- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.808
- Поени од реакции
- 33.647
Сте слушнале за Wordle? Една од најпопуларните веб-игрички во последниве 3 месеци, креирана од некојси Џорџ Вардл, по примерот на играта Jotto од 1955 и американското телевизиско шоу Lingo. Финтата е во шест обиди да погодиш збор од 5 букви. Играта ти помага во погодувањето со тоа што ти ги обојува буквите кои си ги погодил на точно место со зелена боја, а тие кои си ги погодил, но не ти се на точно место, со жолта. Особено стана популарна на Твитер, каде играчите споделуваат некој вид на emoji-like квадратчиња кои покажуваат од колку обиди и на каков начин си го погодил зборот...
...но никогаш не го покажуваат самиот збор, зашто тој е СЕКОЈ ДЕН ЕДЕН ИСТ ЗБОР ЗА СИТЕ!
По Wordle се појавија уште мал милион слични варијанти на играта: на германски, на шпански, на англиски но со 6 букви, со 7 букви, етно верзија... имаше дури и охридска верзија (истото зборче, само со Т на крајот како шеста буква)...
Но за нас е најинтересна нашата верзија - ЗБОРЛЕ, за која и ја отворив темава. Играта може да ја играте на https://zborle.mk/ , реков - секој ден има ново зборче кое е исто за сите, па така - не го откривајте кое е! Може тука само да споделуваме и да се пофалиме кој е најдобар во погодувањето, кој има најдобар скор, и сл.
Еве го мојот денешен резултат. ^^
Се мислев кај да оди темава, и ја отворив во Уметност, литература, јазик, зашто се работи за игра со зборови. Ако сметате дека треба да биде во друг подфорум, префрлете ја.