Зелените картони ќе се добиваат со секоја регистрација и ќе важат една година

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.047
Поени од реакции
11.152
Зелен картон за излез од земјава со моторно возило ќе се издава со секоја нова регистрација на возилата. Картоните ќе бидат задолжителни и ќе важат за една година. Овие измени во законот за задолжително патничкото осигурување најверојатно ќе профункционираат после нова година.
Наместо досегашната пракса зелен картон да се издава периодично за еден, три и дванаесет месеци за кои цените беа високи, со новиот систем за осигурување се предвидува тој да се добива при секое регистрирање на возилата.

Колку пари ќе изнесува, осигурителните компании се уште немаат информации, но најверојатно тој ќе биде составен дел од целосното патничко осигурување. Неофицијално цената ќе се намали за околу 50 %.

Само Македонија и Албанија се уште немаат воведено ваква пракса за добивање на зелени картони со регистрирање на возилото.
Во сите останати земји во регионов веќе неколку години функционира овој систем за осигурување на возилата во странство. На пример во Словенија годишно за зелен картон се плаќа само 2 евра, во Грција 6 евра, а во Србија околу 44 евра.
Моментално за зелен картон за патничко осигурување кај нас за еден месец се плаќа 40 евра.
За 3 месеци сумата изнесува 60 евра, а за една година 160 евра.

Канал 5
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.523
Поени од реакции
2.663
Од една страна е убаво за тие што патуваат често надвор ке ти се наплати во регистрација нема да се осети многу али за тие што не патуваат тие ке мораат да плаќаат за нешто што не го користат.Поздрав:)
 

bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362
абе убаво е тоа таман си оде работата
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Само Македонија и Албанија се уште немаат воведено ваква пракса за добивање на зелени картони со регистрирање на возилото.
Во сите останати земји во регионов веќе неколку години функционира овој систем за осигурување на возилата во странство. На пример во Словенија годишно за зелен картон се плаќа само 2 евра, во Грција 6 евра, а во Србија околу 44 евра.
Канал 5
Во Србија НЕ Е влезен зелен картон при регистрација, се вади посебно и кошташе (пред 4 месеци) 12 евра за година дена
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Јасно е дека тоа е европска практика но исто така треба да се погледа дали е за нас исплатливо, бидејќи ако барем половина од колите во државава излегуваат барем еднаш од државава тогаш е во ред , но ако тој број многу помал тогаш е малку е не фер спрема тие што не излегуваат од државава, што знали реално ќе се прават многу повеќе пари до зелени картони него порано.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.047
Поени од реакции
11.152
Затоа и е "измислен" законов, да се собери што повеќе арач. Зошто сега, процентуално, не верувам дека повеќе од 10 проценти од возилата имаат годишен зелен картон во Македонија.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Абе глупости живи... Да ќарат некој денар осигурителните компании... Пример јас имам 3 коли и не ми треба зелен картон за сите 3. Ако ми треба ке си извадам за една. Посекако не одам којзнае каде во странство со колата. А сега вака ке морам да плаќам за сите.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Абе глупости живи... Да ќарат некој денар осигурителните компании... Пример јас имам 3 коли и не ми треба зелен картон за сите 3. Ако ми треба ке си извадам за една. Посекако не одам којзнае каде во странство со колата. А сега вака ке морам да плаќам за сите.
Да ама ако вкупната цена на картоните за сите три коли ко со новиот закон би ја плаќал е помала или иста со досегашниот тримесечен зелен картон тогаш исто ти се фаќа.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Да ама ако вкупната цена на картоните за сите три коли ко со новиот закон би ја плаќал е помала или иста со досегашниот тримесечен зелен картон тогаш исто ти се фаќа.
Знаеш ова АМА колкаво е? Како прво цените на картоните беа премногу напумпани... Како второ цена на 3 месечен картон за кола ако беше 100 евра, за комбиња (кои каде каде повеќе одат низ државите) беше 300. А и не верувам дека ке биде поевтино, пошо реално гледано зелен картон за 1 година не треба да биде поскап од 100 евра. А гарант регистрацијата ке се поскапи за 50 евра. Но, еве и друг предлог. Пр. имам 101 кое што нема шанси да дооди до граница, а да не споменувам дека во Е.У. нема да го примат такво. Што ке ми е зелен картон кога го регистрирам колку да не ме гњават џандарите низ град? Поарно да ми намалат од регистрацијата или што би рекол... Ако сака некој годишен зелен картон, тој да се издава по желба со доплаќање. Така е најправилно.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
тримесечен за компактна класа на кола со 1,4 кубици сега пред еден месец јас вадев беше 5000 денари, сега ако го симант годишно на 2000 тогаш би било добро.
И не бери гајле знам колкавое тоа ама и јас само тука си кажувам прикаски за мали деца.
 

Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6
Да де...некој да речеме од Неготино има скапано пегле некое...мора да го вози...и ќе извадува зелен картон демек ќе оди
надвор од земјата...а за секаде имаме визи (освен србија и албанија како најблиски дестинации...).

Мислам дека ова е убава идеа ама да бидат приступачни цените...како во соседните земји...
 
Член од
15 март 2008
Мислења
24
Поени од реакции
1
Не е вистина ова, новинарска шпекулација. Проверено ;)
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
792
Поени од реакции
327
Fintata e toa sto sega siromasite ke plakaat za bogatite da odat vo stranstvo. Ova ke im se isplati samo na onie koi odat redovno nadvor od zemjata a takvi se mal broj na gragani.
 
Член од
15 март 2008
Мислења
24
Поени од реакции
1
Fintata e toa sto sega siromasite ke plakaat za bogatite da odat vo stranstvo. Ova ke im se isplati samo na onie koi odat redovno nadvor od zemjata a takvi se mal broj na gragani.
Нема ваков закон, и нема да има нареднава година 100%.
Така да дискусијава е непотребна...
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
792
Поени од реакции
327
Banzai da ne si potpisan so istiot nick na koli.com.mk forumot.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom