Зимски олимписки игри - Ванкувер 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Plux
  • Време на започнување Време на започнување
Плушенко е недостижен во уметничко лизгање навистина е по малку чудно што не земал злато.

И јас сум шокирана, посебно што за конкуренција му беше Јапонецот, а не овој од USA, не знам ни од каде се појави овој! Е сега ако коленото му правело проблем, тоа е веќе друга работа. :toe:
 
Не победи. Ај да му ебам мајката. Не го знам овој Американецов, ама го знам Русинот, и мислам дека никад не може американецот да ја носи таа енергија која ја носи типот.
Со русин балет и уметничко лизгање не можат, па по 10 пати да се родат. Нејсе, гласањето е субјективен чин.
 
Заврши руската доминација во уметничко лизгање. А и само 4 медали имаат на олимпијадава. :(
 
Боби[Мкд];3326484 напиша:
Заврши руската доминација во уметничко лизгање. А и само 4 медали имаат на олимпијадава. :(

Во право си. Времето на СССР е минато кога освојуваа се што може да се освои. Сега дојдоа до израз модерните спортови, поголема физичка и психичка сила што очигледно Русите за жал ја немаат на високо ниво.
 
Гледајте скокови даваат сеа Симон Аман 1ст :):tv:
 
Гледајте скокови даваат сеа Симон Аман 1ст :):tv:

Ниту Аман беше прв, а и тоа беа квалификации за кои Аман и останатите "јаки" беа квалификувани. Утре ти е главното.
 
Моментално Русија и Канада се неприкосновени во хокеј. Русите две години по ред на СП се први, Канада втора. Финска е силна ама мислам дека борбата ќе биде повторно помеѓу првите две.

Канада едвај извади победа на пенали, на шут аут против Швајцарија, а Русија изгуби на шут аут (пенали) од Словачка.


И сеа?? Хахахаха! Јако, јако ќе биде!
 
Да ти кажам не ми се верува дека Русиве изгубиле ама тоа е. Ќе биде интересно до крај Русија ја чека дуел во последно коло со силната Чешка.
 
Реков јас, Шведска и Финска!
Иако може да има изненадување. САД играат во грч! Русија како да се со олово во нозе и раце, како поспани или (поверојатно) мамурни. канада, тргнаа добро, ама некако со премногу форсирање во средина, место по крила со ослободување играч вишак у празно. Мада, мислам дека ако Русија не заебе, сепак, главните ќе одат понатаму и ќе останат фаоврити за титула. Шведска, Финска, Русија и Канада. Чешка не ме одушеви, Норвешка е слаба, а Словачка иако има шанси, онака, делува чудно, те игра супер, те не. И има лош напад, нефункционален.
Швајцарија као да може да стори чуидо, ама и тие делуваат изморено.
 
По се изгледа чудо треба да се случи да се измени распоредот во Супервелелслаломот:
1.А.Л.Свиндал
2.Б.Милер
3.Вајбрехт.
 
Не победи. Ај да му ебам мајката. Не го знам овој Американецов, ама го знам Русинот, и мислам дека никад не може американецот да ја носи таа енергија која ја носи типот.
Со русин балет и уметничко лизгање не можат, па по 10 пати да се родат. Нејсе, гласањето е субјективен чин.

Апсолутно се согласувам со тебе, Американецот излезе буквално од глувчешка дупка. Сите знаеја и претпоставуваа дека Јапонецот ќе му биде најголема конкуренција, затоа што Јапонец ко Јапонец, технички ептен беше јак, ама затоа Евгениј го имаше се потребно, целиот пакет.

Е сега, читав по интернетов доста коментари дека доста имало лобирање и форсирање на Американецов за негова победа. Колку е точно, не знам, не сакам да шпекулирам, но тврдам дека Евгениј Плушенко по толку години во уметничкото лизгање, по толку медали, е далеку далеку пред некој новокомпониран лизгач.
 
Crazy , my love, vcera Plushenko bese super, ama ne dovolno ubeditelen, navistina, za razlika od kratkiot program. Amerikanecot navistina bese so duh i bez greska, tehnicki i umetnicki bese malkucka podobar. Plushenko bese kako vo grc!
Za zal!
 
Апсолутно се согласувам со тебе, Американецот излезе буквално од глувчешка дупка. Сите знаеја и претпоставуваа дека Јапонецот ќе му биде најголема конкуренција, затоа што Јапонец ко Јапонец, технички ептен беше јак, ама затоа Евгениј го имаше се потребно, целиот пакет.

Е сега, читав по интернетов доста коментари дека доста имало лобирање и форсирање на Американецов за негова победа. Колку е точно, не знам, не сакам да шпекулирам, но тврдам дека Евгениј Плушенко по толку години во уметничкото лизгање, по толку медали, е далеку далеку пред некој новокомпониран лизгач.

Тие коментари за лобирање и форсирање се изнесени сигурно од огромните обожаватели на Плушенко. Сепак и Плушенко треба да изгуби некогаш, не е он бог.
 
Резултати од двата натпревари кој денеска се одиграа на олимпискиот турнир во Хокеј.

Група Б
Чешка - Латвија 5:2 (3:0, 1:2, 1:0)
Група Ц
Белорусија - Шведска 2:4 (0:2, 1:1, 1:1)

Денеска исто така треба да се одигра и натпреварот во групата Ц помеѓу Финска и Германија, според моите пресметки, у 6 саат сабајле треба да започне тој натпревар.
 
Денеска во 19 ч треба да биде женскиот супервелеслалом.Иако викаа дека стазата е катастрофа вчерашната трка беше супер интересна и доста добро се потрудиле технички да ја подготват.Имаше незгодни ситуации и доста излетувања,денеска ќе биде уште подобра.После победата во комбинацијата Риш има најголеми шанси според мене се разбира и Вон.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom