Јас не се пожалив за нараквицата, во тие моменти најмалку ми беше дојдено со шо ќе ми ја стегнат раката за крв да ми земат, едноставно смеа ме фати на крајот.
Други работи мене ме мачат околу здравството.
Ме интересира некој поупатен да ми објасни за пациент ослободен од плаќање на здравствени услуги, на историјата пишуваше не плаќа ништо, при медикаментозен абортус наплатени се 6000 денари за 4 таблети
Сум слушнала дека тие таблети не се регистрирани во лекарската комора и ги наплаќаат на црно, значи збораме за државна болница.
Еден куп пациентки се жалат дека на сите различно им наплаќаат во зависност колку таблети ќе се искористат, се наплаќа на рака без никаков документ.
Кај живееме во Папа Гвинеја ?
Истото важи и за гинеколозите, зошто за услугите не даваат фискални сметки а наплаќаат кој 300 кој 500 за обичен ултразвук, за брисеви, за Пап тестови, нели секоја жена има право годишно на бесплатен ПАП тест.
За овој проблем знаат од министерството веќе подолго време и проблемот никако да се реши.