Здрави навики и намирници - клуч за здрав живот [општа дискусија]

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Што специфично те интересира ?
Ај да не го тупам, на кратко СВЕ. До сега имам користено ленено семе само, сега сакам да ги пробам: амарантот, киноата, хељдата. :)

Некако ценава им е многу надувана...
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Ај да не го тупам, на кратко СВЕ. До сега имам користено ленено семе само, сега сакам да ги пробам: амарантот, киноата, хељдата. :)

Некако ценава им е многу надувана...
Ако сакаш да пробаш земи али нема некој голем ефект да осетиш.
Нормално на прво место ќе ставиш исхраната па се друго.
Ако мислиш дека е нешто воу за тие пари имаш многу подобар избор.
И ако е органски не значи дека е здраво,само за да биде органски ставаат повеќе пестициди да може да биде органско производство...
 
Тенк ју, така и си мислев.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
100
Поени од реакции
234
Ај да не го тупам, на кратко СВЕ. До сега имам користено ленено семе само, сега сакам да ги пробам: амарантот, киноата, хељдата. :)

Некако ценава им е многу надувана...
Храна со назнака органско не може да има повеќе пестициди. Постојат одредени стандарди што продуктите мора да ги исполнуваат за да ја добијат таа ознака. Меѓу нив се вбројуваат и: без синтетички пестициди, без генетско модифицирање, без одредени вештачки ѓубрива.

Инаку, за овие што ги набројуваш, ако немаш проблем со глутен, јас не би вложувала редовно во нив. Сите се вкусни алтернативи за пченица и слични озлогласени житарки, но цврсто верувам дека на наша почва слободно може да се јаде пченица, соја и слични продукти.

Во принцип, глутенот и сојата не се убијци, тоа се должи на Американската индустрија која мислам дека веќе нема што не успеа генетски да модифицира. Пред 100 години луѓево на наше тло јаделе бел леб, пиеле млеко и готвеле со сончогледово масло и живееле по 100 години.

А ленено семе е стварно добар избор. Јас секое утро јадев овесна каша со лажичка ленено семе (плус овошја и јатки) неколку месеци и мастите и холестеролот никогаш не ми биле на подобро ниво.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.725
Поени од реакции
12.156
Што мислите за микс од 2 л вода, по една кафена лажичка ѓумбир и цимет, една лажица мед и 2 исцедени лимони? Веќе користам (посебно) чај од ѓумбир, лимон во 250 мл вода и мед и цимет во пола чаша вода ама мешавина од сево ова не. Заборајв само за колку време се пие, за ден или два.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.725
Поени од реакции
12.156
Палминото масло дали е поздраво (добро, колку е воопшто некое масло здраво) од сончогледовото или маслиновото? Некои сајтови проповедаат во корист, други на штета на ова масло па земав едно шише. пишува потекло Индонезија, ако е тоа битно
 
Зависи какво ако е црвено од јадрото(kernel) на палминовото масло тогаш е добро и полезно.
Ако е хидрогенизирано како што го продаваат тешко дека ќе добиеш некои полезни дејства.
За кокосово масло има многу бенефити еден од нив е термичкиот ефект и составот на мастите особено тоа што е заситени масти но со различна поместеност на јаглеродните врски.
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Што мислите за микс од 2 л вода, по една кафена лажичка ѓумбир и цимет, една лажица мед и 2 исцедени лимони? Веќе користам (посебно) чај од ѓумбир, лимон во 250 мл вода и мед и цимет во пола чаша вода ама мешавина од сево ова не. Заборајв само за колку време се пие, за ден или два.
Каков ѓумбир користиш? Немој оној во прав, при мелење испаруваат корисните состојки.

Ја така преку лето правам ладен чај од ѓумбир, лимон и мед. Ептен добра ствар, посебно кога ќе фатат жештиниве.

Немам пробано со цимет, ако мислиш дали би си сметале еден со друг, сигурно не си сметаат. Само незнам што вкус би имало. Ај пробај па пиши. :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.725
Поени од реакции
12.156
Каков ѓумбир користиш? Немој оној во прав, при мелење испаруваат корисните состојки.
тој во кесички. Треба да земам за рендање.
Немам пробано со цимет, ако мислиш дали би си сметале еден со друг, сигурно не си сметаат. Само незнам што вкус би имало. Ај пробај па пиши. :)
пробав, има малку гаден вкус заради ѓумбирот, ама се пие:) Работата е што циметот што сум го земал според овој текст не е баш добар (пишува со потекло од Индонезија, треба да е од Шри Ланка). Ништо, засега додека не најдам таков цимет ќе сменам само на рендан ѓумбир (треба да видам на пазар или во некоја продавница), мед и лимон со вода.
 
Земи си грутки ѓумбир, сега барем има. Баш тоа сакав да ти напоменам за циметот, еве пример јас имам приметено кога ќе претерам со цимет ми создава афти, затоа и го избегавам, имам слушнато и од други дека го имаат овој проблем.

Ѓумбирот е стварно многу јак, но кај сувиот ѓумбир настанува елиминација на една фукнционална група од главната состојка гингеролот во друго соединение кое страшно лути, гингеролот пак ти е сличен на карвакролот, пиперидинот, тиминот, одличен е за целиот организам.

Јас кога го правам чајот, го варам на страна ѓумбирот, или го оставам преку ноќ во бокал во фрижидер, па после разредувам до одреден волумен се додека не добијам пријатен вкус, онака не би го пиел никад.

Ако го вариш ѓумбирот секогаш ќе ти лути чајот, пробај остави го преку ноќ во млака вода колку да ти држи на прстот, или пак во фрижидер и ќе видиш огромна разлика, баш поради тоа што ти зборев дека гинегеролот се претвора во друго соединение.

Пробај со свеж, ќе видиш дека има поинаков вкус.
 
Член од
18 октомври 2011
Мислења
166
Поени од реакции
78
Ај да не го тупам, на кратко СВЕ. До сега имам користено ленено семе само, сега сакам да ги пробам: амарантот, киноата, хељдата. :)

Некако ценава им е многу надувана...
Амарант и Киноа има во Биокулт? Да не знаеш колку пари се?
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.751
Поени од реакции
6.697
Чиа има пробано некој?
 
A

AnFem

Гостин
Каков ѓумбир користиш? Немој оној во прав, при мелење испаруваат корисните состојки.

Ја така преку лето правам ладен чај од ѓумбир, лимон и мед. Ептен добра ствар, посебно кога ќе фатат жештиниве.

Немам пробано со цимет, ако мислиш дали би си сметале еден со друг, сигурно не си сметаат. Само незнам што вкус би имало. Ај пробај па пиши. :)
Еве што ќе правам утре

http://www.sitnoseckano.com/sassy-water/
 
Kajgana Shop

На врв Bottom