Земјоделци се помалку, увоз се повеќе

Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.901
Поени од реакции
6.473
друг проблем со субвенциите е што се во корист само на големите земјоделци по засадена површина и поединци со голем имот кои садат пример тиква дефицитарна култура добиваат доста добри пари, а мали и средни земјоделци кои работат фамилијарно и за себе со субвенциите едвај основните трошоци за нафта ги покриваат а можеби ни толку.
Не си во право, напротив...
Големите земјоделци навистина земаат кумулативно повеќе (пошто имаат поголема површина), ама тие добиваат помалку по единица површина.

Пример, земјоделец со 5 ха ќе земе 100% од предвидената субвенција, а земјоделец со 150 ха ќе земе само 30% од предвидената субвенција.

Според мене, треба да биде обратно. Треба да ги форсираш големите (или да ги натераш малите да се здружат и окрупнат). Само така можеш да очекуваш напредок во земјоделството. Кај нас, еден од големите проблеми, е расцепканост на површините, одн. мали парцели што доведува до високи трошоци и тотална нерентабилност во производството.

Друго, производство на храна, сепак е бизнис. Како и секој друг бизнис, бара инвестиции. Ако сакаш, нели, да си во тек со пазарот и да бидеш конкурентен. Ако не, ќе кукаш дека не ти се исплати...

Пример, пред некоја година, на саем во Нови Сад, продаден е комбајн од цца 400.000 евра. Газдата што го купил имал окулу 350 ха. Нормално дека со таква инвестиција, тој ќе има понизок трошок и помала цена на чинење од нашиве...
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.899
Поени од реакции
4.699

Ич ти нема логика ова што го кажуваш, баш тој начин на субвенционирање е ок да го субвенционираш малиот/средниот повеќе додека стане поголем и независен да не мора да чека субвенции. Ако на 350 хектари ти треба субвенции тогаш треба да смениш професија, ти веќе имаш привилегија што си добил толкава површина под концесија и во комбинација со ипард еу проекти ти е повеќе од доволно.

Во Украина вака како тебе изгледа размислувале па затоа ги запуштија селата скроз и пред војната, имаат мала група тајкуни што обработуваат илјадници хектари земјиште додека другите бегаат од селата и си ја бараат среќата на друго место

Променето е.
Зголемени се само субвенциите.
Производството и понатаму паѓа, а увозот расте...
Ако не се субвенциите до сега ќе имаше 5x поголем пад на производството. Еве годинава поради мрзнењето на овошките ќе имате убава прилика да видите што се случува кога немаш домашно производство, ќе јадете увозни јаболка од 100 денари кајсии и праски по 150 денари итн. Оти имаше порано коментари ако де ќе увеземе, што ако немаме домашно производство..
 
Последно уредено:
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.901
Поени од реакции
6.473
И

Добро, вака нема да пропаднеме за 5 год.
Ќе пропаднеме за 15.
Исти курац...
 
Член од
29 март 2025
Мислења
16
Поени од реакции
34
surplus na akademski obrazovani lica, nepromoviranje na zemjodelieto, nedovolni subvencii, negarantiranje na stokata, lopovi koi shto gledaat shto gledaat shto poeftino i na fori im go otkupuvaat zasadenoto na zemjodelcite, nenormalen uvoz kako i konkurencija = unisteno zemjodelie.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.899
Поени од реакции
4.699
Добро, вака нема да пропаднеме за 5 год.
Ќе пропаднеме за 15.
Исти курац...
И вака состојбата е лоша ама сеуште има шанси да се фати некој последен воз за каква таква стабилизација на производството, да не беа тие субвенции до сега ќе беше буквално потоп не само на земјоделството како гранка туку и демографски во државата. Али ок ќе го развиваме со твојата логика каде што ќе направиме 20 души како Панделевски Камчев да го работат 90% од земјиштето во Македонија, малку му се на Панделевски овие профити што сега ги има па ќе го частиме со уште неколку милиона евра субвенции од буџет

Јас дури и би лимитирал до 100 хектари од земјоделец, бидејки знам еден куп примери и во мојата околина каде што до 100 хектари работеа и инвестираа во земјоделие после кога видоа некој денар повеќе почнаа станови тука и надвор, скапи коли итн
 
Имаш пациент со гангрена на стопало.
Имаш опција да направиш рез. Ама не е популарна...
Другата опција е да го дозираш со аналгетици...И да се залажуваш дека, ете, правиш нешто...Додека не отиде у курац..

