Па кој к*р тогаш се плаќа паркингот, м? Истото ако ти се случи и во катна гаража они се ослободени од секакви обврски?
ц ц ц ц не ми се верува навистина, иако немам кола ова е .....
Единствено решение ова да се промени е давање предлог измени на законот за локална самоуправа и законот за град Скопје во делот "одлука за јавни паркиралишта од значење за градот Скопје" и сето тоа подржано со над 100 000 потписи од граѓани на град Скопје и да иде во законодавниот дом и да се усвои.
Со ова би биле обврзани јавните претпријатија кои ги стопанисуваат овие јавни површини наречени "паркинзи" да ги обезбедат со поставување на видео-надзор и најмување на служба за обезбедување со што би се решила безбедноста на тој паркинг и "делумно" би се гарантирала безбедност на возилата кои патем плаќаат за тој паркинг.
На овој начин 90% сум сигурен дека граѓаните ќе сакаат да паркираат (не дека сега сакаат, едноставно немаат избор од пајак службите) на обележан паркинг, би се зголемил бројот на корисници на јавни паркиралишта со тоа и приливот на средства во претпријатијата и на тој начин би се обебедиле средства за горе споменатите мерки (досега јасно ни е дека парите завршуваат во нечиј џеб) и задоволството би било обострано.
Јес да ова изгледа невозможно али мислам дека е можно да се издејствува, што знам