Здрави навики и намирници - клуч за здрав живот [општа дискусија]

Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Земи си грутки ѓумбир, сега барем има. Баш тоа сакав да ти напоменам за циметот, еве пример јас имам приметено кога ќе претерам со цимет ми создава афти, затоа и го избегавам, имам слушнато и од други дека го имаат овој проблем.


Ѓумбирот е стварно многу јак, но кај сувиот ѓумбир настанува елиминација на една фукнционална група од главната состојка гингеролот во друго соединение кое страшно лути, гингеролот пак ти е сличен на карвакролот, пиперидинот, тиминот, одличен е за целиот организам.

Јас кога го правам чајот, го варам на страна ѓумбирот, или го оставам преку ноќ во бокал во фрижидер, па после разредувам до одреден волумен се додека не добијам пријатен вкус, онака не би го пиел никад.

Ако го вариш ѓумбирот секогаш ќе ти лути чајот, пробај остави го преку ноќ во млака вода колку да ти држи на прстот, или пак во фрижидер и ќе видиш огромна разлика, баш поради тоа што ти зборев дека гинегеролот се претвора во друго соединение.

Пробај со свеж, ќе видиш дека има поинаков вкус.
Немам проблем со лутината ама штом велиш е поквалитетно рендан, така ќе пробам.
Или леден чај со јаболка и ѓумбир
http://www.mkd.mk/29762/kujna/leden-chaj-od-jabolko-gjumbir-i-nane
ќе треба дефинитивно и вакво нешто да пробам да напраам
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
И ако е органски не значи дека е здраво,само за да биде органски ставаат повеќе пестициди да може да биде органско производство...
Стеф, значи ова органскава храна е пуна пестициди? Шо поише пестициди, тоа поорганска, а?
За кокосово масло има многу бенефити еден од нив е термичкиот ефект и составот на мастите особено тоа што е заситени масти но со различна поместеност на јаглеродните врски.
Фала ти за уште една одлична информација. Дај малце ако сакаш подобјасни како иде ова со поместуењево на јаглеродните врски и бенефитов. Ја таман ќе ги наместам врскиве на незаситени и ќе седнам да јадам, кога оп -- се поместиле у заситени, маме им е*ем. Чаре? Финта?
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240
Немам проблем со лутината ама штом велиш е поквалитетно рендан, така ќе пробам.
Џинџерот најдобро е да го цедиш или да го го пуштиш во соковник.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
S

Stef Bachatero

Гостин
Стеф, значи ова органскава храна е пуна пестициди? Шо поише пестициди, тоа поорганска, а?

Фала ти за уште една одлична информација. Дај малце ако сакаш подобјасни како иде ова со поместуењево на јаглеродните врски и бенефитов. Ја таман ќе ги наместам врскиве на незаситени и ќе седнам да јадам, кога оп -- се поместиле у заситени, маме им е*ем. Чаре? Финта?
Мислев на киселинава :)
http://en.wikipedia.org/wiki/Lauric_acid
http://www.bbc.co.uk/news/health-19465692
 

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Џинџерот најдобро е да го цедиш или да го го пуштиш во соковник.
Како мислиш да го цеди? Нема ништо да се екстрахира така. Се кисне или се вари, тоа ти е исто ко да цедиш морков ништо нема да добиеш, скоро се ќе фрлиш со цедење.
 
A

AnFem

Гостин
тоа иде добро со матичен млеч од тој фанцускиот у зегин шо го има во ампулите :P
Нема да смени вкус?

Или леден чај со јаболка и ѓумбир
http://www.mkd.mk/29762/kujna/leden-chaj-od-jabolko-gjumbir-i-nane
ќе треба дефинитивно и вакво нешто да пробам да напраам
Топ! Давајте овакви рецепти што повеќе. (y)
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240
Како мислиш да го цеди? Нема ништо да се екстрахира така. Се кисне или се вари, тоа ти е исто ко да цедиш морков...
Има цедалки за него или соковник ќе го извадиш сокот исто како и од морков што го вадиш. Прилично доста сок излегува од него а и од морковот ако имаш добар соковник.
Ако го вариш отидоа витаминчињата и ензимите.
--- надополнето: 20 мај 2013 во 23:34 ---
Нема да смени вкус?
Во францускиот има сок од крушка така да мене фино ми искача инаку може да смени ако ставиш повеќе млеч...јас иам нешо фетиш за матичен млеч у задње време па го ставам сегде кај ќе стигнам :D
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.493
Поени од реакции
4.650
Дебелее ли онаа пченка што се продава по маркети во кеса , печена мислам е зачинета знаете за која праам муабет...сакам да знам дали можам да ја јадам, а сум на строга диета
 

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Дебелее ли онаа пченка што се продава по маркети во кеса , печена мислам е зачинета знаете за која праам муабет...сакам да знам дали можам да ја јадам, а сум на строга диета
Пченката е скроб воглавном и растителни влакна. Скробот се метаболизира до пируват, питуватот до масни киселини = дебелее.

Плус пржена пченка, зачинета, ew.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.823
Поени од реакции
2.914
Ако е генетски модифицирана тоа дебелее,а ако е природно органско не верувам дека дебелее .
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.823
Поени од реакции
2.914
скроб си е скроб, било каков дебелее.
Ма тоа да, ама сепак пченката не дебелее туку-така бидејќи едно парче пченка се наситува дури и јас до половина се наситував значи за да се дебелее треба поголема количина на пример 5-7 парчиња и згора на тоа намачкан со путер или насладен со шеќер тоа дебелее :) Значи генерално пченката е идеална замена на леб или било кој што содржи скроб произведени по фабрики .
 

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Ма тоа да, ама сепак пченката не дебелее туку-така бидејќи едно парче пченка се наситува дури и јас до половина се наситував значи за да се дебелее треба поголема количина на пример 5-7 парчиња и згора на тоа намачкан со путер или насладен со шеќер тоа дебелее :) Значи генерално пченката е идеална замена на леб или било кој што содржи скроб произведени по фабрики .
Тоа е точно, ако внесува количини препорачани со дневниот внес, ондак не би требало да има проблем, освен ако нема некој проблем во метаболизмот на шеќерите.

Но најдобар избор е варена пченка, вака пржена не чини.
Варена пченица, пченка се секогаш добар избор, посебно пченица бидејќи во лушпата се содржат ензими и микроелементи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom