Здрави навики и намирници - клуч за здрав живот [општа дискусија]

ZS_

Член од
26 јули 2008
Мислења
5.156
Поени од реакции
211
Чекам ваши мислења. Баш ме интересира, какво е вашето мислње на тоа што треба да јадеме, за бидеме поздрави. А што не треба..
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
а зошто мислиш дека нешто не треба да се јади?
зборувам за јестива храна.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.182
Поени од реакции
34.398
а зошто мислиш дека нешто не треба да се јади?
зборувам за јестива храна.
Зошто има работи кои едноставно не би требало да ги јадеме, или треба да ги избегнуваме што почесто - иако се јадат и се вкусни. Пржената храна на пример. Нутриционистите и оние кои внимаваат на исхраната (повеќе од мене во секој случај) ќе ме надополнат.
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Зошто има работи кои едноставно не би требало да ги јадеме, или треба да ги избегнуваме што почесто - иако се јадат и се вкусни. Пржената храна на пример. Нутриционистите и оние кои внимаваат на исхраната (повеќе од мене во секој случај) ќе ме надополнат.
Све треба да се јади, само зависи во која комбинација, и најбитно во која количина.
пример солта исто битна ко и водата, ама во големи количини убива.
Не мислев за броматолошки неисправна храна, него за јестива.

Ако навлегуваме толку во ситници тогаш сите овие напитоци што се приготвуваат во прашок како цедевита треба да се избегнуваат ради емулгаторите. Тие лесно предизвикваат алергија. исто и пудингот.
После кафето исто треба да се избегнува, највеќе од цел свет на Балканот има заболени од рак на дебело црево само од талогот во кафето, ама и тоа си има позитивни ефекти.
Неможе тукутака да се набројат намирниците што би биле штетни...
Тоа може да се подели во стил на каков начин да се земаат намирниците да би ги искоритиле максимално, пример морковите не ги испуштаат активните компоненти така свежи за грицкање, а се доста здрави обарени...
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Бел шеќер-сахароза и воопшто шеќер во големи количини, рафиниран /хидрогенизиран зејтин, житарки во големи количини посебно пченица, кравјо млеко (пастеризираното е помалку штетно од стерилизираното), аспартам и сите видови хемиски засладувачи.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.182
Поени од реакции
34.398
Бел шеќер-сахароза и воопшто шеќер во големи количини, рафиниран /хидрогенизиран зејтин, житарки во големи количини посебно пченица, кравјо млеко (пастеризираното е помалку штетно од стерилизираното), аспартам и сите видови хемиски засладувачи.
Ова треба, или не треба? Не си јасен :)
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Ова треба, или не треба? Не си јасен :)
Acid, од кога Аспартам треба да се јаде? Знам дека зезаш ама ај нека ти биде, сите тие работи не треба да се јадат :).

Тие се добар лаксатив баш во таа количина, од која причина би биле штетни?
Многу работи се лаксатив ама не значи и дека се корисни и рицинусот е лаксатаив ама не го јадеме :).

Житарките кога секојдневно се консумираат го зголемуваат шеќерот во крвта (посебно скробот) а тоа е доста штетна појава.

Житото кај доста луѓе не се толерира баш најдобро а создава и слуз така да е најдобро да се избегнува.

Дел се мои лични искуста а дел туѓи. На нет има многу баш за овие работи.
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Многу работи се лаксатив ама не значи и дека се корисни и рицинусот е лаксатаив ама не го јадеме :).
е не го јадеме затоа што е пургатив:)
а сливите се лаксатив па ги јадиме.
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
534
Наздраво е да се јаде ,,ребит фуд,, зелечук и сл. ..
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Сметам дека треба се да се јаде во нормални количини.
Убаво е и леб да се јаде, но не 1 кг на ден.
Убаво е и месо, но не да се прејадува и после маснотии.
Убаво е и малку солена или блага храна, не пресолено и не да се претерува со благото.
Се што е во нормални количини е дозволено.

Секако најдобро е овошје и зеленчук да се внесува. И многу течности во текот на денот.
Јас внимавам во умерени граници што јадам. Секојдневно јадам овошје и салата обавезно за ручек. Месо многу сакам, многу (веројатно до крвната група е, лицата со нулта крвна група сакаат месо и не ги дебелее, ете доказ кај мене:)) и гледам што поразновидна храна да јадам.:pipi:
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Што ќе ми дојде, јадем :pipi:
 

bezobrazna

...Paste
Член од
7 август 2008
Мислења
440
Поени од реакции
27
Зеленчук,овошје по можност свежи,а не конзервирани.
Повнимателно со конзумирање на солена и зачинета храна,
Фаст фуд не треба у никој случај,ама само таква конзумирам во последно време.:toe:
Риба треба да се конзумира барем еднаш неделно... и што е можно поразновидна храна...
 
Член од
18 август 2008
Мислења
156
Поени од реакции
14
што треба да јадиме...а што не?
па...и да се направи некаква си класификација на храната... не верувам дека би се придржувале кон тоа.....а зошто е тоа така?.....па затоа што сите си имаме некое омилено јадење....иако на пример, тоа би се класифицирало во забрането за консумирање.....примерот со помфритот!.....сеуште не познавам некој....да не сака помфрит! ....а пак од друга страна.....иако знаеме за некој продукт дека е од голема важност за нашиот организам......ние сепак го избегнуваме.....или ретко го консумираме.....или воопшто не!....примерот со брокулата.....и тоа е тоа.....:toe:
п.с. .......иначе....јас бев вегетаријанка 7 години! ....повеќе не сум
:helou:
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Избегавајте fast food и гледајте барем еден оброк да е течна храна ..... доволно е :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom