aspekt ke povoram uste ednas krimalotako se dokaze e za samkcija i voopsto ne e za da se politicki podrzi preku brzi i nepromisleni odluki sdsm da go napusti parlamentot.
Ова е политичка хајка кон членовите на СДСМ. Исто имаше кривични и до градоначалникот на Демир Хисар, беше затворен висок функционер на СДСМ во Кичево пред некој месец. Па Заев е еден од најуспешните градоначалници во републиката, Сега се бараат рачки само да се тргнат повлијателните луѓе во СДСМ пред локалните избори. А тоа може да предисвика само разединување помежу македонскиот народ.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Заев и неговите соработници осомничени за злоупотреби за Трговскиот центар во Струмица
Ова е смешно...го гонат за трговскиот центар Глобал кој инаку Владата на Македонија го прогласи за проект на годината во сферата на сорботката меѓу локалната самоуправа и приватниот сектор...
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
7
Поени од реакции
0
па памет еден го шетале свето со пасош во џеп и полни пари а сега МИЗЕРИЈАААААААААААААААА

Па сега плаќаме тоа што они го трошеле, па сега види ти како со комуњарите.
Трошат тоа што не го сработиле, па сега шетај по светот како куче
 
Член од
18 април 2008
Мислења
593
Поени од реакции
10
Ej samo ke se karame megu nas oni ke si kradat use nogo vreme do deka glasame niii da si znaate
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Ова е политичка хајка кон членовите на СДСМ. Исто имаше кривични и до градоначалникот на Демир Хисар, беше затворен висок функционер на СДСМ во Кичево пред некој месец. Па Заев е еден од најуспешните градоначалници во републиката, Сега се бараат рачки само да се тргнат повлијателните луѓе во СДСМ пред локалните избори. А тоа може да предисвика само разединување помежу македонскиот народ.
a sto ako ima ``racki``, dali togas ti javno bi gi osudil gorespomenatite?

a dokolku obvinenijata se neizdrzani ,za sto odlucuva sudot a ne jas i ti , togas treba da se pokrene i odgovornost za toj sto gi izdal.
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
историјата мандраче не почнува од 1991 ,јас сум комунист туку ти што си ако знаеш
да ,имаше бесплатно здравство,школство,СТАН- беспари,и да не ти бројам очиглендо си премлад да го знаеш тоа ,ете тоа се КОМУЊАРИТЕ
)))) aj kazi mi kako mozelo stan da bide bezpari.
i kazi mi dali pazarna ekonomija e spored tebe pogresen cekor?
 
Член од
26 јануари 2008
Мислења
287
Поени од реакции
212
samo sto mislev da izlezam ama se premisliv za apasi nema spas sega gavazova neka mu pee na uvce vo pritvor samo taka za apasi
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.046
Поени од реакции
1.175
a sto ako ima ``racki``, dali togas ti javno bi gi osudil gorespomenatite?

a dokolku obvinenijata se neizdrzani ,za sto odlucuva sudot a ne jas i ti , togas treba da se pokrene i odgovornost za toj sto gi izdal.
А шо ако нема рачки како што имаше случаи до сега? Ги снимаат и обележуваат како криминалци па ги ослободуваат. Сега се слушна дека бифшиот министер за култура Благој Стефаноски ќе се кандидира за градоначалник на Битола и веднаш заработи кривична.. На митинг во Демир Хисар, Антонио Милошоски кажува за злоупотребите во општината Демир Хисар од страна на градоначалникот, во тек беше кривична пријава па испадна дека било само да се уништи угледот за време на изборите.

Ако ги апсат нека ги апсат тие кои заслужиле а не само припадници на опозицијата или оние кои не им се по кејф на Груески. Тоа не е демократија!
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
aj seka kazete mi dali ovaa izjava so sledi od branko crvenkovski treba da si ja dozvoli da recam iskusen politicar ili predsednikov na golemo jja ima izgubeno osseta za realnost

``„Да не заборавиме дека Зоран Заев, покрај тоа што е градоначалник на Струмица, во исто време е и потпретседател на најголемата опозициска партија СДСМ“, додаде Црвенковски.``

dali visoka funkcija vo sdsm e neprikosnoven i zastiten vid na endem koj ne smee da odgovara za svoi postapki?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
На кутриов сега само една мисла му се мота по главата......маме да му ебам... кој ме оцинкари!..
.......нешто и оваа шекерната многу се раскокодакала денес....
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Црвенковски напиша:
Да не заборавиме дека Зоран Заев, покрај тоа што е градоначалник на Струмица, во исто време е и потпретседател на најголемата опозициска партија СДСМ
So what :toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom