Образложи те молам зошто, сепак за тоа е темава

Инаку делумно се согласувам со тебе. Еве јас на пример од лично искуство сакав да инвестирам во одредена гранка во земјоделието, почнав да купувам земјиште ама повеќе поситни парчиња со цел да окрупнам на едно место да ми биде исплатливо да бушам бунар за вода и сл да биде модерно по сите стандарди. Кога почнав со селаните таму да зборам за трампа/размена на земјиште и слично, еден куп има што не сакаат од татко им им било и слично наместо и нивното да биде поголемо на куп да бидат поефективни и ако ништо друго да има поголема вредност во иднина ако сакаат да го продадат. Ама пак и тука не ги кривам скроз, толку им е интелегенцијата не можеш да очекуваш од човек што завршил 4 или едвај 8мо одделение да размислува далеку. Ама ако државата реши да направи консолидација, од 20 парчиња им ги окрупни на 2 места она го решава проблемот и создава потенцијал за развој во иднина
Ова со расцепканите мали површините по мене е главен проблем, и да сака човек да проба да вложи нешто во старт е саботиран. Не мислам дека треба да има само огромни тајкун површини, ама барем да можеш на едно место 5-10 хектари да биде профитабилно