Киклон, и јас сум за почитување на законите, ама и да важат за сите, и да се спроведуваат правилно.
Многу работи кои ги прочитав тука држат вода, и се ептен основани.
Бидејќи не сум од Скопје, немам проблем со зонско паркирање, а кога доаѓам во Скопје, паркирам на паркинг, од оние на кои се наплаќа по час
Но, доста работи кои се напишани тука, пред се од Смрт за зони и пајак возила, се употребливи и кога се работи за непрописно паркирање во друг град.
Најпрвин, самата казна за непрописно паркирање е најчесто несоборлива, бидејќи паркираме таму кајшто несмееме.
И тука има цака... како на пр. да се јавиме пред комисијата, да бараме соочување, па тужба до управен суд, и така да поминат две години од делото и да застари...
Но тоа не е предмет на дискусија тука.
Зборуваме за пајакот и блокаторите.
И во Струмица има пајак, а има и блокатори. И, полицијата ги бара како асистенција и демек, воведуваат ред во центарот на градот...Струмица е мал град, се знаат луѓето отприлика кои се што се, и денес препознав 2 приватни возила на полицајци, неправилно паркирани.
Јас си бев непрописно паркиран, не приметив дека се лешинарат наоколу и би што би, ја наоѓам колата „уапсена“... На околу 50м од мене го гледам лешинарот т.е. полицаецот.
Имав време да се заебавам, па си отварам багажникот, и си велам сега ќе правам шоу.
Вадам дигалка и клуч и као се обидувам да вадам тркало и дотрчува лешката и ми вели нешто као дај документи, неправилно си паркиран, казна, ова она... и ме прашува што работам.
Во меѓувреме дотрчуваат и од т.н. ЈП за паркинг простор едни недоделкани...и ми бараат 1000 ден за да извадат она нешто од тркалото.
И, им велам дека не сум на простор под надлежност на нивното ЈП и дека ми попречуваат употреба на мојата сопственост, а тоа е спротивно на законот и дека ако веднаш не го извадат тоа чудо од мојата кола ќе добијат тужба тие лично и ЈП.
Велат полицаецот нареди...
Велам супер!!! И МВР ќе биде тужен...
Будалата полициска почна да сере како сум непрописно паркиран, дека имал право, дека незнам што...и на моето прашање каде пишува дека може да ми пречи во моето право да ја употребувам мојата сопственост, нема ше одговор... Па му спомнав дека во ЗБПС постои преместување на возилото, ако пречи....и тн.ама блокирање нема, па културно си го легитимирав јас него и му се заканив со внатрешна контрола, а му спомнав дека сум правник, и дека неможе он да дискутира за право со мене.
Во меѓувреме си ја сликав колата од сите агли со мобилниот...
Оние од ЈП гледаат како блесави и сеуште ми бараат 1000 ден.
Фино лепо си клекнав долу, местам дигалка, и им велам дека она ѓубре што ми блокира кола да си го бараат кај Стево Касапо (отпад) ако ВЕДНАШ не го тргнат самите, а за 1000 денари нека тужат ако имаат муда (и основ).
Г-нот орган следи ситуација малце повеќе збунет и се јавува некаде, исто како и оние другите...
Шрафовите на гумата се демек разлабавени веќе, ќе кревам дизалица кога еден од оние ЈП вели чекај ќе го вадам!
МВР-то вели казна ќе ти пишам...
Велам зошто мене? Ме виде како јас паркирам? Не...
Епа...пиши му на сопственикот на возилото и не ме замарај зашто брзам!
Финтата е што сопственик на возилото не сум јас, а сопственикот има законско право да не сведочи против ближен, т.е. фамилија.
Ај наздравје!