Емкаа
the worst thing about prison was the dementors.
- Член од
- 14 мај 2008
- Мислења
- 5.083
- Поени од реакции
- 13.061
Која Холандија, Албанија не шиша.Не ни е ни Рајко ни Трајко крив. Немаме најосновно нешто, тоа е знаење.
Баш разговарам со луѓе на оваа тема бидејќи бараме инвестиции на ова поле. Најдов купувачи од странство но истите бараат да се работи по нивен терк.
4-5 производители веќе не сакале да соработуваат затоа што не сакале да користат квалитетни адитиви, да не се користат тешки отрови и неквалитетни кои водат кон канцер како и да начинот на производство, пакување и слично да бидне према западњачки стандарди.
Она што ние го правиме и произведуваме Х количина тука, во Холандија го прават х5. Затоа што се отидени толку напред со технологија и знаење и всушност земјоделието е сведено на наука не на молење Бога да заврне или да не измрзне еве како што се случи вчера. Покољ на овошни насади.
Наместо ниски стакленици користат високи, се користат лед технологии со кои се регулира температурата и циклусите на спиење. Се маневрира со приносот преку одредени техники пред берба. За се ова е виновен земјоделскиот институт кој всушност прави истражувања во реалниот свет и го споделува ова знаење, кај нас факултетот има 15 студенти и 50 професори. Немаат стакленик модерен, од 1950та е истиот.
Значи прво и најсоновно немаме модерно знаење за производство на количини кои ги произведуваат во модерни земји.
Наредно, срање менталитет сме. Не сакаме да соработуваме едни со други, се сопнуваме и слично. И до утре ќе се бистрат политики тука ама џабе е се.
Последно, зошто нема земјоделци, еве од форумов нека се јават 4-5 форумџии да се здружиме со капитал и работна сила па да направиме промена?
Тешко дека 1 ќе се јави
Минатата година вршевме увоз на зелка од Албанија, една класа подолу од домашното производство додека нашите земјоделци ги фрлаа зелките по патишта во знак на протест бидејќи не се постигна договор за цената.