Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Изгледа зонско паркирање е поисплатлива инвестиција
Не е ни тоа. Двете ЈП работат со загуба и примаат субвенции.
Тука нема пари, има само срам и резил.
--- надополнето: Oct 27, 2011 6:38 AM ---
Погледнете што пишува во денешен Вечер.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=E5DF0FB9E261934E86D20474F049830C

Кој му дозволил на ЈП да ги казнува граѓаните?
Со што може да се оправдаат различни цени за иста работа?
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Како што јас знам, кога искочи целата оваа фама (бар јас колку што разбрав и ми имаше логика), под "зонско паркирање" се мислеше на америчкион стил - паркираш на НОВООБЕЛЕЖАНИ места на улица (каде што предтоа не ни си смеел да се паркираш) и затоа си плаќаш.

Новиве зонски паркинзи се толку алчно смислени, која е логиката на направен паркинг за згради (кај Бисер и спроти Бисер зградите), каде што јас сум можел да се паркирам ЛЕГАЛНО, да морам сега да плаќам? Исти курац и кај Мавровка, чисто цицање пари е ова.

Единствено место каде што работи ваквиот принцип (логичниот) е на улица Орце Николов, си има нацртани линии на улицата од двете страни, ако ти се паркира - бујрум плати и паркирај.

Да не зборам за додатниот момент, кога прво само преку работен ден до 9 се плаќаше, а во сабота до 14:00, недела бесплатно.

Сега е до 23:00, сабота исто до 23:00, фали уште недела да се плаќа и мислам дека и да сакаат, нема како да ги заебат граѓаните повеќе. :)
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
За зонското паркирње пред зградите треба сите станари да се бунат и да не дозволат монтирање бараки за наплата на паркирање.
Кога сум го купил станот,во цената за метар квадратен било вкалкулирано паркинг и подрум.
Луѓе како глупиот станар од Аеродром,паркирањето може да го решат така што ќе постават рампа со сензор,која ќе функционира со картичка,која ќе биде поделена на сите станари кои живеат во зградата.Таков паркинг има во Капиштец и функционира одлично
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Киклон, и јас сум за почитување на законите, ама и да важат за сите, и да се спроведуваат правилно.
Многу работи кои ги прочитав тука држат вода, и се ептен основани.
Бидејќи не сум од Скопје, немам проблем со зонско паркирање, а кога доаѓам во Скопје, паркирам на паркинг, од оние на кои се наплаќа по час :)
Но, доста работи кои се напишани тука, пред се од Смрт за зони и пајак возила, се употребливи и кога се работи за непрописно паркирање во друг град.
Најпрвин, самата казна за непрописно паркирање е најчесто несоборлива, бидејќи паркираме таму кајшто несмееме.
И тука има цака... како на пр. да се јавиме пред комисијата, да бараме соочување, па тужба до управен суд, и така да поминат две години од делото и да застари...
Но тоа не е предмет на дискусија тука.
Зборуваме за пајакот и блокаторите.
И во Струмица има пајак, а има и блокатори. И, полицијата ги бара како асистенција и демек, воведуваат ред во центарот на градот...Струмица е мал град, се знаат луѓето отприлика кои се што се, и денес препознав 2 приватни возила на полицајци, неправилно паркирани.
Јас си бев непрописно паркиран, не приметив дека се лешинарат наоколу и би што би, ја наоѓам колата „уапсена“... На околу 50м од мене го гледам лешинарот т.е. полицаецот.
Имав време да се заебавам, па си отварам багажникот, и си велам сега ќе правам шоу.
Вадам дигалка и клуч и као се обидувам да вадам тркало и дотрчува лешката и ми вели нешто као дај документи, неправилно си паркиран, казна, ова она... и ме прашува што работам.
Во меѓувреме дотрчуваат и од т.н. ЈП за паркинг простор едни недоделкани...и ми бараат 1000 ден за да извадат она нешто од тркалото.
И, им велам дека не сум на простор под надлежност на нивното ЈП и дека ми попречуваат употреба на мојата сопственост, а тоа е спротивно на законот и дека ако веднаш не го извадат тоа чудо од мојата кола ќе добијат тужба тие лично и ЈП.
Велат полицаецот нареди...
Велам супер!!! И МВР ќе биде тужен...
Будалата полициска почна да сере како сум непрописно паркиран, дека имал право, дека незнам што...и на моето прашање каде пишува дека може да ми пречи во моето право да ја употребувам мојата сопственост, нема ше одговор... Па му спомнав дека во ЗБПС постои преместување на возилото, ако пречи....и тн.ама блокирање нема, па културно си го легитимирав јас него и му се заканив со внатрешна контрола, а му спомнав дека сум правник, и дека неможе он да дискутира за право со мене.
Во меѓувреме си ја сликав колата од сите агли со мобилниот...
Оние од ЈП гледаат како блесави и сеуште ми бараат 1000 ден.
Фино лепо си клекнав долу, местам дигалка, и им велам дека она ѓубре што ми блокира кола да си го бараат кај Стево Касапо (отпад) ако ВЕДНАШ не го тргнат самите, а за 1000 денари нека тужат ако имаат муда (и основ).
Г-нот орган следи ситуација малце повеќе збунет и се јавува некаде, исто како и оние другите...
Шрафовите на гумата се демек разлабавени веќе, ќе кревам дизалица кога еден од оние ЈП вели чекај ќе го вадам!
МВР-то вели казна ќе ти пишам...
Велам зошто мене? Ме виде како јас паркирам? Не...
Епа...пиши му на сопственикот на возилото и не ме замарај зашто брзам!
Финтата е што сопственик на возилото не сум јас, а сопственикот има законско право да не сведочи против ближен, т.е. фамилија.
Ај наздравје!
Те молам да не информираш каква е ситуацијата во Струмица. Дали и таму има зони, рампи или нешто слично.
Дали и таму вршат незаконско и прекумерно казнување со блокатори на тркала и пајак возила?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Можевте да видите на кој принцип работат директорите на ЈП. Ќе си донесат одлука, па удри по граѓаните – дискриминирај, казнувај - дрпај пари – зимај плата.
Република Македонија е Правна држава и во неа владеат Уставот и Законите, а не директорските одлуки.
Затоа предлагам и ние да си донесеме одлука. За разлика од одлуките на директорите, чии одлуки базираат на нивната алчност и лакомост, оваа наша одлука базира на Уставот и Законите и во преамбулата на одлуката е повикано на тие одредби. Првите два става, се од Преамбулата на Универзалната декларација за правата на човекот на Обединетите Нации, а другите се од Уставот и Законите. Еве го текстот на предлог – одлуката и кој сака може, даде мислење или да предложи корекции.

