@ Мкд Владе
Таа страница е наменета за да се пронајде Жената кој а била клоцана, а овде е за дискусии.
За да едно дело биде казниво, тоа треба да биде предвидено со закон. Не плаќање за паркирање не дело за кое е предвидено било какво казнување. Што значи ЈП не сме да казнува на било кој начин. Единствено што можат е да тужат и да бараат исплата на долгот. Но тие тоа не го прават од следниве причини: Тие воопшто немаат право да наплатуваа за паркирање и немаат законски основ по кој би тужеле. Затоа се досетиле и директорите си донеле таква одлука да ставаат блокатори, да употребуваат пајак возила и на тој начин да заработуваат. Најголемиот дел од приходот ( повеќе од 80%), на ова ЈП, потекнува од казнување. Затоа ЈП одбива да тужи, бидејќи не ни можат да тужат.
Затоа не го жали тој вработен, тој не и побарал пари за паркирање туку сакал во нејзино присуство да и стави блокатор и да ја опљачка за 1300 денари, со кој пари директорите требале да си земаат плати.
Инаку, зад ова работа стојат, токму овие директори. Тие директори беа директори и пред актуелниве градоначалници да бидат избрани. Што некои од нив, изгледа наседнаа и ги подржуваат, тоа е нивен избор.
--- надополнето: Nov 22, 2011 7:03 AM ---
@ Deko II Драго
Жената не била погрешно паркирана. Возилото било поставено на место за паркирење. Тој вработен вршел незаконско казнување, со цел да „ заработи “ за платите на директорите. И да била погрешно паркирана, не може било кој да казнува туку само тие што се овластени ( за непрописно паркирање е овластена полицијата ). Јас или ти или тој, ако забележиме непрописно паркирано возило, не можеме да казнуваме, туку, ако сакаме, можеме случајот да го пријавиме во полиција
--- надополнето: Nov 22, 2011 7:12 AM ---
@ Sasuke
И да ти се случи било што, ти немаш право да казнуваш, посебно не, да казнуваш за да заработуваш. Никој, во Македонија и во Европа, освен ова ЈП, не заработува од казнување, тоа не е законски и е длабоко спротивно на моралот.
--- надополнето: Nov 22, 2011 7:40 AM ---
Денешен Вечер донесува фото-репортажа за наш Сограѓанин кој го сменил тркалото на кое бил поставен блокатор. Погледнете:
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C59800B7E6B6EB4685751A005E5BB3D1
--- надополнето: Nov 22, 2011 7:49 AM ---
Во вчерашен Утрински весник беше објавен сериозен напис за состојбите во Уставиот суд на РМ. Да подсетам дека Уставниот суд одби да поведе постапка по три мои иницијативи во врска со дискриминацијата и незаконското казнување кое се врши со наплатата на паркирање, за што се однесува мојата жалба до Судот ова Стразбур. и се чини дека, со овој напис, работите стануваат појасни. Кој сака нека погледа:
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=638BE19796923943954BF00DD12946ED