Значи вака стојат работите:
- Да не бил ТИТО сега немаше да постои Македонија (каква што е таква) од проБугарски и проСрпски влијанија - зашто? Кога ке погледнеме низ историјата на нашиот народ секогаш кога сакале да направат нешто за оваа наша Македонија СЕКОГАШ имало некој од внатрешните редови што не предавал СЕКОГАШ! Таков ни е менталитетот вистинските патриоти секогаш имале по некој Јуда во нивните редови. И затоа никогаш ништо не испаѓало. На овој народ му треба некој што ќе го владее со Челична рака (пр. Александар, Самоил, Тито) зашто Тито?
- Точно е дека по завшувањето на Втората Светска Војна имало луѓе како Ченто што се залагале за независна Македонија и дека можеме да се браниме такви како што сме!-од кого Србија,Бугарија и Грција задружени??? Тоа е како сега Буркина Фасо да им објави војна на Американците - се ќе се среди за неколку дена (нешто ќе се потплати, нешто ќе се убие и така). Затоа Тито се залагал за една многу големе визија ”братство-единство” или заедно сме појаки! Ајде да Ве прашам нешто - дали кога бевме Yugoslavija ке ја имаше војната во Босна? или бомбардирањата во Белград и низ цела Србија? или што е најважно дали ќе имаше војна кај нас со албанците? т.е. дали некој ке се осудеше да и се спротистави на ЈНА? нема теорија! Дали требало да чекаме пред амбасадиве за виза??? НЕ со Југословенскиот пасош НЕ НИ ТРЕБАЛЕ НИКАКВИ ВИЗИ! Америка, Германија, Англија, Шведска, Грција....каде сакаш само понесиси го пасошот со тебе! Кога идевме на одмор во Грција ги пљукавме и они се смееја зашто не смееа да ни кажат ништо, а сега прво те е*ат а после те прашуваат дали си дојден за на одмор.
Друг факт:
- По втората Сведска Војна Македонија немала никаква инфраструктура (патишта , мостови , згради.....итн) Се ова со помош на Тито и се разбира другите Југословенски републики го имаме добиено. Дури и имам сознанија дека (може делува мизерно) голем дел од нашиот народ немал кревети и спиел на под. Се ова било средено со Тито. За невработеност да не праам муабет!!!! Каде се гледаме сега по 15 години самостојност? Како што била платата во 1991 толкава е и сега, а сите цени се неколкукратно зголемени ( да не праам муабет за пр. бензинот ) Како водач на неврзаните земји во Светот, Југославија добивала гага гориво од арабскиот свет, а не сега 70 денари за литар и кога излагаш пресметуваш како најекономично да стигнеш до дестинацијата каде што си тргнал.
Да се навратам на уште еден факт:
- Според некои искази што ги имам прочитано, а и ми ги имаат потврдено, е тоа дека по Втората Светска Војна Партизанскиот замав кај нас бил толку голем што 100.000 партизани биле распоредени на границата со Грција и решенио да ја нападнат за да си го ослободиме Егејскиот дел - Тито ова не го дозволил. зашто? Грција во тоа време не била јака како нас па повикала помош од Британците и тие дошле и ја ослободиле од Нацистите и во тој случај ние на кого ке сме удреле? на нашите сојузници? или во Бугарија за Пиринскиот дел - па во Софија бил главниот штаб на Црвената Армија - претпоставувате што ке се случело (ќе не прогласеле за анти-сојузници и ќе не срамнеле со земја!)
Тито има оставено голем (длабок) рез во Македонската историја во позитивна смисла осбено економски аспект (не негирам дека има правено и некои пропусти) ама бидете реални - овие сегашниве да не се подобри????