ПС. Муабетот не е за гангренозното стопало.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.430
Поени од реакции
5.979
Кај нас во недела има пазарче каде продаваат локални производители, лани купив пипер за ајвар и зелка за зима директно од кај нив, од нива, од локални производители(за цена ми рекоа колку што е на пазарот толку ќе е цената) транспортот мој ама квалитет си купив и сум презадоволен.
ВО темата за маркети ова го зборев. Дека ова е прав тип на бојкот а не некупување 1 ден од маркет, небаре секој ден се иде у маркет.
Ако сакаш да помогнеш на некој и да пратиш порака во оваа ситуација, одиш директно од изворот земаш, дури и по иста цена да му ги платиш они се у поголем ќар, што дополнително допринесува до целиот еко систем.

Не е проблем што немаме знаење, туку што не сакаме да прифатиме знаење.
Прав си. Ма да види, знаењето кошта. Не од аспект да платиш за едукација него да го примениш.
Зборев со холанѓаниве и си бараат производство во стакленици високи 9+ метри, за наши услови и 12 треба да биднат, затоа што благодарение на нивниот земјоделски институт кој уште во 70ти години направил истражување дека производство во овие стакленици овозможува простор за температурна манипулација каде што всушност со одредени техники внатре може да се држи под 30 степени температурата. Спротивно на она што ние го знаеме за стакленик дека стакленик = 50+ степени внатре.

Е сега стакленик од 12 метри со сите детали потребни кошта можеби и х10 од обични наши ниски 2-3 метри високи стакленици. Уште немам направено математика.
 
placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.453
Поени од реакции
3.328
ВО темата за маркети ова го зборев. Дека ова е прав тип на бојкот а не некупување 1 ден од маркет, небаре секој ден се иде у маркет.
Ако сакаш да помогнеш на некој и да пратиш порака во оваа ситуација, одиш директно од изворот земаш, дури и по иста цена да му ги платиш они се у поголем ќар, што дополнително допринесува до целиот еко систем.
Секоја недела преполно е пазарчето со купувачи мора порано да отидеш за да си испазаруваш. Сега нормално кај нас моралот е 0 (нула), одма се појавуваат и прекупци ама мало место, се знаеме и тоа е.
Една од ретко убавите работи што ги направија во гратчето наше.
(А има камиони од нашите оранжерии на 2 локации, секое утро продаваат по многу многу ниска цена карставици и домати, како рефус )
 
Последно уредено:
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.901
Поени од реакции
6.473
Прав си. Ма да види, знаењето кошта. Не од аспект да платиш за едукација него да го примениш.
Нормално. Ама тоа не е трошок, туку инвестиција.
Неразбирање на ова, и неприменување на тоа знаење, е вистинскиот трошок.

Пример, пред 20-тина години имаше период на субвенциониран увоз на млечни крави од Холандија, Германија...Се донесоа многу високо стелни крави. Целта беше да се заменат локалните крави што имаа млечност од 2-3 тона, со високомлечни со 8-9 тона млеко по лактација.
Е сега...тие крави не можеш да ги чуваш без да инвестираш во нив. Таква висока продукција на млеко го исцрпува организмот и не можеш без додатоци од витамини/минерали во храната.
Ама, на наш прост селанец не можеш да му го објасниш тоа. Тој сака да работи како пред 100 години. Трева, трици, евентуално пченка...
Резултат?
90% од кравите што отидоа кај малите производители, пропаднаа...Џабе ангажман на државата, џабе потрошени пари за субвенции...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
21.275
Поени од реакции
17.456
друг проблем со субвенциите е што се во корист само на големите земјоделци по засадена површина и поединци со голем имот кои садат пример тиква дефицитарна култура добиваат доста добри пари, а мали и средни земјоделци кои работат фамилијарно и за себе со субвенциите едвај основните трошоци за нафта ги покриваат а можеби ни толку.
Знам за Субвенции кој немаа врска, субвенции од ЕУ за садење грмушки со лешници, а без ОБВРСКА да се соберат лешниците, некој се наполнија еу пари
 
placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.453
Поени од реакции
3.328
Исто и ова треба да се испочитува...
Сум купувал од многу други ама Органика се најдобри. Плус имаат сорти кои подоцна цветаат за да се избегне мрзнењето. Само желба човек да има, сега оти минува сезоната за садење на се имаат намалување.
 