Преамбула:

Бидејќи признавањето на вроденото достоинство, и на еднаквите и неотуѓиви права на сите членови на човештвото се темелите на слободата, правдата и мирот во светот;

Бидејќи е суштествено човековите права да бидат заштитени со закон, а човекот да не биде принуден последен излез да бара во побуната против тиранијата и угнетувањето;
Бидејќи по Член 9 од Уставот на РМ, граѓаните се еднакви во слободите и правата;
Бидејќи по член Член 21 од Уставот на РМ,граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола;
Бидејќи ви ниеден закон на Република Македонија не е предвидено казнување на граѓаните кои не платиле за зонско или друго паркирање;
Бидејќи во Член 259 став 3 од Законот за облигациони односи стои дека договорна казна не може да биде договорена за парична обврска;

Н И Е

Учесниците на Форумот Кајгана, тема автомобилизам и мотоциклизам – зонско паркирање ( револтирани граѓани ), сега, на ден 28. октомври 2011 година, донесуваме:

О Д Л У К А

ЈП „ Градски паркинг “ и ЈП „ Паркинзи на Општина Центар “ ВЕДНАШ да престанат со дискриминацијата и незаконското и прекумерно казнување на граѓаните.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Те молам да не информираш каква е ситуацијата во Струмица. Дали и таму има зони, рампи или нешто слично.
Дали и таму вршат незаконско и прекумерно казнување со блокатори на тркала и пајак возила?
Засега во Струмица нема зони,макар што се спомнува дека градот размислува за воведување такво нешто во централното градско подрачје. Рампи и сл. нема.
Праксата оди вака:
Полицаецот ќе види неправилно паркирано возило, а со полицаецот шета и еден од ЈП паркиралишта (или како се вика тоа ЈП) и полицаецот му вели да го блокира неправилно паркираното возило, што вториот веднаш и го прави.
Погоре констатиравме дека тоа е незаконски.
И, така блокираното возило си стои и чекаат да се појави сопственикот, па веднаш дотрчуваат и полицаецот пише казна, а општинскиот бара 1000 денари.
Има едно пајак возило во Струмица. Тоа е посебна приказна...
Имено, за да кренеш возило со пајак во Струмица, немаш место :) Се блокира комплетно сообраќајот, бидејќи нема поштена улица или булевар со 3 ленти па да си тече сообраќајот нормално. затоа, освен курчењето во стилот „еве ние имаме пајак“ во првите денови, веќе не се ни употребува за подигање возила.
Имаше премногу гужви тогаш, а и нервозни возачи кои мораа да чекаат да си заврши пајакот работата...
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
колку е глуп моментов со зонското паркирање... пази ситуација:

се дешава семеен добар-весел чин помеѓу две особи кои се од аеродром. е сега, едната (особа) од нив живее спроти бисер и паркингот е во зонски режим а другата живее повнатре и таму не е зонско аркирање... дојде до тоа да се договорат првиот ден (сабота) да се слави кај оваа повнатре а во недела кај другата на зонско паркирање, заради нели, гостите што ке дојдат да не го јадат со казни или пак да мора порано да си идат заради цената на услугата што ке им тече на мобилен...

муабетот ми беше: пази само кој и што беше пресудниот фактор за да са едлучи кој кога и каде ке слави... ццццццц....
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве уште еден пример. Сите знаете, каде се вадат лични карти кај „ Беко “. Тој простор, всушност не е улица, под него, делумно, се наоѓаат подземни гаражи на станарите од блокот во кои е сместена службата за лични карти. Тука се влегува по една мало уличе, од десно се наоѓа градинка, па по него амбуланта, а од лева страна е „паркиралиште на ЈП Паркинзи на Општина Центар “, па потоа блокот каде е службата за лични карти.
Во почетокот на 2009 кога е ЈП безправно ги постави рампите тие сака со нив да го узурпираат и овој простор, но станарите се побунија бидејќи подземја се нивни гаражи, така да овој простор остана еден од малубројните простори во центарот на Скопје каде што граѓаните можат слободно да паркираат.
Тука можат да паркираат, не само станарите туку и нашите сограѓани кои дошле за лична карта, во градинка, амбуланта или слично.
Е сега Општината, веројатно под влијание на директорите на ЈП, со цел да го намали расположивиот простор за паркирање, од десната страна гради тротоар. Тоа не е улица, но сега ќе има тротоар и тоа со високи ивичњаци. По тој тротоар ниеден пешак нема да се движи, бидејќи има ниски гранки од дрвата во дворот на градинката, но сега ниту возила нема да се паркираат.
Овој пример го давам за да покажам каква е бестијалноста и мизеријата на директорите од ЈП. Нив им е важно само да го намалат расположивиот простор за паркирање, за да ги принудат граѓаните да паркираат и плаќаат кај „ нив “ и така да „ заработат “ за своите платички.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Продолжува ширењето на зоните на ЈП. Се отвара нова зона на ул. Владимир Комаров.
Паркирањето во зоните во нас. Аеродром и во зимскиот период ќе се наплатува до 23 часот. Еве ја веста во Нова Македонија:

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11111920523&id=14&prilog=0&setIzdanie=22419

Денес започнувам да го пишувам поднесокот за Судот во Стразбур. Цел на овој поднесок е да го известам Судот дека дискриминацијата и незаконското казнување, не само што продолжија, туку и понатаму се шират. Со ова сакам да побарам, Судот побрзо да ја разгледа жалбата. Ако некој има предлог или сугестија што да напишам нека ме извести.
 

Tutkar

Богомил
Член од
6 декември 2005
Мислења
1.967
Поени од реакции
34
Значи ок е зонско паркирање сакаат да направат некој ред ок но мене ми сметаа неколку работи што кога се правел проектот само пари им се вртеле во глава не како да го направат тоа да биде функционално.

1.Еден паркинг не сум видел да се смени асфалт да се закрпат дупки ( освет таму кај што прошируваат за да собере повеќе коли ), пуштита лини ставија знаци за наплата и ајде удри милост нема за никој.

2. Живеам во куќа сите документи ми се на таа адреса и имам стан во аеродром и одам сега да си побарам дозвола да имам бесплатен паркинг (како што ги следува сите што живеат таму). Тој таму ми вика неможе треба адресата моја да била на таа улица таму неможе инаку, добор му викам значи ако ја сакам зимово да си го поминам таму ке треба да мењам сите дукументи за да може да имам слободен паркинг ?? Да добро ако имам ја 3 стана?
Дечко ако имаш три стана нема да ти е проблем да платиш паркинг.
Абе што те к*р боли ја дали ќе имам или ќе немам ако ги имам и ако следува паркинг како сите што плаќаат данок плаќам и јас и значи ме следива тој паркинг и карај.
Така пишува овде дека треба името на сопственикот на колата да ја има адресата за која треба паркинг и крај.
Значи која глупост неможам да сватам.

3. Со СМС плаќанево ок не е скапо едноставно но и тука има едно "НО" ако првиот саат се наплаќа одма колку и да стоиш зошто не го направиле следните да се тарифираат на 10 -15 мин значи не мислела малку за народот него коли одма, а ги гледам на тв ми попуваат ние ќе направиме ред незнам што. Вие ќе си го наполните кесето за тоа сум сигурен.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во денешен Вечер е објавена оваа вест - пародија за зонско паркирање:

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=19BF1BBEB8E94B48B8C929293B6FDDF2

Очигледно, некој наш исклучително духовит сограѓанин, го дели нашето мислење за срамните, гнасните и омразените, зони, рампи и пајак возила.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Значи ок е зонско паркирање сакаат да направат некој ред ок но мене ми сметаа неколку работи што кога се правел проектот само пари им се вртеле во глава не како да го направат тоа да биде функционално.

1.Еден паркинг не сум видел да се смени асфалт да се закрпат дупки ( освет таму кај што прошируваат за да собере повеќе коли ), пуштита лини ставија знаци за наплата и ајде удри милост нема за никој.

2. Живеам во куќа сите документи ми се на таа адреса и имам стан во аеродром и одам сега да си побарам дозвола да имам бесплатен паркинг (како што ги следува сите што живеат таму). Тој таму ми вика неможе треба адресата моја да била на таа улица таму неможе инаку, добор му викам значи ако ја сакам зимово да си го поминам таму ке треба да мењам сите дукументи за да може да имам слободен паркинг ?? Да добро ако имам ја 3 стана?
Дечко ако имаш три стана нема да ти е проблем да платиш паркинг.
Абе што те к*р боли ја дали ќе имам или ќе немам ако ги имам и ако следува паркинг како сите што плаќаат данок плаќам и јас и значи ме следива тој паркинг и карај.
Така пишува овде дека треба името на сопственикот на колата да ја има адресата за која треба паркинг и крај.
Значи која глупост неможам да сватам.

3. Со СМС плаќанево ок не е скапо едноставно но и тука има едно "НО" ако првиот саат се наплаќа одма колку и да стоиш зошто не го направиле следните да се тарифираат на 10 -15 мин значи не мислела малку за народот него коли одма, а ги гледам на тв ми попуваат ние ќе направиме ред незнам што. Вие ќе си го наполните кесето за тоа сум сигурен.
Мислам дека во старт грешиш кога тврдиш дека зонското паркирање е ОК. Со зонското паркирање се прави дискриминација и прекумерно и незаконско казнување и низа други повреди на Уставот и Законите и тука ништо не е ОК. Никој нема право да „ прави ред и го одстранува хаосот “ со кршење на Уставот и Законите. Посебно што овие Јавни претпријатија го прават тоа исклучиво за да заработуваат, односно директорите да си обезбедат платички.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Ајде на здравје, од завчера паркингот позади кафичите кај Тобако 2 Аеродром (таму кај Палма, Басадо, Twelve) е зонски. 25 денари саат, за паркинг на кој 5 години идам и бесплатно се паркирам.

Ова е веќе срамота...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ајде на здравје, од завчера паркингот позади кафичите кај Тобако 2 Аеродром (таму кај Палма, Басадо, Twelve) е зонски. 25 денари саат, за паркинг на кој 5 години идам и бесплатно се паркирам.

Ова е веќе срамота...
Не да е срам, туку најголем резил. Што е насрамно, јас за ова се жалам во Стразбур, во Македонија ниедна институција до сега не се спротивстави на овие директори. А тие прават кривични дела за кој се предвидени казни затвор.
Еве како гласи Член 137 од Кривичниот Законик на Република Македонија:

(1) Тој којшто врз основа на разлика на полот, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба, јазикот или друго лично својство и околност, ќе му одземе или ограничи права на човекот и граѓанинот, утврдени со Уставот, закон или ратификуван меѓународен договор или кој врз основа на овие разлики им дава на граѓаните повластици спротивни на Уставот, закон или ратификуван меѓународен договор, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
(2) Ако делото од став 1 го стори службено лице во вршењето на службата, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom