Здравството кај нас

Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Не се потпишува само ако животот ти е во директна опасност а ти си непресметлива.
Да, тогаш ќе бараат некој близок роднина да потпише ...

Moжеш да умреш од анестезијата и операцијата.
Можев да умрам и од нивна грешка, на пример (при будењето, што замалку и ќе се случеше).
Заштитени се со мојот потпис и од тоа, претпоставувам?
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
Да, тогаш ќе бараат некој близок роднина да потпише ...

Можев да умрам и од нивна грешка, на пример (при будењето, што замалку и ќе се случеше).
Заштитени се со мојот потпис и од тоа, претпоставувам?
Ослободени се од малку веројатна компликација но не и од лекарска грешка. Можат пак твоите да ги тужат за тој случај бидејќи лекарска грешка е кривично дело и неможе да се одбегне одговорност.
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2018
Мислења
17.356
Поени од реакции
19.821
Денеска имаше протест во Битола за Јана, баги луѓе беа излезени. Само во очи боди шо ваквите несреќи ги користат за политички поени, се додека не дојдат на фотелја, после истите тие нема да ги видиш ако се случи некаква трагедија додека се тие на функција, мршојадци бедни и едните и другите.
Сочуство до родителите на Јана, потресно сведоштво на родителите. Еден дечко дури траеше протестот буквално пред мене припадна, близок на фамилијата најверојатно според тоа што можев да приметам.
Сите имаме деца, внуци, пријатели и буквално сочуствуваме секогаш кога ќе се случи нешто вакво оти сите живееме во ова труло општество.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.026
Поени од реакции
12.700
Да се самоцитирам

Знаев дека е починато детето од слепо црево иако во медиумите течеа информации само за гликоза без да спомнат болки во стомачето.

Еве мајката вчера на Сител потврди, јасно е ко бел ден.

Ко ги читам овие наши "експерти" без два грама мозок за размислување, стварно трагедија :facepalm:

Оној па Беќаровски труби студентите што се запишале на факултет биле криви а тој како "даскал" на студентите, како ги обучил и на што ги научил???
Не сфаќам некои работи од видеово.
Ако добро разбрав, родителите сами почнале терапија со антибиотик врз основа на претходно искуство? Плус антибиотикот бил добиен заради патување пред 4 месеци? Значи не е некој наод.
Второ, зошо бе на температура од 37,8 веднаш се даваат парацетамоли?
Не ги кривам родителите за ништо во случајов, но ова се големи системски пропусти, вакви навики на препишување антибиотици за патување, за секој случај, давање антибиотик самоиницијативно, веднаш трчање по болници за банални температури, ова е нешо што од корен мора да се смени.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
Денеска имаше протест во Битола за Јана, баги луѓе беа излезени. Само во очи боди шо ваквите несреќи ги користат за политички поени, се додека не дојдат на фотелја, после истите тие нема да ги видиш ако се случи некаква трагедија додека се тие на функција, мршојадци бедни и едните и другите.
Сочуство до родителите на Јана, потресно сведоштво на родителите. Еден дечко дури траеше протестот буквално пред мене припадна, близок на фамилијата најверојатно според тоа што можев да приметам.
Сите имаме деца, внуци, пријатели и буквално сочуствуваме секогаш кога ќе се случи нешто вакво оти сите живееме во ова труло општество.
Во овој случај можно е да се работи за лекарска грешка и може да одговараат директните лекари никој друг таков е законот.
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
9.164
Поени од реакции
5.751
Да, тогаш ќе бараат некој близок роднина да потпише ...

Можев да умрам и од нивна грешка, на пример (при будењето, што замалку и ќе се случеше).
Заштитени се со мојот потпис и од тоа, претпоставувам?
Докторката ми вели операција е потребна за полип на гласни жици. Ми закажуваат термин, поминувам на сите тестирања (крв, ЕКГ, анестезиолог) и на крај ми даваат да потпишам дека се согласувам да ми направат операција.

Во еден момент си помислив да не потпишам и да си одам. Ако е животозагрозувачка ситуацијата, зошто на препорака на докторката дека МОРА да се извади полипот (да не се претвори во рак на грло, на пример) јас треба да потпишам некаков документ за согласност? Моја согласност е дека сум отишла во болницата на термин за операција, и тоа не е доволно? Од што се штитат докторката и болницата?
Медицинските интервенции, како и согласноста на пациентот вклучуваат правни и медицинско-етички аспекти. Според сегашната судска пракса, секоја медицинска интервенција претставува физичка повреда. Докторите даваат информации, но мора да се земе предвид правото на пациентот на самоопределување кое очигледно има предност пред лекарското мислење. Со вашиот потпис давате согласност дека доброволно се одлучивте за комплексната интервенција при која може да настанат компликации, и од таа страна медицинарите самите се заштитуваат. Ако настане некоја груба грешка од нивна страна, тогаш ќе мора вие самите по судови тоа да го докажувате, што без добар адвокат е скоро невозможно... освен ако немаат заборавено скалпел во телото.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.281
Поени од реакции
9.062
Не сфаќам некои работи од видеово.
Ако добро разбрав, родителите сами почнале терапија со антибиотик врз основа на претходно искуство? Плус антибиотикот бил добиен заради патување пред 4 месеци? Значи не е некој наод.
Второ, зошо бе на температура од 37,8 веднаш се даваат парацетамоли?
Не ги кривам родителите за ништо во случајов, но ова се големи системски пропусти, вакви навики на препишување антибиотици за патување, за секој случај, давање антибиотик самоиницијативно, веднаш трчање по болници за банални температури, ова е нешо што од корен мора да се смени.
Овие работи немаат удел во крајниот резултат. Треба да се смени нешто, да!

