- Член од
- 22 јули 2011
- Мислења
- 1.135
- Поени од реакции
- 1.286
Според оваа логика, треба од колено на колено да се пренесува земјоделската дејност, и да бидеме како Индија со сталежи т.е касти.И вака состојбата е лоша ама сеуште има шанси да се фати некој последен воз за каква таква стабилизација на производството, да не беа тие субвенции до сега ќе беше буквално потоп не само на земјоделството како гранка туку и демографски во државата. Али ок ќе го развиваме со твојата логика каде што ќе направиме 20 души како Панделевски Камчев да го работат 90% од земјиштето во Македонија, малку му се на Панделевски овие профити што сега ги има па ќе го частиме со уште неколку милиона евра субвенции од буџет
Јас дури и би лимитирал до 100 хектари од земјоделец, бидејки знам еден куп примери и во мојата околина каде што до 100 хектари работеа и инвестираа во земјоделие после кога видоа некој денар повеќе почнаа станови тука и надвор, скапи коли итн
Како во среден век кога се било исто.
Ако некој работел многу површина земјоделие а неговите наследници повеќе не сакаат да продолжат со земјоделие не гледам проблем.
А ако има државата интерес нека даде соодветна ( пазарна ) цена и ќе се откупи површината и нека работи кој сака.
Автоматски споено мислење:
Која Холандија, Албанија не шиша.
Минатата година вршевме увоз на зелка од Албанија, една класа подолу од домашното производство додека нашите земјоделци ги фрлаа зелките по патишта во знак на протест бидејќи не се постигна договор за цената.
Катастрофа се зелките од Албанија, сум купувал во Кипер и ептен никаков квалитет,внатре тоа многу за фрлање имаше.
Автоматски споено мислење:
И во Србија го имаат истиов проблем.За 20000 евра можиш да купиш убава куќа со многу земјиште во Војводина.И таму љугето побрзо би живееле во некоја гајба од 35 квадрати во Нов Белград него да ги викаат селјаци.Има уште една причина шо народот се сели од селата,насекаде.Ни една девојка ниту жена не сака да се занимава со земјоделие.Многу мажи по селата останаа неженати и покрај тоа шо сакаат да работат земјоделие,џабе им е.Едно време Албанките ја пополнуваа таа празнина,ама и тие се веќе модерни.Ретко која сака да остани на село,пошто сите се веќе принцези.Социалните мрежи си го направија своето.Полесно е да е инфлуенсерка или сарлета.Која би сакала да се слика со кози или качена на тректор!?![]()
Имаат проект во Министерство за демографија во Србија, на луѓето до 45 година им даваат 10.000 евра за купување куќи во рурални средини.
Дел од тие случаи дури и ги даваат на тв на РТС 1 во Петок во 21:00.
Сега не се сите тие куќи можеби во совршена состојба ама сепак откако се добие куќа за 10.000 евра, со тие ,, заштедени'' 10.000 евра ќе се реновира куќата, но ова е за државјани на Република Србија.
Последно уредено: