Ееј добра тема морам да признаам. Се пронајдов себеси, хехех. Значи, најмногу ме нервира и гледам доста често по форумов дека го користат луѓе - ставаат ПРЕ пред зброчето на пример ПРЕубаво, ПРЕчесто, ПРЕдобро... Од кај бре излезе тоа - имаш компаратив и суперлатив, на пр., поубаво, најубаво а тоа преубаво не постои, туку треба да биде премногу убаво, ако веќе толку треба одушевување да се изрази. Не знам ни ја зашто, ама коа ќе го видам ми се крева косата на глава. Ништо друго не ме нервира така како тоа ...