Зелен картон за излез од земјава со моторно возило ќе се издава со секоја нова регистрација на возилата. Картоните ќе бидат задолжителни и ќе важат за една година. Овие измени во законот за задолжително патничкото осигурување најверојатно ќе профункционираат после нова година.
Наместо досегашната пракса зелен картон да се издава периодично за еден, три и дванаесет месеци за кои цените беа високи, со новиот систем за осигурување се предвидува тој да се добива при секое регистрирање на возилата.
Колку пари ќе изнесува, осигурителните компании се уште немаат информации, но најверојатно тој ќе биде составен дел од целосното патничко осигурување. Неофицијално цената ќе се намали за околу 50 %.
Само Македонија и Албанија се уште немаат воведено ваква пракса за добивање на зелени картони со регистрирање на возилото.
Во сите останати земји во регионов веќе неколку години функционира овој систем за осигурување на возилата во странство. На пример во Словенија годишно за зелен картон се плаќа само 2 евра, во Грција 6 евра, а во Србија околу 44 евра.
Моментално за зелен картон за патничко осигурување кај нас за еден месец се плаќа 40 евра.
За 3 месеци сумата изнесува 60 евра, а за една година 160 евра.
Канал 5