Ама апаратура во секое ургентно одделение како ултразвук и обучен кадар за неа, лаборатороја да биде готова за 1 час во секоја болница!

Ако ова го нема, веднаш да се затвори таа таканаречена "болница"
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.496
Поени од реакции
10.400

Оддамна не си бил во Македонскиве контејнери од болници.
Одамна треба клуч на врата.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Медицинските интервенции, како и согласноста на пациентот вклучуваат правни и медицинско-етички аспекти. Според сегашната судска пракса, секоја медицинска интервенција претставува физичка повреда. Докторите даваат информации, но мора да се земе предвид правото на пациентот на самоопределување кое очигледно има предност пред лекарското мислење. Со вашиот потпис давате согласност дека доброволно се одлучивте за комплексната интервенција при која може да настанат компликации, и од таа страна медицинарите самите се заштитуваат. Ако настане некоја груба грешка од нивна страна, тогаш ќе мора вие самите по судови тоа да го докажувате, што без добар адвокат е скоро невозможно... освен ако немаат заборавено скалпел во телото.
Не сум медицинско лице, ама по некоја логика, мислам дека поправилно е човек да потпише ако одбива оперативен зафат кој бил препорачан, а не да потпишува дека се согласил...
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
9.164
Поени од реакции
5.751
Не сум медицинско лице, ама по некоја логика, мислам дека поправилно е човек да потпише ако одбива оперативен зафат кој бил препорачан, а не да потпишува дека се согласил...
Затоа напишав дека слободната воља на пациентот е над докторската препорака, според законот. Во тој случај, сама си ги сносиш последиците.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.281
Поени од реакции
9.062
Докторката ми вели операција е потребна за полип на гласни жици. Ми закажуваат термин, поминувам на сите тестирања (крв, ЕКГ, анестезиолог) и на крај ми даваат да потпишам дека се согласувам да ми направат операција.

Во еден момент си помислив да не потпишам и да си одам. Ако е животозагрозувачка ситуацијата, зошто на препорака на докторката дека МОРА да се извади полипот (да не се претвори во рак на грло, на пример) јас треба да потпишам некаков документ за согласност? Моја согласност е дека сум отишла во болницата на термин за операција, и тоа не е доволно? Од што се штитат докторката и болницата?
Сакаш да кажеш дека друг може да прави со тебе што сака, па ти мораш да одбиваш и да се бориш против тоа?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.831
Поени од реакции
17.059
една вистинита случка од пред 60 години... чичко ми отишол на уролог и му утврдиле дека има камен во бешика и дека мора ОПЕРАЦИЈА... тој се карал, вие сте Касапи... во чекалната имало полно пациенти, по караницата половично се испразнила :cool:
Чичко ми земал да пие чај одТамјан и по 30-40 дена го измочал каменот... пак дошол кај докторот, ама со каменот, пак карање, сега чекалната СКРОЗ се испразнила :icon_mrgr:
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
471
Поени од реакции
462
Си видел ти хипонатриемија???

Пациентите со акутна хипонатриемија предизвикана од пад на Натриумот со повеќе од 10 mmol за 24 часа развиваат невролошка симптоматика после 24 часа до недела дена поради понтална миенолиза. Времето е прекратко за оваа твоја теорија!

Пологично ќе беше да кажеше калиумот, ама калиумот прави аритмија кака вентрикуларна фибрилација која би се манифестирала со нагло помодрување на детето, што тука не е случај, плус било детето ставено на монитор и такво нешто не е установено.
Во право си, хипокалемија е можна еволуција на компликацијата која теоретски настанала со губењето на ацидобазната рамнотежа. Не ја исклучува хипонатриемијата како можна првична компликација. А миенолиза настанува како последица на корекцијата на хипонатриемијата, не директно на неа. Едем на органи и мозок се акутни компликации на неа кои можат да настанат за кратко време, но сепак точно во право си, целата клиничка слика повеќе личи дека се искомплицирала во хипокалиемија, особено ако дале инсулин, што директно предизвикува евакуација на калиумот во клетките.

Баш родителите на снимката кажуваат дека устата и екстремитетите посинеле на крај, не значи ништо особено.

Останувам на хипотеза дека целата слика одговара на компликација на пребрзо пуштање на растворот, погрешно одбран физиолошки раствор со глукоза која не била потребна (или пак уште полошо погрешна употреба на раствор со чиста гликоза без физиолошки), погрешна корекција на првичните симптоми на хиперволемија кои се ископлицирале во пореметување на ацидобазна рамнотежа, едем на мозок и срцево страдање.

Треба да се испита ова за да не се повтори и да се издадат јасни упатства да не се користи гликоза, чиста или во физиолошки, рутински. Такви насоки има секаде во развиените држави и не се користи гликоза рутински за првична рехидратација без хипогликемија.

Ова се извадоци од упатството за гликоза со физилошки.

Screenshot_20230330_000325_Drive.jpg
Screenshot_20230330_000509_Drive.jpg
Screenshot_20230330_000611_Drive.jpg
 
Последно уредено:

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.880
Поени од реакции
20.512
Уште нема резултати од обдукција за детето?
Или додека да го наместат случајов дека родителите се криви, тешко нив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom