Во Универзитетската клиника за радиологија и онкологија, за немилите настани има три работи кои треба да се решат независно, а се поврзани меѓусебе со заеднички кривец, па на крај да се бара политичка одговорност, оти директорите и министерот се поставени привремено со мандат од владеачката структура!
...што ми е поентата, овде треба да има лична одговорност како морален човек, па професионална одговорност како здравствен работник, па одговорност како раководител и директор, па на крај како највисока одговорност за ова афера на онкологија, политичка одговорност.
Ајде од почеток:
„Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, е предложена за претседателка на Анкетната комисија за скандалот на Онкологија. Комисијата за избори и именувањата денеска го утврди составот на Анкетната, претседателот, заменикот и членовите на ова ад хок собраниско тело. Тие потоа треба да бидат изгласани на пленарна седница.
Членови од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се и Антонио Милошоски, Гордана Силјановска-Давкова, Иванка Василевска, Љупчо Пренџов и Петар Ристески.
Членови од пратеничката група на СДСМ предложени Даниела Маркоска, Ненад Коциќ, Мартин Костовски и Марија Георгиевска.
Членови од пратеничката група на ДУИ се Арбен Зибери и Бедри Фазли
Членови од пратеничката група на Алијанса за Албанците е предложен Ремзи Мехмеди
Вака како што гледам како член нема ниеден по професија здравствен работник за болничка проблематика!
и сега која е нивна задача?
„Анкетна комисија во Собранието ќе утврдува дали во скандалот на Клиниката за Онкологија има политичка одговорност на функционери во Владата и на Клиниката и дали на пациентите им биле загрозени човековите права.“
Посмешно и поглупо не може да биде, затоа што одговорност има од доле нагоре по хиерархија на одговорност, главниот на клиничката аптека, главната медицинска сестра, раководителот, директорот и Министерот за здравство кој ги постави истите овие одговорни од редовите на политичките партии, а Министерот е назначен од Власта која е моментално во позиција коалиција на тие партии! Со што чисто и јасно е дека има политичка одговорност.
Е сега, треба ДА СЕ ДОКАЖЕ кривицата,
да се докаже дека биолошкиот лек е заменет со физиолошки раствор,
да се докаже дека истиот се злоупотребувал и се препродавал на црниот пазар или на друг пациент, треба да се докажат погрешните заведувања на пациенти, додадена терапија која пациентот воопшто не ја примил,
да се докаже заведување на умрени пациенти да се оправдат потрошувачката на биолошките лекови кои завршуваат на црниот пазар или во други приватни болници,
да се докажат сомнителните набавки т.е. тендери и фаворизирање на поедини биолошки лекови во име на онколошки лекови кои се попотребни и поевтини за разлика од биолошките лекови во име на фармацевтските фирми,
ете тоа треба Рашела Мизрахи да докаже, за да докаже неправилна работа во име на пациентот, а не тука САМо и ДИРЕКТНО политичка одговорност, па нормално дека ја има кога клучните луѓе се токму политички ангажирани и поставени на тие места.
така да,
ако се продолжи на ваков начин по Нти пат кривите ќе се спасат, а ќе одговара само некоја партија таму што утре ќе се заборави, оти не е само во овој слуучај има политичка одговорност ги има колку сакате, да не ја спомнам пандемијата колку таму се направило со фатални последици на болните, брзо се заборава колку време биле затворени клиниките за хронични болести и пациентот не можел да направи ни преглед, нит испитување, нит терапија во име на пандемија, а да не ги спомувам сомнителните набавки на респиратори, кислородни боци, работа на модуларните болници, антиковид вакцините? се заборави брзо нели?
Државата сама си ги прекршува своите закони, како прво, да не го барам членот во Законот за здравствена заштита за поставување на раководни места т.е. Директори на здравствена институција кој не треба да биде партиски активист, а не пак член на вадеачка партија и тука завршуваме со муабетот.
... револтирана сум дека на онкологија се продолжува со иста шема, несовесно, безобразно!
денес пациентка од јужниот дел на МКД била вратена назад, оти никој не најде за одговорност да го обезбеди онколошкиот лек кој чини само 1000 ден и онака без никаква совест, морал, човечност, ја вратиле болната пациентка за да дојде друг пат, меѓувремено да го снабдат лекот кој го „заборавија“, брука невидена, а овде ќе бараат политичка одговорност, мислам ејјј немаат благе везе, затоа ништо нема да бидне, исто како со Мерко што влакно нему фали бил на Црна листа на САД, јаки м.да!