- Член од
- 28 март 2006
- Мислења
- 17.725
- Поени од реакции
- 12.156
Немам проблем со лутината ама штом велиш е поквалитетно рендан, така ќе пробам.Земи си грутки ѓумбир, сега барем има. Баш тоа сакав да ти напоменам за циметот, еве пример јас имам приметено кога ќе претерам со цимет ми создава афти, затоа и го избегавам, имам слушнато и од други дека го имаат овој проблем.
Ѓумбирот е стварно многу јак, но кај сувиот ѓумбир настанува елиминација на една фукнционална група од главната состојка гингеролот во друго соединение кое страшно лути, гингеролот пак ти е сличен на карвакролот, пиперидинот, тиминот, одличен е за целиот организам.
Јас кога го правам чајот, го варам на страна ѓумбирот, или го оставам преку ноќ во бокал во фрижидер, па после разредувам до одреден волумен се додека не добијам пријатен вкус, онака не би го пиел никад.
Ако го вариш ѓумбирот секогаш ќе ти лути чајот, пробај остави го преку ноќ во млака вода колку да ти држи на прстот, или пак во фрижидер и ќе видиш огромна разлика, баш поради тоа што ти зборев дека гинегеролот се претвора во друго соединение.
Пробај со свеж, ќе видиш дека има поинаков вкус.
Или леден чај со јаболка и ѓумбир
http://www.mkd.mk/29762/kujna/leden-chaj-od-jabolko-gjumbir-i-nane
ќе треба дефинитивно и вакво нешто да пробам да напраам