Член од
21 октомври 2024
Мислења
97
Поени од реакции
368
Знам за Субвенции кој немаа врска, субвенции од ЕУ за садење грмушки со лешници, а без ОБВРСКА да се соберат лешниците, некој се наполнија еу пари
тоа го имаат правено со огромни насади со тиква зимаат субвенции прават куќа со тие пари а тиквата ја фрлаат да скапува.
Затоа и кажав ако сакаме мотивација мора да се зголемат субвенциите за малите и средни земјоделци првенствено на тие што тоа им е примарна дејност како фамилија. Јас ве уверувам дека кај нас семејствата што се бават со земјоделство едвај преживуваат. Профит освен за големите НЕМА.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.901
Поени од реакции
6.473
Сите вие што форсирате субвенции во оваа форма, скарани сте со економска логика. Не разбирате дека се работи за чист популизам. (јас не сум против субвенции, туку како и на кого се даваат).

Прво, буџетот не е (како што повеќето мислат) вреќа без дно. Ако си дал 120 мил евра на земјоделците, тоа значи дека си скратил од здравство, од лекови, операции, инфраструктура, образование и сл. И ако веќе даваш, за очекување е да имаш резултати. Што гледаш дека ги нема...Ок, без нив ќе пропаднеле земјоделците пред 5 год. Вака ќе продаднат за 15....

Проектот е почнат 2004 год. Први плаќања 2007. Имаш 17 год да видиш резултати. Годишно лупаш по 120 мил евра.
1000011421.jpg

За споредба, проектот Чебрен и Галиште бара 500 мил евра.
Имаш избор, (само како пример), да прекинеш 4 год субвенции и да ги направиш централите за струја (знаеш дека ќе имаш долгорочно јааак финансиски бенефит) или да одјебеш производство на струја и да продолжиш да го финансираш ова ( гледаш дека по сите анализи, оди надоле)

Земјоделско производство, вака како што го замислуваат некојси Трајко, Станко, Петко...е нерентабилно. И води во пропаст. Што побрзо се свати, тоа подобро. Ако не сакаат да го сватат, треба да пропаднат. Тоа се ликови кои паразитираат на наша сметка. Немаат никаков развој. Тие купуваат ден за ден. Трајко, Петко, што имаат 3 ха земја со жито, мал трактор од '80 год и крш комбајн што им прави 30% растур, никогаш нема да бидат конкурентни на пазарот. Без разлика колку субвенции ќе им дадеш. Тоа се фрлени пари.

А имаат избор. Може да се здружат 100 луѓе, да направат задруги ( ете, државата и тоа го стимулира со субвенции). Прво, со купување на големо, ќе добијат поевтини цени на сите репроматеријали (семенски материјал, заштитни препарати, амбалажа...). Наместо 100 стари трактори, сеалки, косачки, комбајни...ќе можат да купат современа механизација. Наместо секој од нив со по 3 тона производ, ќе имаат збирно 300 тона, ќе имаат голема преговарачка моќ и ќе бидат сериозен играч на пазарот. Ќе можат да преговараат директно со крајни купувачи, фабрики, ланци на маркети...да прават извоз....
Ама, јеби га...Трајко, Станко и Петко... не сакаат така. Не дека не можат, туку прво, не знаат, а второ, побитно, не сакаат. За нив е полесно да работат како пред 50 год и истовремено да се жалат и кукаат и да бараат уште пари од државата.

На таквите, јас комплетно би укинал субвенции. Или прилагоди се на современ бизнис, или не барај мои пари.
Ок, тука ќе направам исклучоци за некои специфични ситуации, органско или сл што има перспектива...
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.430
Поени од реакции
5.979
Не функционира тоа освен ако не сме фамилијарни тешко да се составиме, нити имаш озбилни луѓе нити па земја голема на куп имаат.
Инаку на запад така функционираат. 4 комшии кои добиле поголеми парчиња земја од државата, ја работат се здружуваат земаат тракторишта и све тоа завршуваат у експресно краток рок.

Тоа е нешто што пробувам да го направам сега, ама од друг аспект собирам неколку луѓе секој специјалист во своја област, практично како старт ап го третирам и да видам дали ќе ми успее. Лошо е само што кога се кик-старташ мнооогу е тешко до финансии. Се даваат субвенции ама мали се, а кај нашиве банки и со бизнис план у рака добар да отидеш се зависи како ќе им паднеш на око за да те исфинансираат.

Клацкалка ми е малце, ама сите се напикавме во ИТ сектор а у ова исто лежат финансии солидни ако се работи како што треба.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom